Култура и туризам

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (7)

1vistin123.458

1vistin123.458

ПАТУВАЊЕТО ДО ИНДИЈА – ОДЕЊЕ ПО СТАПКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Набргу по враќањето од Австралија, следело ново патување. Тоа било прво гостување на индискиот потконтинент. Влезната врата  им била градот Бомбај. Таму се претставиле со популарни ромски, но и други нумери. Почнале од конзулатот за потоа да засвират и запеат за ју-градежниците на работа во Индија. Следел концертот во „Интернационал“ за членовите на дипломатскиот кор.

Есма и Ансамблот „Теодосиевски“ добиле интересна покана која не можеле да ја одбијат. Тоа било настап на некаков „Каменов брод“. Брод од флотата на Индиската морнарица кој бил направен од бетонски и камени делови. Непосредно пред концертот, слетал хеликоптер со првиот адмирал на индиската воена флота, кој специјално дошол сакајќи да присуствува на концертот на гостите од Европа. Морнарите и сите присутни, без малку на раце ги кренале Есма и музичарите, восхитени од уникатниот настап и специфичниот и редок вокал на солистката.

По враќањето од Индија продолжиле со патувања и настапи. Секое лето во 70-тите години на XIX век Ансамблот со месеци гостувал по јадранскиот брег. Понекогаш и со неколку концертни тури на ден од северните до јужните крајморски градови, пред публика од различни етникуми, земји и континенти. Незаборавни биле тие впечатоци од Дубровник, Улцињ, Копар, Сплит, Будва, и од каде не.

Со овој хронолошки пристап на мини-сагата на Стево, продолжуваме за да се долови мозаикот на неговото време и живот и за да се заокружи еден целовит приказ на неговата блескава кариера.

1vistin123.4589

На Ромскиот фестивал во Индија

Тие немале време за одмор, бидејќи влегувале од една во друга гостувачка тура. Во годините на маестралниот подем на Ансамблот, добиле покана за повторно гостување во Индија од Романолошкиот институт, и за учество на Првиот фестивал на ромската музика во градот Чандигар.

Не само што поканата била прифатена, туку на пат до Индија тргнале малку со авантуристички дух. Толку далеку решиле да тргнат со свое возило минувајќи низ какви сѐ не  предели, планини, реки и долини, снегови и дождови, и сѐ така, до портите на Чандигар. Или тоа со обична математика значи, дека извозиле 7,5 илјади километри пат до Индија, скоро истиот пат како оној на  Александар Трети Македонски.

Иако успеале да стасаат непосредно пред самиот почеток на фестивалот, тоа не им пречело веднаш да се подготват за излез на сцената. Заморот како со рака бил однесен кога излегле пред многубројната публика.

Во сеќавањата на Есма и Стево им е незаборавната атмосфера и реакцијата на публиката. Есма ја отпеала првата песна, па втората, и неколку следни, меѓутоа, од публиката молк. Ниту аплауз, ниту некој да се помрдне од столовите. Од таква невообичаена тишина која ги разочарала, се повлекле, сметајќи дека тоа е големо фијаско, и голем неуспех за нив.

Меѓутоа, само што застанале со наведнати глави зад бината, кога наеднаш одекнал толку силен аплауз кој чиниш урива сè пред себе и траел долго. Целата публика била на нозе и аплаудирала непрекинато. Организаторот неколку пати ги враќал пред публиката Есма, Стево и Ансамблот, така што се создала невидена еуфорија. По еден така голем фестивалски успех тие биле прогласени за „Крал и Кралица на ромската музика и песна“.

1vistin123.45899

Есма и Стево во Индија

Меѓутоа, како што им прилега на „Крал и Кралица“ во престолнината на Индија – Њу Делхи, им укажале висока чест и уживање, претседателот и премиерот на Индија, Индира Ганди, примајќи ги во своите официјални резиденции… Средбата била незаборавна. Многу спомени, многу искушенија. Таму, во Идија Есма ги нашла корените на својот ромски јазик, на своето дамнешно потекло. Сето тоа Есма и Стево го почувствувале со возбуда и одушевување. Затоа, во нивните изјави рекле дека во Индија се чувствувале како дома во Македонија.

