Прогласот на полковник Атанас Јанков кон Македонците на 14 септември 1902 година, во весникот „Реформи“. Интересно е што се повикува на Александар Македонски, Цар Самоил и Крале Марко.
Браќа!
Крвавата драма започна. Во нашето отчество огинот пламнал. Нашата должност е сите да се собереме под револуционерните знамиња и да си ја пролееме крвта за слободата на татковината.
Македонци!
Спомнете си за светскиот победник, светската слава на Македонија – великиот Александар Македонски; спомнете си за храбриот цар Самоил, за Македонскиот великан, убавиот Крале Марко, сеславјанската слава – оти во нив течела македонската крв; тие од небесните висини бдеат и го благословуваат започнатото наше свето дело. Нека бидеме нивни достојни потомци; да ги запазиме нивните светли и славни имиња; нека и ние го зачудиме светот со нашата храброст, памет и саможртвување; да го симнеме од себе срамниот јарем кој не загушува.
Браќа!
Огледајте се во околните слободни балкански народи и вие ќе видите, дека тие си ја добиле слободата само со потоци крв. Да го земеме нивниот пример. Слободата не се купува или подарува, таа треба да се извојува. Соберете се во дружини и напаѓајте го непријателот. Обезоружувајте го секој вооружен Турчин, а невооружените и тие кои ќе се предадат, поштедете ги и покажете се великодушни кон нив.
