Историја

Протестно писмо од ЦК на ДООМ до Тодор Живков

dragan-bogdanovski

ПРОТЕСТНО ПИСМО  ОД ЦК НА ДООМ ДО ТОДОР ЖИВКОВ:  ПРЕДЛАГАМЕ СОЗДАВАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ПИРИНСКА МАКЕДИОНИЈА САМОСТОЈНА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КОН КОЈА ЌЕ СЕ ПРИСОЕДИНАТ ДРУГИТЕ ДВА ДЕЛА ОД МАКЕДОНИЈА

(јануари-февруари 1976 година)

“Централен комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија

1 декември 1975 година

До првиот секретар на БКП, Тодор Живков, Софија

Другар Живков,

dragan-bogdanovskiЦентралниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија располага со податоци дека бугарската власт во Пиринска Македонија спроведува масовен и голем терор врз македеонското население за да го присили на претстојното пребројување на населението кое ќе биде направено во текот на овој месец да се откаже од својата македонска националност и да се запише во официјалната статистика како припадник на бугарската националност.

Овој нов терор врз Македонците во Пиринска Македонија се спроведува по диктат на Софија, што значи лично од Вас другар Живков, преку партиските, отечественофронтовските, синдикалните и младинските организации, но и со директна полициска интервенција на органите на Државната безбедност. Очигледно е дека овој попис има одредена политичка цел во Пиринска Македонија, со него се сака да се избрише постоењето на македонската нација во овој дел на Македонија. Агитатори и насилници ставени во служба на великобугарскиот нацио-нализам создаваат таква атмосфера која треба да насади страв во пос-ледниот Македонец во Пиринска Македонија за да го присили да се откаже од својата македонска националност. “Во Бугарија нема да има Македонци” – тоа е паролата што бугарскиот денационализаторски режим ја издига сега пред ова пребројување на населението.

Другар Живков,

Денес во грчкиот окупиран дел на Македонија на слични пребројувања на населението Македонците се запишани како “Грци”, а во бивша Југославија Македонците беа запишани како “Срби”, но со ова нешто тие не се откажаа од својата македонска националност. Ние сме повеќе од убедени дека ова ново бугарско денационализаторско насилство нема да може од Македонците да направи Бугари. Ова Ваше насилство другар Живков врз Македонците во Пиринска Македонија ќе остане вечен срам за Народна Република Бугарија и за Вас лично. Во историјата ќе биде за-пишано како комунистот Тодор Живков со нацистички и фашистички методи сака да го избрише постоењето на македонската нација!

Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија не ги признава резултатите од ова насилничко пребројување на населението во пиринскиот дел од нашата македонска татковина и тој ќе го запознае целиот свет дека ова пребројување е само една монтирана политичка фарса која сака од една страна да го збрише постоењето на македонската нација, а од друга да го измами надво-решниот свет како во Бугарија немало Македонци.

Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија во името на правдата и вистината ја повикува Народна Република Бугарија да се откаже од умноболниот бугарски национализам и шовинизам и како за времето на великиот Георги Димитров да им ја признае на Македонците во Пиринска Македонија нивната македонска националност.

Другар Живков,

Во почетокот на 1944 година Отечествениот фронт на Бугарија издаде проглас по македонското прашање, во кој меѓу другото се вели:

“За да се избегнат какви и да било нови историски грешки и за да иж се даде на Македонија едно цврсто успокоение, Отечествениот фронт ја дига паролата “Македонија на Македонците”. Со таа парола ќе му се тури крај на ривалството меѓу балканските држави.

Никаква измена на сегашната расцепканост на Македонија од нејзините непријатели, ниту пак нејзино полно присоединување кон која било балканска држава. Единственото спасоносно решение е целокупна, слободна и независна Македонија. Само така ќе престане да биде јаболко на раздор и ќе се претвори во здрава обединителна алка меѓу сите балкански народи”.

Ова становиште на Отечествениот фронт на Бугарија беше праведно за самиот распарчан македонски народ, кој од векови се стреми за своја самостојна национална држава, а беше полезно за сите три баклкански држави кои ја распарачуваа Македонија, бидејќи со неговото остварување во живот ќе беше отстрането ривалството што постои меѓу нив заради Македонија. Будните Македонски синови знаат многу добро дека Тито кој ја возобновуваше тогаш пропаднатата југословенска држава го одби ова праведно становиште на Отечествениот фронт на Бугарија по македон-ското прашање и со тоа ја обнови криминалната поделба на Македонија. Затоа, ние патриотите и борците на Движењето за ослободување и обединување на Македонија го сметаме Тито за касап на националното единство на македонскиот народ и за гробар на светиот илинденски идеал на македонскиот народ.

Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија апелира на раководството на Бугарската работничка партија (комунисти) и на владата на Народна Република Бугарија да се вратат на становиштето на Отечествениот фронт по македонското прашање кое беше искажано во спомнатиот проглас. Народна Република Бугарија кога (ќе) го отфрли срамниот за него големобугарски национализам и шовинизам, може да му овозможи на македонскиот народ во Пиринска Ма-кедонија да стави темел на самостојна македонска држава – Самостојна Социјалистичка Република Македонија, кон која во згодни историски прилики, ќе се присоединат другите два дела од Македонија. На овој начин Народна Република Бугарија ќе даде големодушен пример на целиот свет за праведно решавање на националните прашања и ќе стекне пријателство кај секој еден Македонец.

ДООМ не е никакво орудие на Југославија или на нејзините измеќари во СРМ, ами е независно и прогресивно движење кое ја продолжува илинденската револуционерна традиција на македонскиот народ, борејќи се за обединета и самостојна Македонија. Затоа ЦК на ДООМ апелира на Народна Република Бугарија да го прифати неговиот предлог за создавање на територијата на Пиринска Македонија  Самостојна Социјалистичка Република Македонија.

Во надеж дека кај раководството на Народна Република Бугарија ќе победи разум и чувство за правдина спрема македонскиот народ и неговиот национален обединителен идеал, примете другар Живков, братски македонски поздрави од членовите на ЦК на ДООМ.

Претседател на ЦК на ДООМ
Драган Богдановски

“Македонска нација”, од  31 јануари-февруари 1976, стр.6-8;

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top