Култура и туризам

Безвремените песни на Јонче Христовски

1jonce2

1jonce2

Среќен бев што дваесетина години бевме неразделни другари со кантавторот на македонската новосоздадена песна Јонче Христовски и редовни гости на нашите пријатели Гојко и Манојил Јаковлески, во ресторанот „Ново Скопје“, за Божиќ и Нова година.

Прославите останаа незаборавни. Редовно за Берлин патувавме со автомобил по 2.000 км, по снегови, магли, дождови, а деновите во германската метропола беа неповторливи. Иако физички повеќе од две децении не е меѓу нас, Јонче секогаш е со мене, со неговиот дух, со неговата песна, со неговиот хумор.

Патриотските песни што ги напиша и испеа се безвременски.

Деновиве еден оперски тенор од Токио со својата група на македонски јазик ја испеа песната „Едно име имаме“, неформалната химна на Македонците. На спортските натпревари патриотските песни на Јонче се химни: „Ој, Вардаре македонски“ на ФК Вардар од Скопје, „Македонско девојче китка шарена“ на женската македонска ракометна репрезентација, „Едно име имаме“ на машката. Нема веселба без: „Животе мој“, „Свирете ми чалгии“, „Ако умрам ил загинам“… „Инспирацијата, уметничкиот наплив, не знам кога ќе ми дојде, а најчесто пред зори. Несвесно пеам, а кога ќе се разбудам не знам што сум пеел. Купив касетофон и го чував под перница, кога ќе запеев во сон го вклучував касетофонот, а дента почнував со обработка и така создадов многу песни“, ми кажа тој еднаш.

Потсетувајќи се на нашето другарство, ми текнува на некои од многубројните анегдоти што на поинаков начин го доловуваат ликот на неповторливиот Јонче, спој на големите руски поети Александар Пушкин, Владимир Мајакоски и Сергеј Есенин: разбранета коса, мустаќи за почит, вечна насмевка, палто префрлено преку рамо. Тој величествено го збогати нашиот македонски фолклор со незаборавни евергрини, преведени на многу јазици, чест што им припаѓа само на вистинските уметници. Тој покажа како се сака и како треба да се бори за татковината.

Со своите стихови раскажа цела епопеја. Остави аманет што треба да се исполни. На почетокот на осумдесеттите години во кафеаната „Починка“ го чекав да ја земе грчката виза за да одиме на викенд во Солун. Дојде полунасмеан, полунамрштен, кисел, сепак по малку расположено ми вели: „Кипро, нарачај две скопски да си ја разладиме душата и да ја истераме македонската неправда што ни ја прави јужниот сосед.

Само што се појавив на шалтерот да го земам пасошот, службеникот ме погледна и ми вели: Ти си Јонче Христовски, ти ја пееш ’Ој, Вардаре македонски од извора дур до Солуна…‘ Да, му одговорам, а тој иронично ми одговара: За тебе нема виза, ти си против Грција. Благодарам, не ви ја сакам визата, ниту Грција, моите очи нема да ја видат, си излегов.“

Неколку дена по паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, со мојот „голф“, преку преминот Под Корен, на југословенско-австриската граница, како и секогаш, се упативме кон Германија, до Хоф. Невиден сообраќаен метеж, колона од „трабанти“ и „варбурци“, непрегледна со десетици километри. Возилата едвај се движат со 20 км на час, повремено колоната застанува. Ноќта ја минавме на автопат.

Утрото, кога работниците одеа на работа, уморни влеговме во Берлин. Јонче ме теши и ми вели: „Кипро, ако се движиме со брзина на желка, кога-тогаш ќе стигнеме, не дај боже да стоиме во место, Берлин никогаш нема да го видиме.“ Во право беше, шестотините километри од Хоф до Берлин, наместо за шест, ги поминавме за 15 часа!

Низ берлинските улици ја немаше живоста на која сме навикнале, како во деновите пред Божиќ и Нова година. Како да имало катастрофа, нема луѓе, нема движење, сѐ е застанато. Влегуваме во голем и среден ресторан, внатре само келнерите и газдата. Јонче побара дозвола да свири на клавирот. Почна да свири руски романси, целиот во транс, пот му тече од сите страни. Ресторанот почна да се полни, Јонче ништо не забележа, беше занесен. Кога го заврши ненајавениот концерт, стана, се поклони, гостите го наградија со огромен аплауз. На бис исполни неколку македонски патриотски песни од неговиот репертоар, повторно аплаузи. Газдата на ресторанот дојде да му честита и да го праша колку да му плати и да склучи договор за настап во наредните месеци… 

Убаво се сеќавам, беше 7 март 1997 година, во куќата на Јонче Христовски, во населбата Козле, заедно со Мате Груевски, музички уредник на народна музика на Радио Скопје, го слушаме пладневниот весник на Радио Скопје. Спикерката го чита соопштението на Народната банка на Македонија за аферата на штедилницата „ТАТ“ од Битола, најголемата пирамидална измама.

„Пиво Кипро, чести Мате, му спасив десет илјади германски марки“, ми нуди Јонче. Го прашувам како. Раскажува: „Вчера дојде Мате кај мене и ми вели, ајде Јонче да одиме во штедилницата, да отвориме девизни штедни книшки и да ги внесеме заштедите на германски марки. Соња газдарицата давала големи камати. Го послушав, стигнавме на шалтерот, госпоѓата ме познаваше, излезе и ме праша што треба да ме услужи. Откако ѝ кажав дека сакаме да отвориме девизни штедни книшки, кратко ми рече: Одете си, часовите ни се избројани кога ќе прогласат пропаѓање на штедилницата.“

Превземено од: Нова Македонија

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top