На прво место

СДС открива „скандали“ во фирми што со години добивале тендери и од нивната власт

Македонска Нација

Македонска Нација

Обидот на СДС преку прес-конференцијата на Јон Фрчкоски да прикаже наводен скандал околу јавните набавки отвори повеќе прашања за периодот кога токму нивната партија беше на власт. Наместо ново откритие, јавноста слушна список на компании кои со години учествуваат на јавни набавки и добивале договори од институции управувани од функционери на СДС.

Јон Фрчкоски, син на еден од најпознатите идеолози на СДС, денеска излезе да брои колку тендери добиле одредени фирми. Но, ако веќе се анализираат јавните набавки, тогаш логично е да се погледне и периодот кога СДС ја предводеше Владата, а нивни министри, директори и градоначалници доделувале тендери на истите тие компании.

Податоците за јавните набавки не се тајна. Тие се јавно достапни преку електронскиот систем за јавни набавки и секој заинтересиран граѓанин може да ги провери.

Станува збор за компании кои со години работат на пазарот, редовно се пријавуваат на јавни повици и добиваат договори согласно условите и најповолните понуди.

Особено е интересен фактот што фирмите што денес СДС ги посочува како пример за наводна спорност, добивале тендери и во времето кога токму СДС беше на власт.

Според достапните податоци, БМБ Архитекти во 2023 година добивала договори од Министерството за образование, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Собранието на Република Македонија, АД МЕПСО, Државна видеолотарија, Општина Центар, како и од повеќе универзитетски клиники и факултети.

Кај МГ Проект, пак, бројот на добиени јавни набавки во периодот на владеење на СДС е уште поголем. Компанијата добивала тендери од општини управувани од градоначалници на СДС, меѓу кои Центар, Струмица, Делчево, Валандово, Богданци, Крива Паланка и Крушево, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и други државни институции.

Оттука, наместо обиди за создавање политички конструкции, од СДС би требало најнапред да дадат одговор како истите тие компании добивале јавни набавки и во периодот кога нивни функционери раководеле со институциите.

Во реакцијата се посочува и дека раководството на СДС треба да даде одговор на прашањата што со години се поставуваат во јавноста, наместо да создава привид на скандали околу процедури и компании кои работеле со државни институции и за време на нивното владеење.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top