Култура и туризам

ДОНАТОРИТЕ ТОШЕ ПРОЕСКИ И БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ (23)

1tos121

1tos121 1tos1212

Посебно место во донаторството на менаџерот Благој Механџиски и на веледрогеријата „ЗЕГИН“, се средствата од хуманитарните концерти на Тоше Проески во износ од 28.000 евра, што на 23 јануари 2003 година, беа подарени на Домот за деца без родители „11 Октомври“ од Скопје. Тогаш, многу хуманост кон децата беше упатена од македонската ѕвезда Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, сопственикот на „ЗЕГИН“, Благој Механџиски, кралицата на ромската музика, Есма Реџепова-Теодосиевска, Ребека и други пејачи. 

Повод за средбата беше доделувањето на средствата кои беа собрани од двата хуманитарни концерта што естрадната ѕвезда Тоше Проески ги одржа пред Нова година, во Универзалната сала. Оваа вредна сума е обезбедена од страна на продукцијата во која припаѓаше тој, „Фајнал кат продакшн“, на компанијата  „ЗЕГИН“, но и големиот број донатори на концертот, вклучувајќи го и бесплатното отстапување на Универзалната сала.

Пред самото доделување на подароците, Тоше изјави дека секој човек има една емотивна и хумана жичка која треба да ја спроведе во реалноста – секаде и секогаш, кога ќе има можност. Есма, пак, нагласи дека е посебно среќна што успева со хуманост да ги зарази сите нејзини следбеници во музиката, оти како што вели таа: „ако имаш две нешта, најдобро е едното од нив да го подариш на оние коишто немаат“. А, сопственикот на „ЗЕГИН“, Благој Механџиски, пак, рече дека само ја продолжува семејната традиција на хуманоста.

Дел од донацијата беше поделена во специјалното училиште „Маца Овчарова“ и во Домот за деца со посебни потреби во Велес, како и за децата од Специјалниот завод во Демир Капија, каде што покрај тие производи беа подарени и четири ортопедски кревети, инвалидски колички и други помагала. Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески, изрази задоволство што сите 20 донатори што се пријавиле кога Тоше го одржа хуманитарниот концерт во Скопје, во декември 2002 година, ги реализирале своите донации.

Во врска со хуманоста на овие луѓе, голема благодарност изрази и директорката на Домот, Галаба Златкова-Гареска, која на директорот на „ЗЕГИН“ бизнисменот Благој Механџиски и менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ им додели благодарници од име на Домот.

„Тоше е најголемата ѕвезда која денес блесна и е во нашиот дом. И досега сме ја почувствувале хуманоста преку вакви манифестации, но овој пат беше нешто навистина посебно, со многу посветеност, бидејќи сите деца беа почестени со свој билет и со свое место. Подадена рака’ е нашето мото и секој којшто нам ни ја подава раката, само ни помага овие деца да ги изведеме на вистински пат, затоа ме радува што од овој дом излегуваат бројни примери на позитивни и корисни луѓе за општеството “ – изјави Гареска.

1dom1

Домот во село Тимјаник

При оваа посета, македонската поп-ѕвезда Тоше Проески и бизнисменот Благој Механџиски, им подарија и телевизор, музички столб, ќебиња, хигиенски пакети, лекови, храна, витамини и облека на децата без родители од Домот „11 Октомври“.

Исто така, на 7 октомври 2003 година, децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ добија помош во облека, средства за лична хигиена, играчки и телевизор, како донација од амбасадата на Франција и веледрогеријата „Зегин“. Донацијата во вредност од приближно 50.000 евра беше реализирана околу Нова година. Во присуство на најмалите штитеници на Домот, донацијата ја прими директорката Галаба Златковска-Гареска.

Во таа пригода, сопругата на францускиот амбасадор, Мари Пјер Терал и координаторката на хуманитарните проекти при француската амбасада, Паскал Робер, ја искористија посетата на Домот да ја најави новата донација со која беа обновени трпезаријата и кујната, а беа набавени и најсовремени кујнски помагала. Сопственикот на аптеките „ЗЕГИН“, Благој Механџиски, пак, после оваа средба отвори фризерски салон во просториите на Домот во кој неговите штитеници можат да го изучуваат овој занает.

Донаторството на Благој Механџиски се покажа на дело и во февруари 2004 година, кога во просториите на НИП „Нова Македонија“ се одржа лицитација на педесет и четири уметнички дела од познати македонски сликари и резбан мебел стар педесетина години, сопственост на Новинско-издавачката куќа во стечај.

На аукцијата беа продадени повеќе од половината понудени слики, а непродадените (меѓу кои беше и резбаниот мебел) беа продадени спогодбено. Најголемо интересирање за понудените експонати пројави сопственикот на „Зегин“, Благој Механџиски, кој купи четиринаесет уметнички дела, меѓу кои беа и сликите на Никола Мартиновски, како „Мртва природа“ (масло на платно, 98,5х128 см) за 5.650 евра; „Мајка со дете“ (масло на платно, 67,5х57 см) за 5.250 евра и „Портретот на Мисирков“ од Димитар Кондовски (масло на платно, 97,5х73) за 5.050 евра.

Кај приватните колекционери завршија и делата на Петар Мазев (масло на лесонит, 65х63,5 см) за 1.450 евра, Коле Манев (масло на платно, 88х115 см) за 820 евра, Глигор Чемерски (масло на картон, 85х63,5 см) за 1.050 евра, Марјан Ризовски (цртеж-молив, 34х47,5 см) за 60 евра… Додека, пак, меѓу непродадените, односно оние кои ќе се продаваат спогодбено по објавувањето на огласот, беа и сликите на Никола Иванов Балтон (масло на платно, 100х100 см), Симон Шемов (графика-сито-печат, 48х63 см). Петар Мазев (масло на платно, 72х177 см), Владимир Георгиевски (188х188 см), Жарко Јакимовски (масло на платно, 80х80 см) и други.

1tos1214

Археолошки музеј на Македонија

Колекцијата што беше понудена на лицитацијата, ја вреднуваше судски проценител, а на аукцијата учествуваа поканети колекционери и историчари на уметноста од Музејот на Македонија, Републичкиот завод за заштита на спомениците и културата и други сродни институции.

Во април 2004 година, пак, на болните жители во Луковица, Тетовско, веледрогијата „ЗЕГИН“ им подари хуманитарна помош. Во конвојот што го организираше весникот „Дневник“, а во кој, покрај „ЗЕГИН“ учествуваа: Ротари клубот, маркетите „Тинекс“ и „Хемофарм“, помошта се состоеше од лекови, храна и овошје за секое семејство во Луковица.

За Никола Петров Русински се знае дека бил истакната личност на националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, бли-зок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери. Автор е на книгата „Прилог кон историјата на Внатрешната македонско одринска револуционерна организација“.

Во негова чест во центарот на Берово е поставен споменик во 2009 година. А, постоењето на споменици во еден град зборува за историските случувања и личностите важни за еден регион. Како град со доста значајни личности во историјата и во чест на еден од најголемите денови во македонската историја „Илинден“, во Берово беше поставен споменикот на Никола Петров Русински на сообраќајниот остров на ул.„Маршал Тито“ во близина на Музејот на град Берово. Споменикот е донација од Благој Механџиски и „ЗЕГИН“, како израз на љубовта кон родниот крај во Малешевијата и благодарноста на добрата соработка со Општината Берово.

Продолжува 

1slave Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top