Историја

Смртта на војводата Христо Узунов – случајност или предавство

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Во пантеонот на македонските револуционери значајно место зазема и прочуениот охридски војвода Христо Узунов,неприкосновен борец за слобода,јунак кој го даде својот живот како саможртва заедно со животите на неговите четници.

Сепак до ден денес во македонската историја не се знае дали смрта на војводата Узунов била предизвика од случајно откривање на неговата чета од турските власти или пак тој го изгубил животот како резултат на предавство.

И за едната и другата теорија има доста докази,најпрво ќе ја разгледаме можноста за случајно откривање на четата од страна на турските власти.

Клучни моменти за разврзувањето на овој настан се случувањата што се случувале од 4 до 11 април 1905 година. Во истиот период во Крушевско се наоѓал османскиот жандармериски полк со заменикот командант, поручникот Изрет. Самиот Изрет известува дека од османскиот информатор добил податоци за четата “која се појавила во селата Журче и Белино и се префрлила во Годивје, а оттаму заминала за Селце. Макар и да имав намера од почетокот, известува Изрет, да заминам лично за Селце и да се информирам на самото место, нашиот посматрач ме разубеди во тоа, кога ми рече дека, востаниците демнат и дека нивното уништување е тешка работа… Во недела утрина, рано, посматрачот пак дојде кај мене и ми соопшти со најголема сигурност дека истата чета минала низ Арилово, а приквечер оттаму за Цер…”

Иако името на османлискиот доушник останало непознато,тој го известил поручникот Изрет за движењето и бројноста на четата,па така четата која воопшто немала намера да го прогонува Узунов сега се впуштила во сериозна потера.

Другата верзија односно теорија е дека војската не ги открила случајно четниците преку својот извидник,туку дека тоа тоа е предавство кое произлегло од самата револуционерна организација а во која главната вина се префрла врз сарафистите Алабакот и Лигушев.

Во овој период од Бугарија со 18 четници ќе пристигне Иван Алабакот кој бил краен сарафист и заедно со Петар Лигушев го преставувале,сарафистичкото крило во Битолскиот револуционерен округ а Христо Узунов бил краен противник на истите. Алабакот постојано се борел да добие свој реон на дејствување но никако тоа не му успевало. Па затоа заедно со Петар Лигушев ќе сковаат план за Алабакот да го превземе реонот на Христо Узунов.

Борбата во село Цер меѓу Узуновата чета и одредите од Крушево и Прибилци започнала утрината на 11/24 април. Четата направила обид да го пробие обрачот, но откако во битката загинале Ванчо Србакот и Узуновиот четник – Наумче, четата се вратила во куќата на Костадиница Стојанова Паунова, која куќа била солидна и погодна за престојната борба. Борејќи се до претпоследниот куршум, Христо Узунов со своите другари последните куршуми ги истрелале во себе си, несакајќи живи да се предадат на османлиските власти. Сето ова дејствие оддалеку било надгледувано од Иван Алабакот кој пак стоел на сигурна оддалеченост и си гледал сеир. Иако правилата на Организацијата строго одредувале дека при опасност и при опсади четите мора да се помагаат меѓусебно а отстапката од овие правила се казнувала со смрт.

Иван Алабакот никогаш и не бил казнет за оваа постапка поради тоа што на чело на Битолскиот Револуционерен Округ се наоѓал Петар Лигушев, негов искрен подржувач и истомисленик окоравен сарафист. За овој настан војводата Aтанас Митрев ќе каже:“оформениот и докажан предавник и шпион Петар Лигушев. По наша увереност, вели Митрев, ако тој шпион и предавник немал никакви врски со Алабакот, последниот не би смеел да гледа сеир кога аскерот одел во Цер, и кога ја опкружуваше четата на Узунов, зашто како стар војвода, тој знаеше што го очекува за таков сеирџилук”‘. Бидејќи Алабакот не претрпел никаква казна за кршењето на еден од основните принципи во организациониот живот, тоа може да значи дека стореното или било наредено од Лигушев или одобрено од него. Истиот за жал ќе биде предавникот и на Узуновиот другар – Ѓорѓи Сугарев. Кон ова би го кажале и додатниот аргумент, дека, Лигушев во својство на претседател на Окружниот комитет имал можност да го определува движењето и маршрутите на четите, така што можеби тој (или преку свој човек, османлиски шпион) можел точно да го предаде движењето на четата на Узунов за таа да биде сосема уништена.

Од се наведено можеме да заклучиме дека се работи за смислено предавство од страна на Алабакот и Лигушев а не за случајно откривање од страна на османлиите,па дури оваа можност ја смета за веројатна и самиот Христо Узунов.

Со ова предавство македонскиот народ изгубил еден голем херој. Револуционерното движење заслабнало и се отворил терен за продор на туѓите интереси врз Македонија.

Сведок на сликата на простреланите четници бил Италијанецот Еторе Лодди кој запишал: “На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. – Труповите на единаесет млади јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв… Ја видов Македонија во тој момент – маченица, велика, непобедива!

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top