По Ромскиот фестивал нив ги чекал далечен пат, нови илјадници километри до дома. Поминувајќи низ таа маршрута, на враќање имале концерти во Кабул и во Техеран. По враќањето од Индија осум месеци концертно ги крстосувале Германија, Шведска, Швајцарија, Франција, Белгија и Данска. Само што ја завршиле таа турнеја, следела нова, двојно подолга. Цели 16 месеци биле на пат во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

По трет пат го прелетале Атлантскиот Океан. Со автомобилот што го купиле  таму, точно 45 дена патувале од  Чикаго и Детроит  до Виндзор и Торонто, од Гери до Кливленд и источниот Њујорк и Њу Џерси. Не се задржале само таму туку продолжиле кон Калифорнија.

Ја минале пустината Невада, стасале до градот на коцката и илуминацијата Лас Вегас за следните патешествија да се случуваат кон Лос Анџелес и Холивуд. Мексико била новата дестинација во чиј главен град Сиудад Мексико биле пречекани многу срдечно и биле воодушевени од големото внимание и раскошот на животната средина и окружувањето.

Првиот концерт го одржале во југословенската амбасада, другиот во Националниот парк, а третиот настап било 30-минутно шоу на телевизиската мрежа чија програма од Мексико била пренесувана во голем дел од латиноамериканските земји и во САД.

Цели две години Есма и Стево со нивните музичари тогаш биле на долго патување низ целиот свет. Конечно, се вратиле во Белград. Тогаш ја промовирале идејата наречена „Уметниците – за доброволните дарители на крв“. Така одржале доста концерти со хуманитарен предзнак, најпрво во Србија.

Набргу потоа акцијата ја продолжиле во Република Македонија. Заедно со македонскиот Црвен крст организирале 11 хуманитарни концерти и тоа во Кочани, Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Титов Велес, Виница,Тетово и Кичево. Сето тоа било за хуманите луѓе кои доброволно дарувале дел од најценетото во себе – крвта.

Концертот во родниот град на Стево, во Кочани, бил одржан кога бил и свечениот чин на отворањето на Домот на културата. Место кое денес претставува значајно собиралиште и сцена за сите идни приредби, културни настани, а особено за младите луѓе кои  имаат свое убаво катче. На Стево му се вратиле спомените од неговите младешки години, кога речиси во никакви услови се трудел, работел, се ангажирал и така создал свој музички имиџ.

Веќе ги отпакувале куферите, а Есма и Стево со другарите биле поканети повторно да патуваат во Индија. Откако биле возвишено испратени од Првиот фестивал на Ромите, и по постигнатиот успех, тие заминале да учествуваат и на Вториот фестивал кој го отворила Индира Ганди, а настапот на Ансамблот „Теодосиевски“ бил проследен со многу симпатии. Во Њу Делхи се сретнале со претседателот на Републиката, кому му донеле дарови од својата татковина.

Тогаш одржале специјален концерт во претседателската палата. Исто така, присуствувале на 94. роденден на легендарната личност на Индија и светот, Џавахарлал Нехру, во неговиот град Алахабат. Таму била и родната куќа на Индира Ганди. Се разбира, и сето тоа не поминало без музичкиот настап на Есма и Стево. Првиот концерт бил одржан претпладне за младите, а вечерта следел свечениот дел пред околу пет илјади поканети  угледни гости од целиот свет.

И така деновите, месеците, годините минувале.

Сѐ поисполнета, побогата и позначајна станувала биографската реденица на Стево Теодосиевски. Човекот кој од своето Кочани кинисал по музичките хоризонти, постигнал исклучителни успеси, а крај себе ја имал и неговата Есма. Тандемски ги обиколиле континентите, градовите и државите. Научиле музички и воспитале човечки, многу млади таленти, и тоа станало дел од нивниот живот.

Дале илјадници концерти. Настапиле на сцените од студениот Сибир, до врелата Невада. Од Мексико до Шведска. Од Канада до Австралија. Од Индија до Египет. Од Шпанија до Германија, од Швајцарија до Иран…

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top