Култура и туризам

ИЗЛЕГОЈА ОД ПЕЧАТ КНИГИТЕ „МЕТОДИЈА АНДОНОВ-ЧЕНТО“ ОД ФИДАНКА ТАНАСКОВА

1cen1

1cen1 

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј уредник е Душан Ристевски – Македон излезе од печат второто издание на делото „Методија Андонов-Ченто“  на македонски јазик и изданието на англиски јазик од Фиданка Танаскова, чиј превод е на Ристо Стефов од Канада.

На првото издание на делото „Методија Андонов-Ченто“  на македонски јазик чиј автор е Фиданка Танаскова е издавач „Нова Македонија“ во 1990 година, а на сегашното второ дело е издавач Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Публикацијата е отпечатена на 200 страници и е илустрирана со голем брог фотографии од животот  и делото на Методија Андонов – Ченто. Англиската верзија на делото „Методија Андонов – Ченто“ од Фиданка Танаскова, пак, е превод на второто издание на познатиот Македонец од Канада, Ристо Стефов. Оваа публикација е отпечатена на 150 страници и, исто така, е илустрирана со бројни фотографии.

Овие дела се посветени на страдалникот за обединета Македонија –  Методија Андонов – Ченто, македонскиот  национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ – Ченто, кој се именува и како прв Претседател на Македонија.  

Според историските факти кои се наведени во делата за Методија Андонов – Ченто е забележано дека тој уште од својата младост ја бранел македонската национална кауза. Учествувал на изборите во 1935 година, како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. Иако добил најмногу гласови, сепак поради државната манипулација со изборниот систем, Ченто не бил избран за пратеник. Неговиот прв судир со српските власти бил кога во 1940 година, како организатор на Илинденските демонстрации во Прилеп, бил затворен.

Поради своите залагања за воведување на македонски јазик во наставата во училиштата, повторно бил затворен во затворот Баина Башта. Бил осуден на смрт, но бил ослободен во последен момент на 15 април 1941 година. Пред Втората светска војна, бидејќи бил многу почитуван во прилепската чаршија, бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот од 1935 до 1940 година бил претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје. Тука повторно дошол во конфликт со српската власт, велејќи дека Македонија треба да се остави на Македонците и дека тие од неа ќе направат развиена економска земја. Ваквите негови изјави биле пренесени во Белград и оценети како сепаратистички и автономистички.

Во почетокот на бугарската окупација, пак, Ченто, како и многу други Македонци, добил покана да соработува со бугарската власт. Тој оваа покана ја одбил и започнал соработка со Македонското движење за ослободување на Македонија. На иницијатива на Кузман Јосифовски – Питу, Ченто се приклучил на Народноосободителното движење на Македонија.

Исто така во воведот на овие дела се вели дека животна драма на Методија Андонов – Ченто во средината на минатиот век долго беше покриена со мистика, со заклучени архиви и тајновит молк. Тоа биле времиња, настани и сценарија, кога некои личности биле директно прозвани и сместени на листите на неподобните и предавниците, други биле спроведувани во занданите; а режисерите на тие настани и драми биле триумфални победници и добитници.

Не можеле да го избришат тоа, дека достоинствениот и храбар Ченто марширал во првите ешалони на смелите и непокорни воини и дејци во битката за слободна и обединета етничка Македонија и дека постојано се борел за посреќна утрешнина на својот македонски народ и својата македонска земја.

Таа визија, неотстапност и посветеност, Ченто скапо ја платил. Беше деградиран, заплиснат со тешки обвиненија и на монтиран судски процес осуден како најголем непријател и душман, на тешки затворски години и однесен во занданите каде над пет години ги поминал во самица и целосна изолација. Бил  нарекуван неподобен, сепаратист и противник  на режимот. Му припишаа и дека бил предавник, шпион, автономист и соработник со непријателите и со странски сили. Ред до ред уривачки квалификативи со кои тогаш, го збришаа од историската сцена.

Во 1946, кога се подготвувал првиот устав на Југославија, Ченто поднел амандман, со кој се залагал за самоопределување на републиките до отцепување во заедничката федерација, што одекнало како вистинска бомба. Својата Македонија, тој во визиите и во битките ја гледал како  суверена обединета  држава на балканските простори во јужните поли од Европа.

Тогаш  властите објавиле во Собранието  тешка лажна конструкција, дека Ченто бил уапсен на граница, додека сакал да бега од Македонија. А вистината е дека бил уапсен на 14 јули 1946 година, едно рано утро во неговиот семеен дом. Сета таа наместена драма, сета таа тажна одисеја и долгите затворски години, од кои педесет и девет месеци бил сосема изолиран зад решетки, го уништиле неговото здравје. Во Прилеп е роден 1902 година и во Прилеп  починал 1957 година.

Во овие над триесетина изминати години од објавувањето на книгата насловена како „Методија Андонов Ченто“, во издание на Новинско издавачката куќа „Нова Македонија“ во Скопје, па до оваа 2022 година, кога во Сиднеј  делото излезе и на англиски јазик, што беше одамнешна намера и желба, значи, во изминатите три децении вистината излезе на виделина. Конечно беше  рехабилитиран  првиот претседател на слободна Македонија. Одржан е научен симпозиум за неговиот живот и дело, подигнати се споменици во Скопје и Прилеп, одликуван е со орден на Република Македонија од претседателот на државата, а имаше и други манифестации во чест на  претседателот Ченто.

Инаку, авторот на овие дела Фиданка Танаскова е докажано и респектирано новинарско име, бидејќи станува збор за долгогодишен висок професионалец во дневното и истражувачкото новинарство, познат проследувач на многу општествено-политички настани во Република Македонија и исклучително респектиран хроничар на низа македонски иселенички средини на неколку континенти во светот.

Во изминатите педесеттина години колку што е во оваа професија, Танаскова остава бележити траги во македонскиот журнализам меѓу другото и со храброто зафаќање на табу-теми од македонското поблиско и подалечно минато и со истражувачкото проникнување за дел од настани и личности кои ја испишувале македонската вистина во различни временски периоди, на различни места и со различни поводи и причини. Исто така, бил објективен нејзиниот пристап во проследувањето на многу општествено-политички и други најразлични случувања дома, во Република Македонија, и среде иселенички колонии на различни меридијани.

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ е издавач на делата за Методија Андонов – Ченто. Тоа е една од најзначајните македонски асоцијации во Сиднеј и пошироко како прво литературно друштво од таков вид во дијаспората. Друштвото беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата.

Како орган на Македонското литературно друштво „Григор Пр­ли­чев„ неодамна започна повторно да излегува списанието „Повод“, кое е едно од најзначајните македонски гласила. Тоа е прво македонско списание во Австралија и един­стве­но од таков вид во иселеништвото. Душан Ристевски беше првиот избран претседател на Друштвото, во кое денес се зачленети десетици познати и признати Македонци од сите делови на Македонија кои се вљубеници во убавиот македонски литературен јазик, во поезијата и прозата, во публицистиката, новинарството и во зближувањето на македонските доселеници во демократска Австралија..

Пишува: СЛАВЕ КАТИН  

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top