На прво место

СДС и ДУИ и од опозиција се обидуваат да го закочат реформскиот процес

СДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда.

На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања.

Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат.

СДС и ДУИ 7 години беа на власт и не испорачаа никакви реформи, а денес од опозиција повторно одбиваат да ги поддржат и на тој начин се обидуваат да ги закочат процесите.

Наместо да придонесат кон побрза реализација на реформите и исполнување на обврските што државата ги има преземено, СДС и ДУИ здружени пак во опозиција избираат политички блокади.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи таквите обиди да го забават реформскиот процес. Сите законски решенија предвидени со Реформската агенда ќе бидат донесени во утврдениот рок, затоа што интересот на Македонија и исполнувањето на реформските обврски се над партиските калкулации и нема да дозволиме обидите за собирање на политички поени на СДС и ДУИ да го спречат напредокот на државата.

Најново од: На прво место

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите, казни до 2.000 евра

Поради зголемената опасност од шумски пожари, движењето во шумите и шумското земјиште ќе биде дозволено само со писмено одобрение од надлежните институции. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја извести јавноста дека, согласно насоките од Владата и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, е […]

Мицкоски: Со Мерц и Макрон разговаравме за нов модел на евроинтеграции

Целта е преку Планот за раст, Реформската агенда и слични механизми да се поттикне побрзо интегрирање на Западен Балкан во Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон разговарале за нов модел на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Според Мицкоски, сегашниот модел […]

Митева: Филипче не може барањето за правда да го претставува како закана

Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби не може барањето за одговорност да го претставува како политичка закана, порача Марија Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, во гостување во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24, се осврна на случувањата на собраниската седница за пратенички прашања. Митева посочи дека претседателот на Владата, […]

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го промени знамето, името, а сега да прифати дека Македонците не се Македонци

Поранешниот турски министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу од Скопје упати јасна порака дека Европската Унија мора да биде отворена и искрена со земјите кандидати, а не постојано да поставува нови услови. Мевлут Чавушоглу, шеф на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, на меѓународната конференција […]

Персоналните решенија ќе се знаат по состанокот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека деталите околу реконструкцијата на Владата, вклучително и персоналните решенија, ќе бидат познати по состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да се одржи во вторник, 30 јуни. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека процесот на реконструкција на Владата влегува во завршна фаза, но дека конкретните персонални […]

Филипче подготвен за нови отстапки наместо цврста одбрана на националните интереси

Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се оспоруваат македонскиот идентитет, македонскиот јазик и историската посебност на македонскиот народ, Венко Филипче молчи и ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост. Наместо јасно да ги брани […]

Александар Македонски пред 2300 години обедини континенти, ЕУ не успева ни Европа

Ако Александар Македонски пред повеќе од 2300 години успеал да обедини различни народи, култури и цивилизации под една визија, тогаш сосема оправдано е да се постави прашањето: како денешната Европска Унија, со илјадници функционери, дипломати, комисии и институции, не успева да обедини ни сопствен континент? Одговорот е едноставен. Затоа што Александар градел со почит, а […]

Мицкоски: Со протекување на дипломатска нота во Бугарија е загрозена безбедноста на моето семејство

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ги информирал партнерите во НАТО за сериозен дипломатски преседан во Бугарија, откако на социјалните мрежи била објавена заштитена дипломатска нота која, според него, ја загрозила безбедноста на неговото семејство. Како што пренесе 4news.mk, станува збор за официјален документ што македонската амбасада во Софија го испратила до бугарското Министерство за внатрешни […]

To top