Култура и туризам

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ КАКО СУДИЈА НА РАКОМЕТНИТЕ НАТПРЕВАРИ (16)

1mice32

1mice32

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Силјан Мицевски-Циле бил делител на правдата во сите лиги, од градските до републичките, сојузните и, секако, на меѓународни натпревари. Така, кога на предизвик му се парирало со предизвик, тогаш самосвојно се компонирале желбите и предизвиците.

Според неговите зборови, тој судел и бил многу правичен за да го избегне ,,репертоарот” на публиката кога делителот на правдата е пристрасен и навивачки настроен. Меѓутоа, многу настани се случиле во тие ракометни години на клубските успеси и падови. По некое време, на пример, кога ракометните лиги биле поделени на зони, ,,Пелистер”, поради низа причини и состојби, испаднал од втората лига. Испаднал, ама никако не мирувал.

За да застане на здрави нозе и да продолжи во новоосвојувачките лигашки походи и позиции, го замолиле Силјан Мицевски да се врати во Клубот. Тој имал доста резерви од познати причини, но од срце сакал да помогне. Затоа, решил и отишол во контролори и тоа во сојузната елита. Така, почнал да биде на столчињата кога се одвивале натпреварите во најмоќното натпреварување на Првата југословенска ракометна лига.

Како резултат на неговото добро работење на еден турнир во Љубљана бил прогласен за најдобар судија, на некои други добил многу комплименти во медиумите, за што добил корпус признаници, дипломи и пехари. И покрај неговата скромност и одбегнувањето да зборува за да не биде сфатен како фалбаџиство, факт е дека делата зборуваат за неговата втора љубов – ракометот.

Дури 12 години, речиси, бил незаменливо име, авторитет кому зборот му тежел, а гласот бил пресуден во ракометниот сојуз на Југославија. Затоа, со право може да се каже дека недвосмислено во ракометната пирамида имал неизбришливо место и тоа е дел од хронописот на овој спорт, но тоа е и дел од неговиот живот. Не напразно се велело дека Силјан Мицевски е ,,ракометен пациент”. Или бил на работа, или бил на ракомет. Се борел лавовски и помагал максимално за својата градска гордост ,,Пелистер”.

Кога отпаднале своевремено од Првата лига, ,,Партизан” од Бјеловар и ,,Пелистер” од Битола, тогаш Мицевски досетливо и борбено до ,,последната капка пот”, упорно го наметнал ставот дека мора да се одигра мајсторка, па кој ќе победи тој ќе остане во друштвото на најдобрите.

Каква била таа трескавична борба, стратегија и вложен максимум! Какви сî не егзибиции биле направени, какви се’ не контакти и лобирања направенил тогаш Циле Мицевски. Мислата и целта биле едно – ,,Пелистер” мора да успее во мајсторката со ,,Партизан” без оглед на се’.

Цел роман може да се напише само за таа година кога биле подготовките, кога се кроеле стратегиите како да се успее. И сопругата на Силјан – Виолета како анегдота раскужва дел од тогашните настани, исчекувања и комични сцени. Како на пример кога заедно отишле на море. Отишле таму, а Циле и’ рекол да си најде другарка за друштво, бидејќи ќе мора тој по цел ден да го нема, оти куп обврски му стоеле над главата. Ќе мора рано цела недела да биде на турнирот ,,Трофеј на Југославија” што се одржувал во Тиват. Наутро излегувал, навечер се прибирал.

Сепак, се исплатил сиот труд, вредело тоа деноноќно трчање. Конечно дошла мајсторката. Таа се играла во Белград. На ракометниот ринг биле „Пелистер” од Битола и ,,Партизан” од Вјеловар. Цел навивачки караван од Македонија дошол во салата, а атмосферата била пеколна. Целиот напревар бил ,,инфарктен”. Се играло со многу егзибиции и се водела беспоштедна борба, за секоја топка и за секоја минута.

1mice323

Ракометниот стадион во Битола

Квалитетната борбеност, подготвеност и навивачкиот делириум го сториле своето. Пелистерци славеле. Битолчани ги победиле бјеловарчани. Разликата била четири гола и белградската публика со овации го поздравила триумфот на „Пелистер”, кого цело време силно го бодрела. Значи, се’ завршило најдобро. Славјето било големо. ,,Пелистер” останал во сојузното елитно натпреварување.

Но, за да се има силен тим кој ќе биде не само респектиран противник, туку и страв и трепет ширум сите бивши ју-простори, морало да се екипира тимот со добри играчи. Оваа идеја и потреба Мицевски ја разменил со Ѓоре Михајловски. Разбран човек, заслужен активист, добар патриот, силен битолчанец. И Ѓоре бил да се изнајде начин да се зајакене клубот и Битола да биде фактор во ракометната елита. Публиката не смеела да се остави без трофеј, без трофеен тим, без успеси и славје.

Така, кога со Михајловски ја усогласиле стратегијата и Циле добил целосна и морална и материјална поддршка, тогаш тргнал во реализирање на концепцијата. Професионалицте Маринковски и Станковски од Скопје како најдобри ракометари биле по мерка на вкусот и критериумите на Силјан и тренерите.

Но, веднаш се судриле со Боге Сотировски. Кавгата била жестока, а исходот од состанокот неизвесен. Мицевски не попуштал. Бранел здрава концепција и затоа решил да оди до крај, без пардон, не знаејќи дека игри се играат зад грб и дека ќе бидат тешки битиките. Меѓутоа, уверен бил дека мора да се добие битката зашто аргументите биле несоборливи, спортот бил во прашање, а не задкулисни сценарија на моќни профитерски кланови.

Кога седел во Скопје во ресторанот ,,Кај Јоле”, во Клубот на писателите и порачал менí, му дошол на масата познатиот спротски новинар од Радио ,,Скопје”, Гоце Сипковски. Му открил на Цилета дека спротивната тајфа се спрема да го ,,рибаат”, при што му кажал и за некои работи со непријатни сценарија, недолични за личностите кои биле уфрлени во игра.

И само што почнал состанокот, Боге се нафрлил со сите орудија, поддржан од дружината околу него. Значи, било јасно дека тоа било подготвено за да биде диектно нападнат Силјан Мицевски. Точно секој имал задача што ќе каже во оваа трагикомедија за да си ја одигра улогата. Тоа била вербална војна со различни ,,орудија”.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top