Песни за Македонија

Кирил Кангов : ОДА ЗА ЛЕОНИД ВОЈВОДА

1leoi1

1leoi1

Кирил Кангов : ОДА  ЗА  ЛЕОНИД  ЈАНКОВ – ВОЈВОДА

Се  роди песна од народ

Со величие на славата  твоја

И Гевгелија чесна блесна

Достојна на линијата

На фронтот на гордоста.

На врвот на храброста се искачи

Од ниското во високото видело

Од Гуров Дол до комитски идол

Со остар нишан во видикот

Сите патишта и пасишта ги гледаш

Сите градини, ниви и лозја ги знаеш

Сите бразди и јазови си ги скокнал

Во вознесот на твојата визија.

Сега си знак во ѕвезден патоказ

На македонското историско небо

Соблазнителен  хероју на своеото време

Сезнаен сторителу на издржливоста

Ти си пример за идните поколенија

Ти си смисла на сонот во јавето

Ти си восхит на народниот морал

Чиј занес е сонот за слобода

Чија надеж е постоење

Чија волја е раѓање на ново време

Чија експлозија е револуција.

А тој кобен час

Во лето илјада деветстотини и петто

Каква јанѕа, каков јад и ад

Црна чума потем ден

Во лавина обрачот слегна и стегна

Околу лавиринтот со високи капини            

Џунга од треви, трње и жбунови

Од војска вриеж и виеж

Од пушки татнеж и свиреж

Во хаос и метеж а ти како еж

Ѕирни ваму, ѕирни таму

Фрлаш молњи громови

По пукотници од три илјади

Поснопици трупје војничко.

И ти рикнуваш како лав

Во арена балканска

И трчаш во прегратка на една ѕвезда

Со своето верно кажување

“Елај ваму, понаваму”

Се сврте кон бескрајот и викна

Господе семоќен, спремен сум!

Ја исполни заклетвата своја

“Слобода или смрт”

Замина и не се предаде.

А денот после ноќта,

А утрешниот ден

Секаде камбани биеја

Потече тага во градот

Надојдоа реки народ.

Велат многу народ имало

Да го испратат војводата

Чиј корен е исконски

Чија душа е библиска

Чиј поглед е топлина

Чија храброст е издржливост.

Војводо,

Длабок ти ечекорот во времето

Ти што животот си го подари

Во темелите на татковината

Тебе никој ништо не ти даде

Ти лежиш до ѕидот во тишина

На гробиштата “Свети Спас”

Скриен, скастран, спастрен

Тука се излеал твојот идеал

Во твојот стуткан сон

Како златна подлога на заклетвата.

Доаѓаме на поклонение

Пред твојот вечен дом

Со тага и восхит, со цвеќе

Венец, вино и свеќи

И знамето на судбината

Ние синови на слободата

Служители на вистината

Со остри молскавици во очите

Ѕиркаме во слики од историјата

Со емоции во твојот таговно вечен

Миг на светлината

На јаве да те видиме

А ти си тука до ѕидот крај патот

Низ кој минува сета жива Гевгелија

Слободна, современа и модерна

Без да те сети или да се сети.

А на средби радосни,

Свадби и имендени

Со свирки и тапани

Се отвара душа народна

“Трба трби  гевгелијска”!

И песната кога почнува

Нов почеток означува

Од полифонична композиција

Се буди сета природа

Решителен миг најавува

Достојно, мирно, исправено

Во химнично доживување

Чиниш низ песната поминува

Војводата со верната дружина

Триумфално влегува во градот

И во мојот македонски сон

Војводо,

Те гледам во центарот на градот

Ти во скулптура од младоста

На висок постамент поставен

И песната напишана на македонски

И на три светски јазици

Ечи кон бескрајот и вечноста

Оти таа е химна на градот

Оти ти си белег на градот

Оти ти си гордост на градот

Вечна ти памјат,

Вечна ти слава, Војводо!  

Најново од: Песни за Македонија

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

Гордана Димовска : Восклик за Македонија

Од ехото на минатото, низ бури и низ пламен, се раѓаше слободата како никулец од камен. Низ векови на ропство, на поделби и крик, македонскиот народ го чуваше својот лик. И дојде тој септември, тој историски ден, кога сонот на претците беше овековечен. На Осми септември, со гордост во очи, народот силно, со еден глас, […]

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе, таму долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади? Се избрал јунак, се нашол — млад Делче, млади војвода. Тој појде в Македонија чумата да ја пропади. Црн ми се облак зададе, пак долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Дали […]

Александар Македонски на поаѓање во поход

Александар Македонски на поаѓање во поход Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина. Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите, ни месеците, ни годините пред куќата, во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш […]

To top