Историја

На рускиот државен советник, Хитрово, до началникот на штабот на активната армија, за учеството на Ѓорѓија Пулевски, Иљо Малешевски, браќата Поп Георгиеви и други македонци во Руско-турската војна и во Кресненското востание

san_stefano

san_stefano(Санстефано, 15  април 1878 година)

(Михаил Александрович Хитрово  бил првиот руски конзул во Битола, член на Санкт Петербуршкиот словенски  комитет и  добар познавач на Македонија и Македонците, н.б.)

„…Така четата на Ѓорѓија Пулевски во текот на дваипол месеца ја обезбедуваше месноста Тројански Колиби, во секојдневни судири со групи башибозуци, а понекогаш и со регуларните војски… Овие чети, а исто така и четата на Пулевски што потоа се приклучи кон нив, учес-твуваа во сите битки што го обележија славниот премин на нашите вој-ски преку Стара Планина. Во тешките операции на влечењето на тешките топови по планините особено се истакнаа четите на војводите Иљо Марков (Малешевски, н.б.) и Георги Антонов (познат како”капетан Ѓорѓија”, родум с. Бели, кочанско, учесник во Кресненското востание, н.б.), за кое последниов беше веќе награден со одликувањето Воен одред од 4 степен. Сега г-а Гурко (Јосиф Владимирович Гурко, руски генерал-аѓутант, а подоцна и генерал-фелдмаршал, н.б.) предлага да се награди тој, Антонов, со одликувањето Воен орден од 3 степен, а војводата Иљо Марков со 4 степен.

Кон крајот на војната сите чети се собраа во Радомир и оттука заедно со нашите војски влегоа во Ќустендил… Од Ќустендил тие беа испратени во разни пунктови за обезоружување на башибозуците и за заштита на мирните жители. Значителна експедиција тие презедоа во Пијанец, каде што ним им се придружија вооружените групи на браќата Поп Георгиеви (Димитар, Костадин и Иван Поп Георгиеви од Берово, ор-ганизатори на Разловечкото и на Кресненското востание, н.б.) коишто беше го вооружале населението од Малешево уште далеку пред појавувањето на нашите војски во краиштата на Македонија.

Сега останките од четите собрани во Ќустендил бројат до 120 коњаници и заедно со лето на браќата Поп Георгиеви и другите вооружени жители до 700 пешаци…

…Од бројот на именуваните во овој извештај четоводци, војводата Иљо Марков ми предаде свидетелство со следнава содржина:

“Доносителот на ова четниот началник Иљо Марков, заедно со нему потчинетите четни началници Димитрија Трифонов и Георгија Пулевски, од 1 јануари 1878 година до склучувањето на мирот се наоѓаше при одредот што ми е мене доверен, дејствувајќи од страните и напред; беше во допир со непријателот …Во времето на судирите на доверениот одред со непријателот заземаше активно учество во битките, наоѓајќи се секогаш во првата линија. По заземањето на г. Ќустендил од доверениот одред, тој со нему потчинетите чети ги обезбедуваше мирните жители од околните села од насилства на малите групи башибозуци.

Притоа треба да се додаде дека во целото време додека се наоѓаше со четите при доверениот одред не правеше никакви насилства врз мирните жители, како христијаните така и муслиманите. Тоа со потписот и со печатот го потврдувам.

14 март 1878 година

г. Ќустендил Началник на одредот на 4-иот улански хар-ковски полк на Н.И.В. Великата кнегиња Александра Петровна, потполковник  Задар-новски” (потпис)

…Јас сум задолжен со тоа спрема исклучително големата активност на од мене доведените од Србија и Романија први четоводци – Македоњани и посебно спрема ревноста и организациската способност на Стојан Везенков (учесник во Руско-турската и Српско-турската војна, затворан и мачен од Турците, умрел како емигрант во Одеса  1897 година, н.б.) што се наоѓаше кај мене во својство на агент за врбување нови доброволци. Сите такви задачи Везенков ги исполнуваше со вонреден такт и самопожртвуваност, зашто не толку одамна се извлекол од турскиот затвор, каде што поминал 18 месеци во окови под политичко обвинение… Везенков постојано ми доставуваше воени и други податоци што јас своевремено ја имав честа да му ги предадам на Вашето Високо-превасходство…

…Затоа предлагам:

на Стојан Везенков, Иљо Марков, Цеко (Цветко) Петков (стар бугарски војвода, н.б.) Димитрија Трифонов (Цветков, од с. Лабуништа, Струшко, учесник во Кресненското востание како командант на коњицата, н.б.), Ѓорѓија Пулевски, Григорија Огненов (родум од Галичник, соборец на Пулевски во Кресненското востание, н.б.) и Иванчо Роби (Робев, војвода и учесник во Кресненското востание, н.б.) – одликувања со Воениот орден од 4-ти степен; на Георги Антонов пак 3-ти степен, бидејќи тој веќе го има 4-тиот.

Дејствителен државен советник Хитрово”

Блаже Ристовски, Портрети и процеси, 1, Култура, Скопје 1989, стр. 262-264;

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top