На прво место Култура и туризам

Под покровителство на претседателката Сиљановска-Давкова промовирана иницијативата за зачувување и развој на Галичник

Галичник денеска беше домаќин на значаен настан посветен на зачувувањето и идниот развој на едно од највредните културни богатства на Македонија. Под покровителство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на ова легендарно мијачко село, препознатливо по својата богата историја, архитектура и традиција.

Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународни организации, бизнис секторот и локалната самоуправа, претставниците на Месната заедница Галичник, предводени од претседателот Огнен Караѓозовски, ја презентираа визијата за заштита и ревитализација на објекти од исклучително историско, културно и општествено значење.

Иницијативата предвидува активности за обновување и ставање во функција на неколку значајни објекти: вилата „Доста“, Културниот дом, Административниот објект и Галичката фурна, кои претставуваат важен дел од културното наследство на селото.

Во рамки на посетата, гостите имаа можност да се запознаат со дел од најзначајните знаменитости на Галичник, меѓу кои традиционалната галичка куќа „Филиповска“, црквата „Свети Петар и Павле“, куќата на Ѓорѓија Пулевски и црквата „Света Петка“. Посебен акцент беше ставен на Галичката свадба – една од најпрепознатливите и највредни културни манифестации во Македонија.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека Галичник не е само музеј под отворено небо, туку живо сведоштво за македонската историја, традиција и духовност.

„Неговото наследство живее во камените куќи, во црквите, песните, обичаите и во спомените на генерациите кои постојано му се навраќаат. Секој вложен напор во Галичник е вложување во нашето заедничко културно наследство и во иднината на државата“, порача претседателката.

Таа ја поздрави иницијативата на Месната заедница Галичник и повика на пошироко партнерство меѓу државните институции, локалната самоуправа, деловната заедница, иселеништвото и сите љубители на културното наследство, со цел да се обезбеди долгорочна заштита и одржлив развој на селото.

Според неа, зачувувањето на Галичник не претставува само грижа за минатото, туку создавање цврста основа за идните генерации, покажувајќи дека традицијата и современиот развој можат успешно да се надополнуваат.

На крајот од настанот, Месната заедница Галичник ѝ додели посебно признание на претседателката Сиљановска-Давкова за нејзиното покровителство, поддршка и личен придонес во афирмацијата на Галичник и Галичката свадба, како и за поддршката на иницијативите насочени кон зачувување на културното наследство и развојот на селото.

Најново од: На прво место Култура и туризам

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

To top