Историја

Oд симпозиумот на МАНУ, СТО ГОДИНИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ

1rob121

1rob121

М. Кукубајска, Роберт Каплан, Балкански духови – примери за пристрасно игнорирање на Македонија

Во продолжение на својот анти-македонизам, Каплан цитира дел од книга со илјада страници која му ја дале неименувани Бугари „Македонија: Документи и материјали објавени од Бугарската академија на науки“. Каплан коментира со историографска едностраност неодржлива за современата дипломатска литература, несоодветна на архивски материјали од светски институции: „Прегледот на некои клучни прашања разгледувани во овој том на документи за Македонија убедливо покажува дека словенската популација во овој регион е бугарска… Ова е историската вистина, одразена во мноштво документи…“

Откако го ограбува македонскиот народ од неговото нативно, исконско и историско име, а Гоце Делчев го нарекува Бугарин роден во бугарското гратче Кукуш, Каплан изразува про-бугарска нелогична и траги-комична конструкција, сугерирајки дека бугарскиот народ останува да се надева еден ден да си го врати Кулкис (Кукуш) од Грците кои го запалиле, откако на 2 јули 1913 година, за време на Втората балканска војна, бугарското население го напуштило својот роден Кукуш во период кога бугарската војска ја притискала грчката армија сè до морето.

Каплан цитира и неименуван бугарски дипломат кој во Атина, 1985 година, наводно му ја објаснувал во примитивен стил својата приказна за балканската поделеност: „Tи си од Америка и не знаеш ништо за овие работи. Треба да знаеш дека нема Килкис, само Кукуш; и еден ден, откако ќе ги снема и НАTО и Варшавскиот пакт, пак ќе има Кукуш“. Ако се поверува и на хипотезата дека историјата не треба да ја прават само победниците, но и обесправените, на што, според одреден број аналитичари, ја засновал својата социополитичка победа и Барак Обама со неговите етно-демографски и општествени борци за нов светски поредок, тогаш, и негираниот македонски народ во Македонија и светот треба да активира свои агенси за промени, максимално да ги вклучи во правно-политичко, документирано решавање на својата анти-цивилизациска обесправеност.

Не е веќе време за попис на познатите загуби, но се чини време е за обвинувања бидејќи е крајно време за решавачка одбрана на идентитетот, интегритетот и суверенитетот на Македонската нација, историја, култура и јазик. Меѓународна дискриминација, криминално и корумпирано приватизирање и национализирање на македонска нација и држава се европски анти-вредности и светско обезвреднување на човековите права спрема начелата на ОН и НАТО.

Во тој однос книгата Балкански духови е еден од мноштвото примери на тенденциозно, малициозно, политичко-пропагандно новинарство кое си дозволува отворени анти-македонски  импровизации со клучни државни, национални и научни прашања во 20ти и 21ви век, со неколкуте преиздавања на книгата. Жонглирање со такви новинарско-патеписни ставови може да им биде бестселер на неупатени или индоктринирани читатели, но не и литература за сериозно квалификувани и информирани светски авторитети за безбедност, соработка и градење мир во однос на Република Македонија, на регионално и на меѓународно ниво.

Македонија и пред 100 години, како и пред милениуми наназад, била жртва на освојувачи, агресори, окупатори и експлоататори, но се докажувала како отворена земја за добродојдена соработка со другите народи и етнички групи. Македонија и македонците продолжија да постојат. А анти-македонците, кои најчесто биле и од иста, христијанска вера, продолжиле со деконструктивен национализам и експанзионистичка политика кон Македонија. Нивната пропагандна, политичка и воена агресија биле нивна милитантна „религија“, побрутална и од грчката митологија и од бугарскиот азиски паганизам. Така, и покрај обидите на д-р Орде Ивановски во 1990-те години на Каплан да му посочи објективни научно-историски докази за посебниот идентитет на Македонија, Каплан во Балкански духови ја презира експертизата на д-р Ивановски и го опишува како „државен историчар на ФИРОМ“. Каплан одбива да ги цитира ставовите на д-р Ивановски кои не се сложуваат со корумпираните факти против Македонија. Ивановски укажува дека бугарските универзитети, покрај бугарските медиуми, во периодот пред и после Балканските војни, агресивно поткупувале странски автори и професори со цел зад европски и светски имиња да стои бугарската анти-македонска первертирана верзија на историјата на централниот народ на Балканот, македонскиот.  

