Култура и туризам

Вештици

vestici

vesticiСи седел татко една вечер под еден трем од една воденица во време кај пет и пол саатот  и си пиел тутун. Времето било во мај месец и месечината била зајдена тогај, пред пет декики. Како што си се мислел нешто и си се пулел удолу в поле, видел еден огон од едно село колку три саати скраја, што беше се задал да одит, по еден пат што идел прао кај воденицата. Сопрво огнот го видел колку една силна ѕвезда и колку приближуал кај него, толку се ширел и најпосле се сторил колку една месечина кога ет полна. Отвори се, чинело, на тркало како големата месечина и пак се затворало на тркало, ама се праело мало колку една педа и тогај одело како да летат на ветар и прао идело на татка.

– Де море ал де, – беше со рекол сам со себе – што ќе се чинит ал сега, кај ќе се бега од оваа вештица ѓаолцка!

Беше чул татко ми оти во тоа село сите баби што беа умреле беше се извештачиле, да од тоа беше се уплашил, сторил ниет да бегат некаде. Веднаш не му се вдало, ами беше изваил пиштолот и беше го навртил во вештицата прао, како што идела во него, уште за десет чекори да му дојдит кај татка. Имало јаз што течело вода, до јазот имало една топола и туку беше кршнала вештицата од правиот пат и во тополата се удрил огнот, та беше се изронил сиот, како искри од некој коачки оџак, кога да се креваат наугоре и да паѓаат долу. Така искрите фр, фр, фр, фр си попаднале на коренот и толку – беше си загинала вештицата и татко куртулисал.

– Зер биле собрани ѓаолите на тополата, што ја повасале вештицата и ја парчелисаа – ми велеше татко – и се изрона.

Чекал са ноќ да излезит или да мрднит, ништо немало и така не заспал са ноќ, дури се раздени сосе пиштолот в рака гледал кај коренот од тополата.

-Ете ваквие страои сум видел, бре синко, јас – ми рече – да ти пак не веруај оти има вештици и вапири.

Таласами

Не само вапири и вештици имало некоаш, ами и друзи страшни видуачки. Еве какви нешта видел татко ми, Бог да ми го прости. Кога бил во млади годиње, патуал една ноќ и му бил патот да поминит на едно место кај што имало луѓе отепани и закопани од арамии. Тоа место било таласамлија, не беше чаре чоек што ќе поминел тамо ноќе да не налеит од таласамите. Кога приближал татко ми тамо, му текнало оти ќе врвит на тоа место. Ако беше му текнало од вечер, не ќе кинисуаше за ноќта да му врвит тамо; арно ама беше дошол на местото, тики не беше ни да се врати, ни да одит. Ајде, си рекол на име Божје, ’и понатресол чивте пиштоли, та беше го разлутил коњот уште оддалеку и дошол на местото кај гробиштата. Во еден темен дол, кај што требало на едно место да се врвит, и туку беше му го препречиле пато два вола многу големи, со едни рогои колку еден сажен, очи беа одвртеле како некој ѕверои. Застанал коњо пред волоите, бре терај коњ, неќит да оит, фрчит и назад се враќал и полека-лека волоите фатиле да одат кај него. Друго чаре немало, ами тргнал пиштолите во нив, да што сакат нека бидит, си рекол со умот. Туку откога пукнал пиштолите на волоите, веднаш загинале – и наизлегле ’ртки илје и милје, та кога се раскакале преку него, пред него, зад него, како некој стрели. Уште малку ако беше стојал, очите со нокти ќе беа му ’и изваеле. Господ да чуат и да бранит. Арно ама, беше го пуштил коњо на дизгин и откога откачил од местото и потроа-потроа невиден бист се сторија. За уверуање беше било што обата пиштола беа му се искршиле цевките, да од тоа требало да сет таласами.

– Море да беше ми текнало, бре синко, да бев го рекол: во имја Оца и Сина, веднаш ќе се стореја прав и пепел, ама на страо згора не ми текна – ми велеше.

За фармасоните

Веруаат луѓе оти имало на земњава фармасони што потпишуале луѓе под нив. Тие му даале троа пари на тој што ќе се потпишел и ќе му го земеле лицето на една книга, да ќе да го обесат на ѕидот. Парите тој што ’и имал, ер кај што да ’и даел, пак назад ќе му дојделе. Ако сака некоаш да се одречит чоекот од нивната тебабија, ќе го сетат по лицето што му го имале и ката ден се пулеле по сите лица што имале земени потпишани. Ќе го сетат лицето, чунки ќе се припраело некако и веднаш ќе го шибнат со еден шиш в срце во книгата и ер кај да сака да ет чоекот, ќе си умрел. Велат за фармасоните, ѓо не биле луѓе, ами ѓаоли, за да ’и лажат луѓето, да ’и носат во вечна.

Така во Прилеп имало еден фурнаџија и анџија што го викале Тале Алавантија. Ѓоа тој беше фармасон, чунки в црква ич не одеше.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top