Култура и туризам

МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ – ЖИВОТНА СТОРИЈА ЗА ФОЛКЛОРИСТОТ ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (2)

1fol123

1ser1903

Една од  значајните монографии на Славе Николовски – Катин, секако, е публикацијата за истакнатиот маке­дон­ски  фолклорист Георги Томов од Њујорк. Монографијата „Томов“ е луксузно издание на 320 страници на голем формат, илустрирано со бројни фотографии. Рецензенти на ова значајно дело се факултетскиот професор д-р Вера Стојчевска-Антиќ и еден од постојаните членови на ансамблот „Томов“, д-р Кристина Калас.

Оваа значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ Томов и за вистината за неговиот американски ансамбл „Томов“ од Њујорк. Делото е сублимат за дваесетгодишниот труд на околу 250 Американци, кои го афирмираат македонскиот и балканскиот фолклор, македонската култура, тради-циите и вистината за Македонија во САД.

Познатиот историчар и аналитичар на иселеништвото Александар Донски, за промоцијата на 17 мај 2007 година,  истакнал дека во просториите на Домот на армијата на Република Македонија (АРМ), се одржало претставување на монографијата „Томов“, пред големиот аудиториум, меѓу кои биле поглаварот на МПЦ архиепископот Стефан, митрополитот Кирил, поранешниот претседател Киро Глигоров и многу други познати личности од јавниот, културниот и политичкиот живот во Македонија.

Книгата ја претставиле рецензентот Вера Стојчевска-Антиќ, поранешниот претседател на Матицата на иселениците од Македонија проф. д-р Димитар Керамичиев и директорот на Националниот ансамбл „Танец“ м-р Бошко Тренески. Притоа, извонредниот и незаборавен настап на машката група на играорците на „Танец“ со древното оро „Тешкото“ бил примен од присутните со возбуда и одушевување.

Исто така, на триесет и четвртите „Љубански илинденски иселенички средби“ во 2007 година  продолжиле традициите  од предходните години. Тие започнале во „Чивлик“ пред културното љубанско наследство „Воденицата“. Пред големиот број посетители на средбите се одржала промоција на две монографии за македонски иселеници од Америка и тоа: „Светле–Стив Стамевски“ од Детроит и „Ѓорѓи–Џорџ Томов“ од Њујорк, чии автор е Славе Катин.

За делото на Катин посветено на амбасадорот на македонската култура Џорџ Томов од Њујорк, зборувала проф. д-р Вера Стојчевска–Антиќ. За одбележување е тоа што Фолклорниот ансамбл „Томов“ чии членови биле исклучително Американци, кои научиле да играат и пеат македонски ора и песни, во текот на турнејата на Балканот во 1985 година имало значаен и прв настап на друштво од дијаспората на Љубанските иселенички средби.

Монографијата „Томов“ од Славе Катин претставува огледало за познатиот и признат фолклорист, етнолог, кореограф, скулптор, или како често го нарекуваат амбасадор на македонската култура, традициите и вистината за Македонија и македонскиот народ – Ѓорѓи (Џорџ) Томов. Оваа значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ и за вистината за неговиот американски ансамбл „Томов“ од Њујорк.

Монографијата е сублимат за дваесетгодишниот труд на околу 250 Американци, кои го афирмираат македонскиот и балканскиот фолклор, македонската култура, традициите и вистината за Македонија во САД.  Во исто време монографијата „Томов“ претставува овековечување на Фолклорното друштво „Гоце Делчев“ што е во состав на Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ од Сидер Гроув, Њу Џерси, потоа на другите македонски асоцијации, на огромен број личности од македонските колонии, како и на значајни настани и активности на полето на фолклорот, културата и постигну-вањата на национален план на Македонците во Канада и САД.

Во делот насловен како Македонско-американското наследство, дадени се материјали за Македонија од времето на Александар Македонски до денес и за активностите на Македонците во Њујорк и Њу Џерси. Потоа, во делот за животниот пат на Ѓорѓи Томов, поместени се репортажи за родниот град Струмица, за Скопје и за Њујорк, а е претставен и Џорџ Томов како играорец, кореограф, етнолог, вајар. Посебен простор е даден на материјалите со кои ансамблот „Томов“ за настапите е претставен низ страниците на медиумите во целиот свет, почнувајки од „Њујорк тајмс“ до „Нова Македонија“.

Во Петтиот дел во кој е дадено педесетгодишното творештво се вели дека скромниот Ѓорѓи Томов, меѓу другото, е добитник на највисокото американско признание: „Елис Ајланд“, награда за ширење на македонската култура и збогатување на американската историја – признание што го добиле американски претседатели, конгресмени, глумци, пејачи, спортисти, уметници и други видни личности во САД, потоа наградата „Обединети нации“, за неговиот придонес за зближување на народите, како  и многу други значајни награди, пофалници и признанија за фолклорната ризница на ансамблот „Томов“.

Со излегувањето на монографијата „Томов“, авторот Славе Николовски-Катин успеал да го овековечи познатиот и признат Македонец Ѓорѓи (Џорџ) Томов и неговиот американски ансамбл „Томов“ од Њујорк, како и друштвото „Гоце Делчев“ од Њу Џерси. Со тоа Катин успеал од заборав да оттргне една сторија на дел од македонското иселеништво во САД.

Инаку, во порталите „Македонска нација“ и „Македонско сонце“ од Скопје, од монографијата „Томов“ биле печатени четириесеттина продолженија од ова дело, што значеше запознавање со македонските иселеници, особено на културен план.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top