Песни за Македонија

Гордана Димовска : ЗЕМЈА ИСКОНСКА

1Gordana9

1Gordana9 Гордана Димовска

Се разгори нов пламен, Илинден трет

“Доста се маки и страдања

Да го истераме окупаторот клет.”

 Блесна, поведе борци

Кон нов симбол на слободата,

Храбри и силни,

Со љубов исполнети срца  и лица нивни.

Војникот оди напред и вее алово знаме,

Ги поведе сите на борбениот фронт со завет

За конечна слобода на македонскиот народ,

Во која секој ќе се радува и слободно ќе живеј.

Рамо до рамо со сојузници силни

Се бора смело, живот не жалеа за Македонија земја света

Се роди нов Илинден како оној од 1903-та.

Редици во недоглед, стоилјадни чети

Ја продолжија борбата за идеалите свети.

И ете ко вчера да беше, но и денес треба

Да осветли силен востанички оган

Да поттикне чувство

Да се разлее љубов

Да се распламти духот

Да се слушен гласот,

И одекне на сите страни

За тоа како земјата своја треба да се чува и брани.

Таа не е јаболко зрело

Од кое секој сака да се наслади и посака да го има цело.

Таа не е најубаво разиграно оро кое некој друг треба да  води

Ајде нов поттик нека се роди и Македонец оро да води.

Да се пее и твори за земјата славна,

Да продолжи херојски, со кренато чело,

Кон нови победи, себепочит и историска правда.

Земја славна од памтивек и до ден денес

Заклетва за тебе даваме под овој пламен

Да те чуваме тебе, твоето име свето

Да се гордеат поколенија со своето

Потекло, историја, јазик

Земја исконија, земја Македонија.

Оваа поема е добитник на ГРАНД ПРИ награда од дијаспората на интернационалната манифестација СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО 2022

Најново од: Песни за Македонија

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

To top