Историја

Реканско Галички војводи

Ivan Dukov Goleshevo IMARO

Ivan Dukov Goleshevo IMAROИван Дуков Пендаровски

Реканско Галички војводи

Максим Ненов

Роден во 1972 година во селото Тресонче, по занаeт иконописец. Во 1902 година тој се откажува од својата професија да црта икони, ја фрла четката и ја зема манлихерата за да биде борец за својот роден крај. Истата година влегол во четата на Наки Јанев – реонски војвода и на галичко-реканската околија.

Во пролетта 1903 година Максим Ненов бил наговорен од галичкото реонско началство да дојде во Софија и организира една голема чета од галичани и реканци, да се врати во родниот крај за да има и нашиот крај една поголема чета и да земе учество во востанието. Максим Ненов ја исполнил својата задача – организира една голема чета во соработка со таа емиграција и се упатил кон својот роден крај. Но за несреќа на 29 мај 1903 година, четата била откриена од турската војска и по жестока борба со големи жртви на противникот, e убиен војводата Максим Ненов и неколку четници во месноста Голека Планина на врвот чавките.

Песна за смртта на војводата Максим Ненов

Зората се зазори,

сл’нцето изгрева,

караулите свират

на Максима говорат:

– Стани, стани Максиме,

потера те сардиса,

потера малешевска!

Засвиреа куршуми,

загрмеа мауѕери,

удариха Максима

в лева страна по срце

и по него Петрета.

Јован Крстев Терзиев

Роден е во 1879 година во село Тресонче. Тој зема најживо учество како курир во кичевско-галичко-реканскиот реон. За време на една инспекциска служба на Даме Груев во селото Селце, со другарите како обезбедување на Даме Груев и неговите другари, Јован бил предаден од Зоге Мавровецот на турскиот аскер. На барањето да каже каде е четата тој одбил, велејќи дека ништо не знае. Потоа бил подложен на најужасни ѕверски мачења, но ништо не издал. Му биле извадени очите, му ја откинале едната рака, по што бил убиен од аскерот. Тоа се случило во 1904 година, есента. Така Јован загинал во страшни маки без да го издаде Даме Груев и ја зачувал четата на галичко-реканскиот крај.

Кумрија Андреева

Родена е во 1872 година во с. Тресонче. Била постојана курирка во кичевско-галичкиот револуционерен реон. Како курирка, најсовесно ги исполнувала наложените задачи со што ги одржувала во постојана врска четите со легалните начелства во реонот.

Во 1913 година, кога Србите го окупирале овој крај, била насила извлечена од куќата, на полноќ, со врзана уста, а потоа била соблечена гола пред црквата Св. Петар и Павле во селото Тресонче и најжестоко мачена по што била убиена и фрлена во една провалија. Трупот и стоел непогребен три дена за да ја јадат кучињата.

Иван Дуков Пендаровски

Роден е во Галичник во 1863 година, по занает бил овчар. Во август 1902 година по наредба на комитетот, заминал за Софија со другарите Трајче Атанасов и Владимир Милчинов (првиот од Галичник, а вториот од Прилеп), со задача да минат низ Србија, Австрија и оттаму во Албанија за да бидат од помош на ВМРО при борбите во овој крај.

Предадени на турските власти од непознато лице, во Тирана биле затворени и ставени во тешки пранги. Потоа биле испратени со силно обезбедување во битолскиот затвор. Таму Иван Дуков останал цели три години, по што бил пуштен на слобода.

По Илинденското востание, како војвода бил на услуга на галичко-реканската револуционерна организација.

Умрел во 1917 година.

Јован Трпков Гиноски

Роден е во 1960 година во Галичник. По занает бил мајстор пртетприемач. Бил реонски начелник на галичко-реканската околија до 1 јули 1903 година.

Какао реонски начелник и организатор на галичко-реканскиот револуционрен реон тој се покажал како голем организатор и многу тактичен во своите дејства.

На 16 септември 1913 година бил убиен во Дебар на најѕверски начин од страна на Србите.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top