Култура и туризам

ЦРКВИ, МАНАСТИРИ И УЧИЛИШТА ПОСВЕТЕНИ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, КЛИМЕНТ И НАУМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА (9)

789000120903

789000120903

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН 

За големиот интерес и покажана чест кон светите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски во Македонија укажуваат и црквите и манастите што го носат нивното име. Уште со развојот на нивниот сеопшт и светителски култ во средниот век, во Македонија се изградувале цркви и манастири во нивна чест.

Седумнаесет верски објекти регистриравме со името на светите Кирил и Методиј, од кои 11 во Републиката и тоа во: Скопје (во населбата „Методи Андонсв-Ченто), Скопје (во населбата Ново Лисиче) во формирање, Прилеп (параклис), Тетово, Струмица, Гевгелија, Ресен, с. Стење (Ресенско), с. Лознани (Битолско), с. Мојанци (Кочанско) и с. Ѓуриште (Свети Николско), манастир, а во дијаспората во Сиднеј во (населбата Розбери) – Австралија, Бафало (во државата Њујорк), САД, Пасаик (во државата Њу Џерси), САД, Чикаго, САД, Штутгард и Дортмунд, Германија.

Со името на Свети Климент Охридски се јавуваат 19 верски христијански објекти, од кои 8 во Републиката и тоа: во Охрид (катедралната црква), Скопје (Соборниот храм), Битола, параклис, Кавадарци, Велес (црквичката што е во состав на Повардарската митрополија), во населбата Чашка (Велешко), с. Климештани (Охридско) и во Охрид (старата црква сега позната како Имарет), а во дијаспората во Торонто, (во провинцијата Онтарио) Канада, Лорејн (во државата Охајо), САД, Њујорк (во државата Њујорк), САД, Мелбурн (манастирот во Кинг Леик), Австралија, Канбера, Австралија, Порт Кембла (во државата Нов Јужен Велс), Австралија, Гетеборг, Шведска, Копенхаген, Данска, Берлин, Германија и Париз, Франција.

7890001209034

Најстарото училиштс по Скопје изградсно 1848 годииа, по кое учителствувал Јордан Хаџи Копстандинов-Џинот (18-18-1854)

Со името на Свети Наум Охридски регистриравме верски објекти, во Републиката: с. Љубаништа (месноста Св. Наум на брегот на Охридското Езеро), с. Орман (Охридско), Битола, манастир, Скопје (во населбата Радишани, Попова Шапка (Тетовско), с. Болно (Ресенско) манастир, а во дијаспората; во Аделајд (јужна Австралија), Хамилтон (во провинцијата Онтарио), Канада и во Малме, Шведска.

Меѓу најстарите манастири и цркви што го носат името на светите Климент и Наум Охридски, се нивните истоимени градби подигнати на спротивните страни од Охридското Езеро уште во почетокот на X век, а во 1993 година е подигнат и најновиот манастир „Свети Наум Охридски” на падините на Попова Шапка (Тетовско) и црквата „Свети Наум Охридски” во населбата Радишани, Скопско.

Исто тка во Македонија има и училишта што го носат името на светите Кирил и Методиј и Свети Климент и Наум Охридски. Така, прво училиште на македонски јазик започнало да работи во селото Подвис, Кичевско, на 23 септември 1943 година уште во виорот на војната. Иако наставата траела само 12 дена, отворањето на училиштето јасно зборува за големата верба во победата и македонската самобитност. Училиштето го посетувале дваесетина ученици, а прв учител бил воденичарот Василко Лазаровски-Ристевски.

Од 1944 до денес во РепубЈжка Македонија се регистрирани повеќе основни училишта што го носат името на словенските првоучители и просветители. Тоа се 19 училишта од кои најстарото училиште е во Скопје, потоа во: Битола, Стојаково (Гевгелиско), Кочани, Бучин (Крушевско), Романовце и Орашоец (Кумановско), Канатларци (Прилепско), Злетово, Св. Николе, Кучевиште и Стајковци (Скопско), Луково (Струшко), Дабиња и Иловица (Струмичко), Тетово, Велес, Извор и населбата „Македонка” (Велешко).

Името на свети Климент Охридски го носат десет основни училишта, и тоа во: Битола, Миравци (Гевгелиско), Облешево (Кочанско), Пчиња (Кумановско), и Глоѓи (Тетовско). Името на свети Наум Охридски, пак, го носат две македонски училишта, во Пештани (Охридско) и Булачани (Скопско). Очевидно е дека бројката од 31 училиште, распростанети низ цела Македонија, не е мала.

Сето тоа говори за чувството и љубовта на македонскиот човек, учениците и просветните работници кон словенските првоучители и просветители, светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум Охридски.

Во овие училишта секоја година се одржуваат програми и чествувања по повод патрониот празник. Во нив земаат учество учениците, наставниците, родителите и претставниците на просветниот и образовниот систем во Македонија. Училиштата во Македонија соработуваат меѓусебно, ги следат сопствените и туѓите резултати, а често училишните управи покануваат и еминентни универзитетски професори, кои ги збогатуваат нивните прослави и програми.

Продолжува 

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top