Култура и туризам

Ново Село – манастир Свети Антониј Велики

novoselo25

novoselo25Устројувањето на манастирот на Свети Антониј Велики во Ново Село во 2004 година за почеток ги има изградбата на монашкиот конак со усрдноста и непоколебливата истрајност на Струмичкиот Митрополит, и вселувањето на монашката заедница од двајца свештеномонаси и неколкумина искушеници на денот на светото Успение на Преславната Владичица наша Богородица и Секогаш Дева Марија.

Манастирот почива на височинка североисточно од селото и од автопатот. Црквата е посветена на Светиот великомаченик Георгиј. Нејзината изградба во 1995 година претставува очигледен плод на усрдноста на луѓето од Ново Село кон овој Светител, кои пред да ја изградат по предание секогаш во попладневните и во вечерните часови во деновите наспроти неговите празници во голем број притекнувале на ова место, оддавајќи му чест на Светителот. Следниот ден селаните во големо мнозинство оделе да празнуваат на Божествената Литургија во селската црква. Овој благословен обичај упатува дека некогаш во дворот на денешниот манастир на Свети Антониј Велики постоела црква посветена на Свети Георгиј.

На југ од манастирот глетката се простира до врвовите на Беласица. Во непосредна близина спрострено на североисток е езерото Новоселка. Рибниците вградени во него потсетуваат за близината на населението, од кое инаку природен тивок појас го одвојува новоподигнатото монашко живеалиште. Со ретка љубов кон младата монашка заедница верните жители на Ново Село овде пронаоѓаат богодаруван духовен потслон, итајќи да бидат раководени од манастирските отци во полн христијански живот со редовна исповед, благословен пост и причестување со Светите Христови Тајни на светата Литургија. Со страв Божји и непосредна монахољубивост својот евхаристиски живот сега селото го поврзува со богослужењата во Свети Антониј. Во манастирот покрај целодневниот исихастички типик, братството се занимава со доуредување на пространата дворна површина и со вообичаени монашки ракоделија. Евхаристија служат секој ден. Околниот мир и благодатта на воскресението излеана над луѓето и над природата со Христовото Воскресение кое постојано го украсува светот, тука откриваат погодно катче за благословен монашки подвиг.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top