Историја

Песната за Гоце најголем споменик на војводата

goce-delcev

goce-delcevНа 4 мај 1903 година во селото Баница загина легендата на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, секако најпопуларната личност од овој период. За Гоце Делчев се испеани многу песни, секако после Кралот Марко тој е најпопуларната личност во македонската народна песна, а го среќаваме и во народните преданија и во другите народни умотворби.

Ако во одредени случаи и постојат дилеми по прашањето зошто една личност е толку присутна во народната песна, кога станува збор за Гоце Делчев такви дилеми не постојат. Гоце е централна фигура во македонската револуционерна поезија зашто е и најпопуларна личност во македонското револуционерно движење во еден не само бурен туку и судбински период. Гоце е заштитник на народот секогаш најдувајќи се меѓу него. Тој е идеолог и главен организатор на востанието и борец против секакви надворешни мешања во движењето со јасна мисла што има значење и на програмско начело дека ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание. Инстиктивно претчувствувајќи го исходот од избрзаното востание Гоце неуморно ја крстосуваше цела Македонија залагајќи се за негово одложување. И согоре во тој зафат.

Гоце Делчев се појави и дејствуваше на македонската револуционерна сцена во едно исклучително време, во време на засилен терор од страна на поробувачот од една страна како и на раздвиженост на народните маси напоени со слободарски стремежи од друга страна, во време на активно дејствување на револуционерната организација и на засилени подготовки за пресметка со поробувачот. Гоце дејствува во време кога теророт е неподнослив, кога поробувачот се поведува од убедувањето дека со насилство ќе ги задуши слободарските копнежи кај населението: Старо и младо под сабја,/ невести млади робинки,/ беќари млади сејмени,/ девојки, млади кадани…“

Затоа народот бара јунак што ќе може да ја изврши историската улога, да го откопа боздоганот и да ја измие сабјата на Кралот Марко и да ги наплати многу вековните долгови. А Гоце Делчев беше тој што можеше да го направи историскиот подвиг зашто само тој можеше да го даде ветувањето. „Јас ќе запустам султанот, јас ќе ослободам нашиот народ.“ И народот секогаш и безрезервно веруваше дека Гоце ќе го исполни ветувањето.

Песната за Гоце ја пее цела Македонија. Пее и овчарката и жетварката и мајката наведната над лулката. За него пеат и птиците: „Кукавици закукаја и за Гоце заплакаја“.

За Гоцета плаче и гората, таа закрилница на храбрите и непокорните: „Расплакала се гората, гората ем планината, и од гората дрвјата, / и од полето тревата,/ заради Делчев војвода…“ Ликот на Гоце Делчев народниот пејач го поврзал и со многу познати песни за разни јунаци од разни временски периоди. Така на пр. мотивот три синџири робје што го среќаваме во една песна за Гоце Делчев познат ни е од цикусот песни за најопеаниот епски јунак Марко Крале.

Во песните за Гоце паѓа в очи фактот што најдобрите везилки од сите краишта на Македонија со најголемо внимание везат знаме, редовно со натписот „Слобода или смрт“ за да го даруваат Гоцета тој да го носи по Македонија. Како најдобар јунак Гоце ја заслужуваа таа доверба зашто бајракот како што е опеани во нашите народни песни е симбол на колективниот отпор, на нескршливоста на народниот револуционерен дух, симбол на колективната свест, на вербата во конечна победа со сопствените сили.

Во една од најубавите македонски револуционерни народни песни „Црна се чума зададе“ е опеана смртта на Гоце, онаа трагична вест што го потресе македонскиот народ. Гоце излегува на мегдан со црната чума зашто е единствениот што може да и се спротивстави и да ја пропади „од жална Македонија“. Смртно ранет во последното обраќање кон дружината тој прецизно и трогателно ќе ја дефинира својата судбина како женидба „за црна земја робинка / за жална Македонија / за црна земја поробена.“ Голем е бројот на песните што ја опеваат смртта на Гоце. Таа загуба народот ја чувствува и како лична и како национална трагедија. Затоа од тие песни блика жалба, неизмерна болка по ненадоместливата загуба, тие песни всушност се искрено оплакување на јунакот од страна на народот.

Поради сето тоа народниот пејач свесен за улогата на Гоце Делчев во македонското народноослободително движење му испеа стотици песни и со тоа му го подигна најголемиот споменик на својот велик син.

Ајде жалај ме малино моме

Ајде, жалај ме, Малино моме, плакај ме,
оти ке идам, Малино моме, комита!
Ајде на таа, Малино, Пирин Планина,
на кумитското, Малино, збориште!
Ајде отиди, Малино моме, в градина,
ајде набери, Малино, китки трендафил,
ајде накичи, Малино, Делчев војвода,
и неговата Малино, верна дружина.

Гоце е тажен зашто блиските жив го жалат

Зашто бре Гоце, чашка не допиваш,
дали ти е, Гоце, пушка дотегнала,
или ти е, Гоце, сабја рѓосала?
– Еј мори, моме, солунска девојко,
диљ ме питаш право ке ти кажум,
право ке ти кажум, без да те излажум.
Сношти си поминах низ Кукуша града,
низ Кукуша града, низ Ќучук махала.
Мојта стара мајка по двори си ходи,
в црно забрадена, мен ме живо жали.
Мојут стари тејко е небрснат ходи,
е небрснат ходи, и за мен жалее.
Мојте мили сестри бели китки садат,
бели китки садат ама не се кичат,
по друшки ги дават за мојата младост.
Мојте мили браќа наганти си стегат,
наганти си стегат на борба да идат
на борба да идат за свободата.
Мојте мили внуци по цел ден ме чекат,
от Солун да дојдум, бакшиш да им донцум –
пушки манлихери, нагант ливорвери.

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе
там долу в Македонија,
там долу Демир Капија.
Кој ќе се јунак избере,
чумата да ја пропади?
Избрал се јунак изнашол –
млад Делче млади војвода,
тој појде в Македонија,
чумата да ја пропади.
Црн ми се облак зададе,
пак долу в Македонија,
там долу Демир Капија.
Дали се црни облаци,
или се Турци поганци?
Не ми се црни облаци,
ни ми се Турци поганци,
тук ми се чета кумити,
тук се војводи, четници.
Ранет ми јунак носеа
ранет ми јунак – млад Делче,
млад Делче – млади војвода.
Делче дружина говори:
– Дружино, верна зговорна
вие ќе утре идите
по мачната наша земја.
Кога ќе вие мините
низ моја града Кукуша,
мајка ми ќе ве пречека,
за мене ќе се распраша:
„Каде е син ми, млад Делче?“
Вие ќе нејзе кажите:
„Млад Делче ми се посврши,
за девојка Македонка,
за црната ропска земја!“

Марко Китевски

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top