Историја

Дефтер на Самарџискиот еснаф од Куманово

esnaf

(1870 година, препис од 1830 година)

“УСТАВ ( КАНОНОМИЕ) НА САМАЏИСКИОТ ЕСНАФ

esnafЗнано буди јако здја, потверждаваме сеи канон, ми доле потписании еснафа Самарџискии Мајстори.

Перво, ниедному мајстору не е дозволено, да прихване некого человјака, кога има да дава  на друг некојси мајстор у кого то перво работил, ако да го прима другии тиј мајстор да буде Канонлие. Но, ако да го е направил от незнаене да му буде простено. Но, ако да му е казано и не послуша, преступи заповед еснафска, да биде посрамен от еснаф и да даде џеза 1 бела меџедија, и да му биде простено.

Второ, ниедному мајстору не е дозволено да прима чирака без да не покани устабашију и мајстори два или три мина, ако пак не послуша, да биде канонлие…

Трето, ниедному мајстору јабанџију не е дозволено да отвори дуќан додека не земе еснаф тескере и да даде 1 меџудија жута 1 ока кафе, ако не послуша да биде канонли и да даде џеза.

Четврто, свакии чирак кога дојде у мајстора, да учи занаат, да му се каже зошто три години ке слуша, а четврста да земе благодарност 50 гроша плаќа….

Петто, свакому калфу и чираку аз обавију ако има некоја невола от мајстораси што било, длжен е да обави на еснаф и еснаф давију даму види по право, а ако ли отиде на сут тој да даде џеза и апс да лежи…

…Осмо, кога да се повикав мајстори за у еснаф всички еднодушно да титев и да се соберат, а ако да се побвикат и да не дојдат да биде канонлие…

П Р О К Л Е Т И Е

Знано да буде свакому мајстору кој да се покаже непокорен на горенаказаните канони, да биде проклет од триста и осумнаесет Свети отци и од свјатога апостола Петра и Павла и от мајстори презрен и поруган, во век и веков…

(под Проклетието испишани се имињата на мајсторите во 1870 година)

(Печат  на кој  пишува)

“Самарџиски еснаф” Куманово”

Звонимир Николовски, Дефтер на Самарџискиот еснаф од Куманово, “Македонски архивист”,  СДАРМ,  год. ЏВ-ЏВИ (1985-1986), стр. 77-86;

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top