САВО КОСТАДИНОВСКИ
Пејчиновиќ е име
со виделина во зборот
од сонцето на македонскиот јазик
Кај Пејчиновиќ немало
неизречени зборови
и во биднината на друга јазичност
љубопитно за да се препее-помакедончи
штом и зборот отвора простори
во кои можат да се поимаат културите на светот.