Култура и туризам

ДЕЛОТО „АНДРЕА БРАНОВ“ – ПРВА ДВОЈАЗИЧНА МОНОГРАФИИ ЗА МАКЕДОНЕЦ ОД АВСТРАЛЈА (23)

1scsc1

1scsc1 

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Делото „Андреа Бранов“ на Славе Николовски-Катин е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2001 година, на 222 страници, на македонски и англиски јазик, чиј рецензенти се Фиданка Танаскова и Борче Наумовски. Публикацијата е животна приказна за австралискиот Македонец Андреа Бранов роден во селото Буф, Леринско во Егејска Македонијае Монографијата е еден вид биографско-публицистичко дело и претставува своевидна сага за жилавоста, макотрпението, упорноста и истрајноста на Андреа Бранов чија  судбината е слична или идентична со судбините на голем број Македонци од Беломорска Македонија.

Во делото „Андреа Бранов“ тој е претставен како Македонец со посебни одлики, човек кој и колку и да претрпел удари, да поминал низ разни премрежија, како дете прогонето од родната земја имал и глад и страв, сепак, тој опстојал и  останал доследен како страдалник, како борец за подобро утре.

Подготовката на монографиите за истакнати македонски бизнисмени во Австралија, Америка и Канада е првиот чекор на Катин во оваа насока, кој наиде на одличен прием кај нашите иселеници, бидејќи со овие двојазични изданија се остваруват двојни ефекти: од една страна се афирмира нивниот успех во земјата во која се докажале како успешни луѓе, а од друга, нивните роднини и пријатели во Македонија имаат можност да ги доживеат во поинаква светлина, која го зголемува нивното значење и углед во светот на бизнисот.

Монографијата „Андреа Бранов“ својата прва промоција ја доживеа во Торонто, Канада, во просториите на МПЦ „Св. Климент Охридски“, во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, во 2001 година. По тој повод, истакнатиот македонски академски сликар Ѓорѓи Даневски, ќе нагласи: „Ова дело е лика и прилика за еден иселеник, откорнат од својата дедовска земја, кој, како и илјадници други Ма­ке­донци, е прогонет од Егејска Македонија. Преку него, Катин ни го прет­ставува животот, постигањата, судбината и вистината за Маке­дон­ците насекаде во светот“, нагласува Ѓорѓи Даневски.

Андреа Бранов е сведок на бомбардирањето, на тортурите и на тешкиот живот, на уцените на квазидемократската грчка власт. Тој е Македонецот кој ја изодил и бегалската голгота во 1948 година. Андреа Бранов остана да биде нашиот многу драг пријател, другар, соактивист и патриот, чија голема  љубов и предизвик беше новинарството. Со време ја открил својата дарба и наклонетост кон спортското новинарство, затоа започнал и да соработува со поголем број македонски весници во Австралија и станал прв член на Австралиската новинарска асоцијација. Се чини најголемиот успех во спортското новинарство го покажал на страниците на „Нова Македонија“, „Австралиско-македонскиот неделник“, потоа за „Македонскиот глас“, Етничкото радио и други гласила.

Андреа Бранов е роден во убавото македонско село Буф, Леринско на 13 септември 1935 година и потекнува од чисто македонско семејство од татко Филип и мајка Марија. Патриотското семејство Бранови  се смета дека е едно од најстарите на тие македонски простори. Тој потекнува од фамилија која пуштила длабоки корени во Македонија, Австралија, во Канада и Соединетите Американски Држави и во други земји.

Во 1948 година животната сторија на семејството Бранови продолжува во селото Пишица, Светиниколско. Во тоа полско село Андреа Бранов живеел во времето на колективизацијата. Таму го завршил основното образование  и кога требало да оди во гимназијата во Свети Николе со цел да го продолжи своето образование, семејството во 1951 година се преселило во Битола.

Битола за Андреа била втората љубов. Таму се чувствувал како дома и покрај тоа што на почетокот имал проблеми во животот. Во 1952 година заминал на работна акција на патот што се правел од селото Магарево кон Пелистер, а учествувал и на сојузна акција во Словенија. Меѓутоа, во 1963 година судбината го однесе во Австралија. Имено, уште во 1955 година, братот на Андреа, кој веќе бил во Австралија, подготвил документи за негово заминување  во таа далечна прекуокеанска земја.

Во 1963 година на Андреа Бранов му започнала една нова приказна, на новите простори во далечна Австралија. Уште со самото пристигнување тој се зачленил во Македонската православна црковна општина за Мелбурн и Викторија „Свети Ѓорѓи“, а потоа станал член на управата на тој македонски храм. Во исто време пројавувал интерес на спортски план и станал активен член на фудбалскиот клуб „Македонија“.

Андреа беше многу среќен, бидејќи живееше и сонуваше само за Македонија, за неговото родно село, за детството. Посети многу места во Републиката и одлучи да го посети и Буф. Го виде родното село, нивната куќа и сè она на што се сеќаваше, но му остана само тагата за минатото, зашто не виде сегашност и иднина. Му остана чемер на душата. Го напушти неговиот роден праг со солзи на очите, но и со надеж дека ќе победи правдољубието не само во светот, туку и на овие простори, бидејќи сите ние се раѓаме, прво, како луѓе, а потоа ја понесуваме нашата национална припадност дека сме  Македонци.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top