Историја

Александар и’ говори на македонската војска

makedon4-240

makedon4-240ФИЛИП ВЕ НАПРАВИ ГРАЃАНИ И ВЕ УРЕДИ СО ДОБРИ ЗАКОНИ И ОБИЧАИ.

ТОЈ И’ ЈА ДАДЕ  НА МАКЕДОНИЈА ТРАКИЈА.  АТИНА И ТЕБА ГИ СТОЛЧИ. ОТКАКО ГИ ПОРОБИВ САТРАПИТЕ НА ДАРЕЈ, ИМ ГИ ДОДАДОВ НА ВАШЕТО КРАЛСТВО ЈОНИЈА, ФРИГИЈА, МИДИЈА, МИЛЕТ. АЈГИПЕТ, СИРИЈА, ПАЛЕСТИНА, МЕСОПОТАМИЈА, БАБИЛОН, ПЕРСИЈА И ИНДИЈА ВАШИ СЕ.

„Јас Македонци, нема да зборувам за да ја правдам вашата желба да си заминете дома, …вие може да одите каде сакате… Зошто Филип ве собра како скитачи и беспомошници, облечени со овие гунчиња, што пасевте по некоја овца во планините, заради кои се боревте со Илирите и  со Трибалите и со соседните Тракијци. Филип ве спушти од планините во долините и ве направи достојни противници на соседните непријатели… Филип ве направи граѓани и ве уреди со добри закони и корисни обичаи. Потоа ве направи господари на истите оние племиња, од кои вие бевте поробувани… И тој иж го даде на Македонија поголемиот дел од Тракија… Потем ве направи господари на Тесалцијите… и откако ги покори Фикидците, минувањето низ Хелада од тесно и непристапно, го направи за вас широко и лесно. Атина и Теба, кои секогаш сакале да ја уништат Македонија, ги столчи толку многу, а и  ние со него веќе во тоа време учествувавме во не-говите маки, што наместо да иж плаќате данок на Атина и да иж се покорувате на Теба, тие од нас требаше да го добијат правото на безбедбност од нас. Потоа тој премина на Пелопонез и таму воспостави ред. И како војсководец, господар на останатиот дел од Хелада, преземајќи го походот против Пер-сија, тој го доби овој нов престиж не толку за себеси, колку за целиот македонски народ…

Сите овие постигнати дела на татко ми за вас… се огромни, но сепак се мали, ако се споредат со нашите… се покренав од земјата што едвај можеше и вас да ве прехрани и наеднаш ви го отворив патот кон Хелеспонт, иако тогаш Персијците беа господари на морето. Потоа, откако ги поробив со мојата коњица сатрапите на Дареј, им ги додадов на вашето кралство цела Јонија, сета Ајолија, Горна и Долна Фригија и Мидија. Милет го зазедов со опсада. Сето друго што го добив преку доброволно предавање, ви го дадов за да ги користите плодовите од него. Сите добри нешта на Ајгипет и Кирена, што ги добив без борба се ваши. Долна Сирија, Палестина и Месопо-тамија се ваш сопствен имот. Ваши се Бабилон, Бактрија и Суса. Богатството на Лидија, трезорите на Персија, добрите нешта на Индија. Вие сте сатрапи, вие сте стражари, вие сте војсководци. Што ми остана мене од овие маки освен пурпуров и дијадемава? Ништо не сум зел за себеси и никој не може, не може да ги покаже моите трезори, освен овие ваши имоти, или она што е зачувано за вас….

Можеби си мислите, додека вие се мачите и страдате, дека јас сум го постигнал ова без маки и без страдања. Но кој од вас се грижел за мене онолку, колку што јас сум се грижел за него? …Зашто нема ниту еден дел од моево тело…што нема лузни. Бев ранет од меч, гради в гради. Бев погодуван од стрели…од катапулт…од камен и дрво, за вас и вашата слава, за вашето добро. Ве водев како освојувачи во секоја земја, по секое море… ако некој имаше долгови, јас не бев толку загрижен…кога добивавте толкави плати и …толкав плен… сите ви ги простив. И натаму, златните венци се спомен за пов-еќето од вас, за вашата храброст и за честа што ви ја укажав, спомен што никогаш нема да згасне… Зошто под мое водство, не побегна никој од вас?

…Но, бидејќи вие сакате да заминете, сите заминете си. И кога ќе стасате дома, кажете им дека овој ваш крал, Александар, победникот над Персијците, Месите, Бактријците, Саките… господар на Партиаја, Хорозмија, Хирканија со Каспиското Море,…кој што ги премина реките…. кој влезе во Индискиот Океан преку обете устија на Индос, кој што ја помина пустината Гадросија…кого што, кога неговата флота отплови од Индија кон Персиското Море, вие го вративте повторно во Суса – кажете им…дека сте го напуштиле, оставајќи им го на грижата на дивите племиња… Тогаш кога ќе го изјавите тоа, тој ќе биде, без сомнение, славен меѓу луѓето и благословен меѓу боговите. Заминете!

Александар заврши и брзо се спушти од говорницата и премина во дворецот… и не го посети ниту еден од  “другарите”… Но на третиот ден тој ги повика избраните луѓе од Персијците и им ја распредели командата над разни боеви редови. Им допушти да го бакнат само на оние, што сега му беа роднини. Македонците, сепак, многу се возбудија во моментот од неговиот говор и останаа во маки… Сепак никој не тргна по кралот кога заминуваше освен неговите лични “другари” и телесната стра-жа… Но кога слушнаа дека за Персијците и за Медите…и дека барабарската војска е распределена по одредите и дека на некоја персиска чета и е дадено македонско име и дека има пер-сиски “пешадиски другари” и…персиски сребреношлемци и пер-сиска коњица на “другарите” и таква кралска чета, не можеа да се воздржат, туку се стрчаа сите заедно кон дворецот и го фрлија своето оружје пред портите како знак за молба кон кра-лот… ако Александар не им се смилува”.

Александровата Анабаса…

Д-р Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ од праисторијата до почетокот на 21 век- Скопје, 2007

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top