Култура и туризам

Египет, муслиманска земја со два Божиќа

Божиќ во Каиро

Кога станува збор за Египет, луѓето прво што помислуваат се пирамидите, реката Нил и голем број на други нешта што оваа земја ја прават една од најомиленте туристички дестинации во светот. Многу мал број луѓе знае дека тука се наоѓа една од најстарите Православни заедници, а тоа се Православните Копти. Народ кој два милениума не се откажал од својата вера, и две илјади години го слави Божиќ на ист начин.
Божиќ во Каиро
Доколку патувате за Египет во текот на новогодишните и божиќни празници, празничната еуфорија ќе можете да ја почуствувате само во туристичките центри и локали. Тоа е така бидејќи деведесет проценти од населението во ова земја која има приближно 80 милиони жители се муслимани, од арапско потекло. Па како и сите муслимани така и Египќаните ја слават муслиманската нова година, позната уште како и Хиџра. Тоа е всушност денот кога пророкот Мухамед во седмиот век од нашата ера морал да пребега од Мека во Медина. Денот кога за муслиманите започнува новата година не може да се определи однапред, бидејќи тој ден е поврзан со лунарниот календар, според кој датумите се определуваат според движењето на месечината.

Муслиманите ја слават новата година сосема различно од Христијаните. Па така место новата година да ја пречекаат на плоштади или во угостителските локали со пиеење и забава тие одат во Џамија на специјална молитва, при што слушаат цитати од Куранот кои се однесуваат на минливоста на животот. Тој ден, муслиманте треба да му го посветат на молитва, и да го преиспитаат својот начин на живот, поточно да размислат дали нивниот начин на живот е во согласност со она што го бара исламот.

Во Египет 7 јануари е државен празник

Околу десет проценти од населението во Египет се Христијани, од кои поголемиот дел се Православни, и помал број Католици. Божиќ и за православните и за католиците е многу поважен празник отколку Нова година. Први јануари и за едните и за другите е работен ден. Нова година во оваа земја не се слави како што се слави кај нас. Всушност домашното население воопшто не ја слави и дочекува новата година. Славењето на овој празник може да се види само во туристичките центри. А со оглед на тоа што Египет е една од најпосетуваните земји во светот, годинава него го посетија околу 11 милиони туристи, сосема е јасно зошто државата прави се за туристите да се почуствуваат како да се дома, и на свој начи да можат да го прослават овој празник. А тоа значи славење со музика раскошна храна и пиење.

Што се однесува до Божиќ, ситуацијата е сосема поинаква, него освен туристите го слави и домашното Христијанско население. Католиците од Египет не мора да работат на 25 декеври кога е нивниот Божиќ. Тие го слават празникот исто како и Католиците по Западна Европа и насекаде во светот. Се кити елка, а присутен е и Дедо мраз. Во предврјето на еден од 29 каирски хотели со пет ѕвезди, се наоѓа еден од најголемите направени Дедо мразевци. Направен е од околу сто килограми чоколади, бил правен 365 часа, од страна на десет вредни слаткари.

Божиќ се празнува и на 7 јануари, тој ден во Египет е прогласен за национален празник, па заедно со православните празникот го слават и нивните комшии и пријатели муслимани.

Најголемиот дел од православните се Копти, стар антички народ чиј број во Египет изнесува околу 8 милиони, а Коптската православна црква заедно со Ерусалимската се едни од најстарите христијански цркви во светот. За разлика од Католиците, Православните Копти Божиќ го прославуваат на сосем различен начин. Тие за овој ден ги украсуваат своите домови со свеќи и лампиони. Истовремено во своите домови изложуваат икони посветени на раѓањето на Исус Христос. Неговото раѓање се слави и со специјална полноќна служба во Египетските православни цркви. Децата се облекуваат во нови алишта и добиваат божиќен колач, украсен со крст, а се пече и божиќен леб, со крст и 12 точки, кои ги симболизираат 12 апостоли. Лебот се дели во текот на полноќната Божиќна литургија.

Милан Миличевиќ

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top