Историја

Правото на самоопределување и обединување на бугарскиот дел на Македонија кон својата матица (1 октомври 1944 година)

tito-kolisevski

ПИСМО НА ЦК НА КПМ ДО ЦК НА БРП (К), ЗА ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ НА БУГАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА  КОН СВОЈАТА МАТИЦА

tito-kolisevski

На состанокот другарите Темпо и Лазо се спогодиле со Вас во следните точки:

1. Македонскиот народ во бугарскиот дел на Македонија има право на самоопределување до отцепување и доброволно обединување со други народи.

2.  Врз основа на тоа основно демократско право, македонскиот народ има право, по своја волја, да формира свои национални единици кои што, засега ќе се наоѓаат во составот на бугарската народна армија и како такви, ќе се борат рамо до рамо, со македонските единици на народноослободителната војска на Југославија против Хитлерова Германија.

3.  Исто така, врз основа на тоа свое демократско право, македонскиот народ создава посебни национално-ослободителни комитети по сите градови и села на бугарскиот дел од Македонија. Обласниот НО комитет на Горноџумајската област би раководел со работата на тие комитети и би ја координирал нивната работа. Но тој има право, потпирајќи се на ОФ, истовремено во масите да ја пренесе борбата за присоединување кон својата матица.

4. Најпосле, врз основа на тоа свое основно демократско право, македонскиот народ има полна слобода на пропаганда за обединување  на македонскиот народ, односно, за присоединување на бугарскиот дел на Македонија кон својата матица. Се разбира, паролата за обединување не треба да се поставува како акциона парола, т.е. ние сега не го поставуваме прашањето за неодложно присоединување. Се надеваме дека  искрено и на дело ќе пристапите кон извршување на заедничките заклучоци.

ДАРМ, ф.НОБ, ЦК на КПМ, К-3, инв. бр.2057/ 1944

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top