Историја

Фракции на Македонската револуционерна организација

Sandanisti IMARO

Sandanisti IMARO

Радикално – реформска струја, Левица или Демократско-реформско крило [1] [2] е струја или крило на Македонската револуционерна организација која се појавила по Илинденското востание. Поистакнатите преставници на ова крило биле Пере Тошев и Ѓорче Петров, а како нејзини фракции егзистирале Серската група на чело со Јане Сандански и Струмичката група на чело со Христо Чернопеев.

Нејзините ставови биле јасно изразени во Директивата за идната дејност на Организацијата, таа биле изработени од страна на една комисија во која влегле Димо Хаџи Димов, Димитар Мирасчиев и Димитар Стефанов.

Директивата преставува прва пишана програма, политича декларација за карактерот, структурата и целите на Македонската револуционерна организација.

Во Директивана биле утврдени голем број на внатрешни и надворешни прашања. Во поглед на внатрешното устројво на самата Организација било истакнато дека: таа треба да биде поставена врз демократски и децентрализирачки принципи, во поглед на надворешната дејност било потенцирано дека треба да се работи за оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација, затоа да се агитира врз меѓународна основа и да се неутрализираат пропагндите, обединување на неселението во Македонија околу идеалите на Организацијата со што ќе се острани опасноста од поделба на Македонија од страна на балканските држави [3].

Со оваа Директива биле поставени и зацврстени ставовите на Реформската група и таа врз основа на Директивата во иднина дејствувала, притоа дошла во судир со останатие дејци на Организацијата кој не ги прифатиле тие начела и се одвоиле во посебна групација залгајќи се за старите принципи на централизација и автономија.

Нивен главен противник била конзервативна струја, во почетокот таа била подржувана од самиот Дамјан Груев [2] , а главни нејзини преставници биле Христо Матов и Христо Татарчев. По Илинденското востание, Реформската група токму со оваа струја ќе се судри и ќе започне борба, во почетокот преку дијалог, а подоцна и преку воружени престрелки, каков да биде идниот пат на Организацијата, односно борба за контрола на самата револуционерна организација.

Судирот бил јасно видлив за време на Рилскиот конгрес кога двете струи се судриле. Христо Силјанов истакнува дека новоусвоените акти на Конгресот биле компромисно решение меѓу двете групации: со чуствително наклонување на лево [2].

Оваа реченица на Силјанов ќе допринесе во историската наука да преовладува мислењето дека на Рилскиот конгрес преовладале принципите на реформската струја иако самиот тој истакнува дека бил постигнат компромис.

Главни преставници на реформската струја на Конгресот биле Пере Тошев, Ѓорче Петров и Јане Сандански, а тие се судриле со Даме Груев кој бил подржан од Аргир Манасиев, Борис Мончев, Лазар Маџаров, Стамат Икономов [2].

На Рилскиот конгрес, Серчани и Јане Сандански отворено го нападнале Борис Сарафов барајќи одговорнност за кревање на Илинденското востание, негов единствен бранител бил Ѓорче Петров, а на крај обвинението било отфрлено затоа што за изненадување на многумина Сандански рекол дека треба да има помирување и опростување со што ги пресекол сите понатамошни обвиненија, а во тој дух настапил и Ѓорче Петров по што Конгресот изгласал општа амнестија за сите.

Според бугарскиот историчар Димитар Атанасов и покрај општата амнестија, било извршено тајно советување на Серчани во Рилски конгрес и била донесена смртна пресуда за Даме Груев, Борис Сарафов, Иван Гарванов и Христо Матов, а тоа решение добило поткрепа од Ѓорче Петров, Пере Тошев и Петар Поп Арсов [4], треба да се истакне дека оваа веројатност е можна но сѐ уште во историската наука нема согласнот и ова прашање за смртната пресуда и понатаму е отворено.

Рилскиот конгрес и покрај тоа што донел компромисни решенија [2], страстите во Македонската револуционерна организација продолжиле, а судирот се продлабочил уште повеќе. По смрта на Даме Груев предевидениот општ конгрес не се одржал, според некој токму Реформската струја односно Серската група го оневозможила одржувањето на општиот конгрес но било јасно дека разликите и недоразбирањата биле преголеми за да се дојде до некое решение.

Кулминација

На 10 октомври 1907 година Јане Сандански го наредил убиството на војводата Михаил Даев, близок до конзервативното крило. На 28 ноември, Тодор Паница по нарeдба на Јане Сандански ги убил Борис Сарафов и Иван Гарванов, а Христо Матов закаснил и се спасил. На Ќустендилски конгрес, Серската група не била поканета и под претседателсво на Христо Матов, Санданистите биле осудени на смрт. Во мај истата година се одржале конгрес на Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ во Банско, при што биле потврдени веќе постојните начела и принципи на Реформистите.

Легализација и поделби

Реформските дејции, првенствено оние околу Јане Сандански, решаваат да ја напуштат воружената борба како средство за постигнување на целта и решаваат да се легализираат и својата борба сакале да ја продолжаат низ институциите на Османлиската империја, односно преку легална дејност.

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top