Култура и туризам

КЛИМЕНТ И НАУМ ОХРИДСКИ ВО ПОЧЕТОЦИТЕ НА СЛОВЕНСКАТА ФИЛОЛОГИЈА

1crk1

1brk12345

Словенската филологија се конституира на почетокот на XIX век со пронаоѓањето на ракописите од Охридската книжевна школа, уште од цар Самуилово време. Таа го реконструирала нивниот изворен текст и ги поврзала со нивните автори, со свети Климент, со свети Наум и со нивните ученици. Авторството на оригиналните текстови е една од клучните задачи на филологијата.

Впрочем, таа одлично ce снаоѓа во времето, зашто пред cè, ce потпира на историјата и на хронологијата (редоследот на настаните).

Да ce открие во филологијата свети Климент, а уште повеќе и свети Наум или кој било друг како автор не било воопшто лесна задача, особено не во XIX век, кога науката за старите ракописи не можела лесно да ce одвои од класичните текстови. Но, кога можела да го направи тоа историската лингвистика уште со Востоков, зошто да не можела да го направи тоа и самата словенска филологија.

И го направила! Открила непознати за неа текстови чиј автор бил означен со името Климент, епископ словенски. Заслугата да ce открие Климент како автор му припаѓа на рускиот научник B. М. Ундолски. Имено, во 1840 година тој набљудувајќи еден стар пергаментен ракопис, го прочитал името на авторот, Климент, па ce обидувал да најде соодветна личност, да го надополни филолошкиот мозаик. Можеме да претпоставиме дека ова име не било така често меѓу општословенските црковни писатели и епископи, како што не било често ни меѓу препишувачите на старите ракописи, ни меѓу другите црковни лица со кој било чин. Надвор од набљудуваниот ракопис, името на авторот тој го пронашол, исто така, во Месецословот на Асемановото евангелие, но не го наоѓал во месецослови на грчки книги. Согледувајќи оваа разлика, тој јасно утврдил уште една далеку позначајна, дека словенските црковни книги во определени места ce разликуваат значително од грчките, пред cè, според имињата на светците застапени во Месецословите.

Овие разлики упатуваат и на различни традиции во византиската и во словенските цркви. Според сето ова, јасно утврдил дека не постои грчка предлошка за текстот што го открил, туку дека ce работи за текст изворно напишан на словенски јазик од свети Климент, епископ словенски.

Ундолски го известил тесниот научен круг на кој му припаѓал за своето откритие во ноември 1845 година. Тогаш тој го чита текстот на Похвалата на Кирил филозоф и оттогаш свети Климент е негова опсесивна тема.

Речиси истовремено, податоците за свети Климент, бездруго, можел да ги надополнува од самиот извор В. И. Григорович, кој приближно во тоа време (мај 1845) престојувал во Охрид.

На Григорович официјалната власт (турска − административна, грчка − духовна) му ги ограничувала контактите со Охриѓани, и воопшто со македонското население. Но колку може понекогаш туѓинската власт да работи самата против себеси! Не можејќи да контактира со возрасните Македонци, тој контактирал со деца и жени-старици, a идеалната комбинација ја нашол во младиот Миладиновец и во старата Миладиновка.

Од бодриот Димитрија можел да научи многу нешта за светите Климент и Наум Охридски,, А од стамената Султана и што се знае песни народни.

Ниту Ундолски пошироко ја известил научната јавност за своето откритие, ниту пак Григорович веднаш и пошироко ги дистрибуирал своите впечатоци. Впрочем, до податокот дека постои писател со име Климент дошол уште А. Востоков, но филологијата тешко ce снаоѓа со осамени податоци.

И на Григорович и на Ундолски ќе им бидат потребни уште најмалку две децении да ги синтетизираат своите научни впечатоци и сознанија за почетоците на словенската писменост и за делото на свети Климент Охридски. Време е тоа кога составендел на руската универзитетска средина е и студентот Константин Миладинов, наречен „Македонијата“, од кого професорот негов, Фјодор Буслаев, толку многу живи нешта ќе научи за Климента и Наума и, особено, за иконите црковни, во чест и слава на учителот христијански Исус Христос, но и за седмочислениците.

Со Ундолски започнува неуморната филолошка потрага на семиотичко читање иа имињата на авторите на текстовите за кои не може да ce најде соодветна грчка предлошка. Со Фјодор Буслаев таа продолжува. Тоа е восхитувачката тема на Срезневски, но и макотрпната читачка дејност на филолозите од времето на Ундолски до денес.

Во тој контекст, во македонската филолошка наука до денес ce откриени значителен број оригинални средновековни книжевни творци, од анонимни запишувачи на поетски записи на маргините на книгите и од препишувачи кои го запишале и своето име до автори на дела со сложена композиција.

Откривањето на Климент Охридски како оригинален писател го воспоставило генерацискиот редослед на општословенски писатели на чија челна позиција стои токму свети Климент. И Востоков, па и Ундолски, Буслаев и Срезневски ќе го насочат своето внимание и назад во времето, пред создавањето на словенската писменост, во времето кога Словените пишувале со грчки и со латински букви. Впрочем, Словените можеле да имаат и двојазични автори во периодот во кој немале сопствена писменост.

За филологијата понекогаш и една најобична рецка може да има непроценливо историско значење. Од друга страна, на филологијата ќе ѝ треба одвеќе време и научни сознанија веднаш до свети Климент редоследно да го постави и свети Наум Охридски. Филолозите, бездруго, имале интуитивна претстава дека и свети Наум е писател, но немале поткрепа со текст.

Денес, свети Наум е познат по повеќе творби, од кои со сигурност ce наведува Канонот на апостол Андреј. Со сознајбата, пак, искажана од Ф. Снопек, дека автор на „О писменех“ е свети Наум Охридски, т.е. дека Чрноризец Храбар и свети Наум Охридски се едно исто лице, целосно се потврдува теза дека одбраната на глаголицата и книжевното продолжување на кирилометодиевското дело е охридска доблест, имено, на Охридската книжевна школа.

Од КНИГАТА ЗА СВЕТИТЕ БРАЌА КЛИМЕНТ И НАУМ ОХРИДСКИ

Автори: Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top