Историја

ЕГЗАРХИЈАТА НЕ ИМ ДАВА СЛУЖБА НА СПОСОБНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ НАЈПОЛЕЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Petar Pop Arsov

ПЕТАР ПОП АРСОВ,  “ПИСМО ОД СОЛУН”: ЕГЗАРХИЈАТА НЕ ИМ ДАВА СЛУЖБА НА СПОСОБНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ НАЈПОЛЕЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Petar Pop Arsov

“Особено од некое време наваму тие (егзархиските чиновници, н.б.) не прават ништо друго освен да им ја налагаат својата власт на Бугарите и на тој начин да го раскинуваат населе-нието. Претставете си дека каде што ќе отиде егзархиски човек, претседател, директор, инспектор и сл., тој бездруго ќе почне да распоредува по свое, ќе го раздели народот на две, ќе обра-зува партии што ќе гледаат да си ги извадат очите и така ќе ги разбрка работите што раководителот наместо да го обединува на-родот, тој го прави спротивното. Тие примери ни се пред очите секогаш.

Истото го прават и директорите, воспитувачите на македонската интелигенција. Дошле за да образуваат, да го подигаат духот на Македонците! Истото го прави и г. Сарафов. Дошол да го воведува својот монархизам во Солун и, како што е познато, тој се обиде да тури се што е бугарско под своја зависност, мислејќи дека Македонците ‘ не се способни” да му го попречат тоа! Што се однесува за во училиштатата, тој успева; таму се станува по негово самоволие. Во самата гимназија нема друго освен робови и слуги на С.(арафов). Овие несовесни, начело со лисицата Н.(аследников), не се интересираат за друго, освен да се шпионираат еден со друг и да му се вмолкнуваат под кожата на С…

Колку зелена тиква бил оној што толку претходно го фалеше во еден весник. Колку знаел какви квалитети треба да има македонскииот деец! Слично прават и скоро сите директори во Македонија.

Кога ги имам пред очите овие примери, нешто ме тера да заклучам дека овие луѓе ја немаат благородната цел за Македонија, дека тие не ги знаат вистинските потреби на нашиот народ и неговите интереси. Забележливо е дека Егзархијата ни натрапува се такви луѓе. Таа ги пади и не им дава служба на способните Македонци, коишто најдобро ги познаваат потребите и положбата на свооите браќа и ко можат да бидат најполезни за Македонија. Таа ги мрази Македонците. Дури и во самата Ег-зархија има едн поп што ништо не работи и којшто не сака пред очите да види Македонец, дури и најпростиот.

Има уште многу да трпиме ако не се заземеме самостојно и ако ги оставиме толку лесно да ни натрапуваат такви раководители, туѓи на нашите народни интереси и потреби и од кои не можеме да очекуваме никаква полза, зашто за да ги за-познаеме вистинските потреби на еден народ, треба да му влеземе во положбата, а овие не го прават тоа.
        .
„Глас Македонски”, II, 5, 23. XII 1894, стр. 2- 3“

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top