Историја

Кнежински манастир Свети Ѓорѓија

manastir-sv-gjorgjija

manastir-sv-gjorgjijaНекогашниот голем манастир Св. Ѓорѓија се наоѓал во атарот на село Кнежино, над популарното излетничко место Крушино. За човеково присуство има траги од најрани времиња. Уште од првите векови на христијанството тука постоел храм. Подоцна на негово место е изграден нов. Бил величествен, ограден со бедеми. Даруван е како од населението, така и од српскиот Крал Милутин. Со доаѓањето на Турците на овие простори, станува жртва на версакта нетрпеливост. Забележано е дека турскиот велиокодостојник му рекол на еден од монасите на манастирот отприлика вака: „Кога ќе ја пуштам оваа чаша, ако не се скрши нема ни да ви го запалам манастирот…“. Чашата се скршила, а манастирот е запален… Ова се усни преданија на локалното население. Можеби објектот го снемало од лицето на земјата но останал во душата на народот. Така денес во тек се активности за испитување и возобновување на ова духовно јадро!

Досега извршените систематски археолошки ископувања на комплексот на манастирот Св. Ѓорѓија во близина на кичевското село Кнежино, што се реализира во организација на Кичевскиот музеј на видело откри нови значајни историски податоци на животот во минатото кој засега само се насетуваа низ призмата на средновековното книжевно наследство.

Во овој манастирски комплекс откриени се темели на црква од развиениот среден век, изградена врз постар објект од ранохристијанскиот период. Се смета дека станува збор за независен патријаршиски манастир во Кичевско. Откриена е црква во базиликална форма со богат мозаичен под и некропола. Мозаикот со централен простор урамен во мозаична лента кој ретко се јавува во црковните објекти во средновековието исто така е необичен. Таков мозаик има само уште во Вељуса, Струмичко, и во Св.Софија во Охрид.

Во несекојдневните наоди (двете мермерни плочи поставени на подот на наосот на кој се врежани претстави на грифони и лавови…), највпечатлив е сепак фрескоживописот од крајот на 13 и почетокот на 14 век кој како што истакнува археологот Спасевска-Димитриевска, најверојатно е дело на некој од сликарите од ателјето на познатите мајстори од тоа време Михајло и Ефтихиј. Со изградбата на новата црква која е во завршна фаза, ќе се дислоцира црквичката на локалитетот изградена во 1973 година со што ќе им се овозможи на археолозите докрај да добијат одговори на многу прашања. Досега е утврдена некрополата покрај старата црква, но поради раните гробови не се знае за кое време се работи, освен дека се монашки гробови. Од цивилната некропола на северната страна има ретки и различни дарови. Од југ има постара некропола, во неколку хоризонти дури и од четвртиот век, нешто слично на Стоби. Паралелно со археолошките ископувања на овој локалитет кој се очекува да продолжат и годинава ќе се врши и превентивна конзервација – фугирање на ѕидови, подигање на фрескоживописи и слично.

Меѓутоа, додека археолозите перманентно откриваат нови значајни нешта од далечното човечко минато, во последно време се` повеќе локалитети во Македонија се на удар на диви копачи – на трагачи по скриено богатство. „Операциите на се` поголем број диви копачи се забележани и на локалитети во кичевскиот регион. Неодамна неколкумина луѓе биле забележани и во комплексот на Кнежинскиот манастир, но по информацијата на жителите од Кнежино тие исчезнале во непознат правец. Не ретко дивокопачите нестручно ги отвораат и гробовите од минатото. Познат е примерот од некогашните римски гробишта во близина на селото Лешница. Некој, трагајќи по злато ноќе ги “преорал“ гробиштата. Се` уште отворено е прашањето кој ја уништи (прекопа) пештерската гробница под Дарда Кула кај селото Тајмиште. Со право десетината стари жители на Тајмиште ги поставуваат основните прашања на човечкото достоинство на сегашното поколение: што создаваме и што и оставаме на идната археологија? Што и дали воопшто нешто ќе пронајдат кога ќе не ископуваат нас. Дали навистина сме подготвени за своето минато? Дали сме подготвени да признаеме дека тоа секојдневно се менува и дека него можеме да го уништиме подеднакво како и својата сегашност и својата иднина.

Карактеристично за скоро сите стари православни светилишта во кичевијата е што истите се длабоко почитувани и дарувани не само од православните верници, туку и од самите муслимани!

Кичево.мк

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top