Каплан се исмева на подадената рака од македонскиот историчар д-р Ивановски, кога Ивановски бара транспарентна и објективна соработка со неговото истражувачко новинарство. Каплан го игнорира македонскиот историчар и изведува произволни тривијални мислења за тоа како некои „Експерти се согласувале дека словенскиот јазик на кој зборувал Гоце Делчев е поблизок до бугарскиот, одошто до српскиот“. За македонскиот јазик не станува ни збор. Научната средина треба да се запраша како Каплан не го консултирал регистерот на светски јазици според кој постои и признаен, автентичен, македонски јазик, вклучен во оние 6.374 јазици, говори и дијалекти во светот, 2012 година, иако тие исчезнуваат побрзо и од повеќето животински врсти.   Анти-македонската пропаганда на Каплан се огледа и во неговото убедување, спротивно и на културно-историските и лингвистичките факти. Според него „додека Делчев бил жив, никој не промовирал таков различен македонски идентитет“.

За Каплан герилците во Македонија финансирани од Бугарија придонеле за распадот на Отоманската Империја и за успехот на револуцијата изведена од младите турски офицери во тој (не именува македонски) дел на Балканот. За Каплан Првата Балканска Војна, од октомври до декември 1912 година, била ослободителна војна за алијансата на Срби, Бугари и Грци, и имала за цел да ја ослободи Македонија од Турците, а не да ја окупира и подели на три дела. Според ваквата негова формулација, ФИРО Македонија ниту има македонци кај соседите, ниту има право на постоење. Но, соседите одново имаат право да ја анектираат преостанатата Македонија. 

Според анти-македонизмот на Каплан, во Балканските војни српската армија одново си го земала (го окупирала Скопје), стариот главен град на Стефан Душан,14 век, а Грците си го земале (го окупирале) Солун. Во Солун 1913 година живееле помалку од 20% грци. Солун е основан од Македонскиот крал Касандер, 4 в. п.н.е, и е именуван по неговата жена, ќерката на Филип II, и сестра на Александар Македонски.

Каплан упорно брани еден од тројцата окупатори на Македонија, Бугарија, земја која ја жали поради недоволно заземена (македонска) територија во однос на Грција и Србија: „Бугарија се нашла исклучена од тој ист регион кој со децении – преку свои дипломати, свои герилци-терористи, и свое јазично влијание, иако често и’ се чинел на дофат да го анектира“. Каплан пишува дека пред и по Балканските војни, илјадници грчки и српски известувачи се натпреварувале во свој интерес да го избришат бугарското влијание во Македонија. Вистината е во суштината дека нивните влади го криеле, бришеле и обезимувале постоењето на македонскиот, а не на бугарскиот народ во етничка и географска Македонија.

Каплан шпекулира: „Како што дезинтеграцијата на Советската Империја под раководство на Горбачов во последната декада од дваесеттиот век е слична со колапсот на Отоманската Империја за време на владеењето на Енвер-паша во првата декада на дваесеттиот век, така политичката трагедија на арапскиот свет од втората половина на дваесеттиот век е слична со бугарската (трагедија) од првата половина (на дваесеттиот век)“. Тоа е Каплановата новинарска жалопојка за Бугарија. Но, обидите на Каплан за историско-политички анализи остануваат научно неодржливи и идеолошки индоктринирани.

(Продолжение III од IV)  

 1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top