Историја

Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија (4)

kiril-dobrusevski

НЕОСТВАРЕНИ ПОРАКИ НА ПИЕСКАТА „СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“

kiril-dobrusevski
Кирил Добрушевски

Селото Марикостиново каде учителствува јас броеше околу 250 куќи. Тоа е наоѓа на левата страна од реката Струма, на 5 км од бугарско-грчката граница, а од југословенско-бугарската граница е оддалечено 50-60 километри. Марикостиново беше, а верувам дека и се уште е, село на осведочени македонски патриоти, – вели Блага Саздановска.

Во училиштето каде што предавав македонским литературен јазик и македонска национална историја имаше околу 150 ученици. Сите ученици, а добар дел и од колегите, како и директорот на училиштето беа од Марикостиново. Живеевме како едно големо, сложно семејство. Уште од самото доаѓање јас бев многу срдечно примена, како од учениците, така и од месното населелени и колегите. Моите први предавања по македонски јазик и македонска историја за учениците значеа средба со нешто ново, нешто долгоочекувано и, конечно остварено …

Значајна просветно-културна дејност во училиштето и сред населението

Моите предавања со задоволство беа следени од учениците. Тие, едноставно, “голтаа” се што им кажував за нашиот јазик, за нашата историја. Но, учениците не беа единствените што имаа среќа да ги слушаат моите предавања. Голема љубопитност постоеше и кај постарите. Токму затоа, во соработка со месната власт организирав курсеви за изучување на македонскиот литературен јазик и македонската национална историја и за младината, членовите на Отечествениот фронт, како и напреден курс за наставниците и службениците на училиштето, како и за оние што беа на служба во Општината. Курсевите за возрасните беа посебно доживување: тие пројавуваа неверојатно голем интерес за предметите што ги изучуваа. Тие не веруваа дека некој, некогаш, најголемата придобивка ќе им ја ограничи…

Во културно-забавните приредби учество земаа и восрасните

Мојата активност на културно-просветен план имаше широки размери. Приредби организиравме како со пионерите и младинците, така и со возрасните – курсистите. Нашите приредби со задоволство беа следени од населението. Со младинците, се сеќавам, ја подготвивме пиеската “Се за Македонија”, во која на симболичен начин беше прикажана вековната борба за слобода на македонскиот народ како и нејзините придобивки. Исто така, меѓу наслението организиравме собирна акција на чорапи, кошули, блузи и друга облека за ранетите партизани од Егејска Македонија. За овие борци за национална слобода изведовме приредба од рецитации и македонски народни песни. Приредбите што ги подготвувавме со пионерите, младинците и возрасните, ги дававме во повеќе околни села.

Големо признание за вежбата “Овде е младоста на Југославија”

Покрај македонски литературен јазик и македонска национална историја, јас предавав и фискултура. Така, во чест на 24 мај – Денот на фискултурата во НР Бугарија, подготвив фискултурна вежба со учениците насловена “Овде е младоста на Југолсавија”. Оваа вежба ја изведовме и во Марикостиново и во Петрич. Таа вежба беше прекрасна: лицата на учениците –Македончиња зрачеа од среќа, а нивните рачиња беа украсени со југословенското, македонското (во десните раце) и бугарското знаме (во левите раце). Вежбата толку многу ја задоволи публиката во Петрич, па затоа јас бев наградена со 20.000 лева кои ги потрошив за збогатување на училишната библиотека со македонски книги.

“Во има на законот – отворете”

Нашата културно-просветна дејност се повеќе се распламтуваше, а резултатите беа, од ден на ден, се поевидентни. Никој не веруваше дека таа дејност еден ден насилно ќе биде прекината. Но, една ноќ (на 26 јули 1948 година) на полноќ, на вратата од мојот стан се слушна силно чукање. Јас бев исплашена и не отворив. Но, од другата страна некој почна да вика: “Во името на законот, отворете … , доаѓаме службено…”. Кога отворив, агентите на полицијата се втурнаа во собата и почнаа да пребаруваат. Ми наредија брзо да се подготвам за заминување во Петрич. Некои ртаботи успеав да понесам со себе, но, повеќето документи ми беа запленети. Кога излегов, во центарот на Марикостиново здогледав голем камион во кој се наоѓаа неколкумина мои колеги од околните села.

По пристигнувањето во Петрич, бевме сослушани од Полицијата. Потоа ни беше наредено веднаш да заминеме за Југославија. Ја напуштивме Пиринска Македонија со претчувство што може да се случи со Македонците од овој дел на Македонија. Така, пораките на пиеската “Се за Македонија”, во која беа вткаени желбите на сите Македонци, останаа неостварени.

(Продолжува)

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top