Историја

Ферман на Султанот Селим III против корупцијата и злосторствата на битолскиот Aјан

sultan-selim-3

(Април 1803 година)

sultan-selim-3„До уважениот везир, превисокиот мој советник, уредувач на светот… румелискиот валија, кога ќе стигне високиов царски знак нека се знае:

Лицето под име Шатир заде Сеид Селим, жител на Битолската каза, кој полага право на ајанлак, по својата лакомост и корупција уште од 1210 година зема од сиромаштијата на Битолската каза, лично за себе, какви сака суми пари. Покрај тоа, тој стана претприемач на една третина од селата на казата, ги презеде врз себе правата на еснафите и други лица поради долговите на власта за разни набавки од спомнатите еснафи; даноците за издржување на поштенската станица кои паѓаат на селата, чиј е тој претприемач, веднаш ги распеределува и ги  собира, па ги троши за свои лични потреби и недавајќи им ниедна аспра на еснафите ниту на поштенската станица, тој ги јаде и ги троши, со што го предизвикува испустувањето на еснафите и на поштенските станици.

Тој за спроведување на неговата вродена страст прибира кај себе разни злосторници и под разни изговори врши насилства и го глоби населението, со што се нарушува редот и спокојството на сите.

Иако со мојов висок ферман беше забрането ниеден Арнаутин да не премине во Румелија, во времето кога тој беше назначен од бившиот румелиски валија за кајмакам во Битола и кога се установи дека силни и многубројни арнаутски штетници тргнале од своите места со намера да ја нападнат Прилепската каза, колку и да  вложи напори за одбивање на злосторниците, споме-натиов губеше време и го лажеше и го заплашуваше населението, упатувајќи го на спротивни страни, како последица на што разбојниците влегоа во спомнатава каза и се закрепија во неколку села. Исто така, кога требаше да се стапи во борба со разбојниците тој по никаков начин не го дозволуваше тоа, а им ги ограбуваше имотите и покуќнината на населението од селата што беа негови противници, дури едно село го изгоре, со што направи штета.

И сега,  во договор со  штипскиот разбојник, насилникот Јусуф, кого со писма го излага и го натера да нападне, на чело на многубројни разбојници, на штипскиот ајан Алија, и се осмели да влезе во борба како бунтовник, но откако и направи голема штета на сиромаштијата, побегна не можејќи да даде отпор.

Именуваниот нема друга грижа освен правење нереди во спомнатата каза и околните краишта и, правејќи по навика недостојни дела, се ќе упропасти.

Со оглед на тоа ти заповедувам, тебе спомнатиот везир, бидејќи дрскоста на спомнатиот ајан за вакви глобења и испустување на населението е противно на царската ми волја, и бидејќи е нужен услов на правда и правичност да се додели пра-вото, враќајќи им ги на сиромаштијата сумите што по судски пат ќе се установат на товар од споменатиот, да се потрудите да се утврдат земените суми од сиромаштијата, било од годишниот данок, било од разни глоби, да се прегледаат и да се пресметаат  и на судско рочиште во негово присуство и на тие што полагаат право да се установи и потоа тие суми да им се предадат на сопствениците, и потоа вистинската положба заедно со преписите од судските записници.

Според тоа, вие, споменатите везир, мубашир и кадија, кога ќе разберете дека е спротивна на мојата царска волја дрскоста на спомнатиот ајан на ваков начин да го глоби и да го оштетува населението и дека е мое царско барање установените по судски пат долгови на сиромаштијата, побарувани од спомнатиот ајан, токму да се наплатат и да им се предадат на сопствениците,  да побрзате…со ваша помош и по судски пат установените суми како од годишните даноци по распоред, така и оние од други глоби побарувани од сиромаштијата, да се прегледаат и да се пресметаат и во присуство на тужителите и на истиот, откако ќе се установат судски, да им се предадат на сопствениците и потоа вистинската положба заедно со преписот на судскиот за-писник да се достави на царската ми Порта.

Да не дозволувате спротивно на мојата заповед и волја и не согласно со светиот закон, да се поништуваат правата на луѓето…”

Во Константинов град

Напишано на крајот од месец Зилхиџе 1216

(средина на април 1803 год. од н.е.)

Турски документи за македонската историја…,т.И , стр. 119-121;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top