Култура и туризам

ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН ЗАСТАПЕН НА ИЗЛОЖБАТА НА ИЗДАДЕНИ КНИГИ ОД ЧЛЕНОВИ НА МНД-БИТОЛА

345123

345123

По повод одбележувањето на 10 ноември – Светскиот ден на науката, Македонското научно друштво од Битола на чело со претседателката д-р Невена Груевска ја организираше „Изложбата на издадени книги од членови на МНД-Битола“. Изложбата се одржа во просториите на библиотека „Свети Климент Охридски“, каде и се наоѓа Македонското научно друштво од Битола, а беше посетена од голем број членови и ѓраѓани на градот на конзулите – Битола

Меѓу другите членови на Изложбата беше застапен и Душан Ристевски-Македон, председателот на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија. Неговите дела „Творештвото на Славе Катин I и II издание“, „Каменот од Роби“, „Ченто“ и „„Преполнета чаша“ беа претставени на Изложбата на издадени книги од членови на МНД-Битола.

Инаку, Македонското научно друштво од Битола е најстаро македонско научно друштво кое по карактерот на дејноста е единствена научна асоцијација на интелектуалци во градот на конзулите и убавината – Битола. Друштвото е формирано на 25 април 1960 година во просториите на Државниот архив – Битола како Научно друштво, кое име го носело сѐ до 1968 година. Од 1960 па сѐ до 2002 година го носело името Друштво за наука и уметност – Битола, а тогаш било преименувано  во Македонско научно друштво – Битола. Во период од 62 години Друштвото како организација се занимава со научни прашања од различни области, а има статус на невладино, непартиско и непрофитно здружение на македонски граѓани.

За  Друштво кое оваа година слави 62 години од својата успешна работа на полето на науката, културата и уметноста, од формирањето до денес имаат голем придонес плеада раководни личности, научници, интелектуалци и друг персонал кои со своите активности волонтерски ангажмани и ентузијазам придонесоја оваа асоцијација да биде на пиедесталот во сверата на својата дејност. Исто така, голем придонес имаат и членовите на  Одделението за општествени науки; Одделението за правни науки; Одделението за природни науки; Одделенитое за применети науки и медицина; Одделението за технички науки; Одделението за уметност; Одделението за лингвистика и литература и Одделението за историско-географски науки.

Македонското научно друштво – Битола е сместено во зградата на Градската народна библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола.  Во него членуваат 254 членови, а има 8 одделенија и е отворена научна асоцијација не само за научната фела од Македонија, туку и за Македонците во иселеништво, особено од Австралија и претставува поттик и патоказ за македонските научни, литературни, театарски и други асоцијации насекаде во светот.

Македонското научно друштво – Битола се занимава и со издавачка дејност. Во неговата публицистичка дејност се отпечатени поголем број научни и други трудови. Меѓутоа, за одбележување е монографијата за Друштвото која е отпечатена во пресрет на големиот јубилеј 60 години, чиј автор е професор д-р Марјан Танушевски, поранешен претседател на Друштвото, а рецензенти на јубилејната публикација се професор д-р Игор Неделковски и професор д-р Борис Ангелков, поранешни претседатели на Друштвото. Ова значајно публицистичко дело претставува прилог и голем придонес на севкупната научните дејност на Македонското научно друштво – Битола и на Македонија.

СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top