Историја

Разликата помеѓу Аристотел и Платон е исто што и разликата помеѓу Македонија и Атина

plato-aristotel

plato-aristotelПомеѓу Аристотел и Платон нема никакви допирни точки, нема ни неутрална зона на спротивставените филозофски учења за светоглед.

Вака изгледа идејата за битка кај Платон: природата е копија, сенка на совршената идеја како основа на с#. Не постои убаво, убаво може да биде само мислата за убавина. Доброто е идеја за добрина. На државата не &  се потребни уметници, да се протераат надвор од ѕидините на државата, да не прават копирање на копијата.

Идеалната љубов е помеѓу хомосексуалците, опишана од Платон во „Гозба“. Спознавањето е можно кај филозофите кога мислат се сеќаваат и со тоа &  се доближуваат на идејата во царството на постоење.

Платон реалниот свет го заменил со мисловна апстракција, за да ја оправда државичката Атина со сите аморални постапки. Затоа во пракса, доброто, убавото, вистината, не се достапни за сите, тие се само сенки на недостижната идеја. До вистината се доближува само филозофот затоа тој, филозофот цар, треба да управува со државата. Така, Платон несвесно призна дека само Македонија е идеална држава со која раководат цар и филозоф – Филип и Аристотел. Во исто време ја потврди политиката на Атина зошто ги протерувала уметниците надвор од ѕидините на државата и ги убивала. Сите тие силни луѓе како Фидие, Сократ, Протагора, Агатон, Еврипид, Тукидит и многу други, беа метоци, странци и противници на јаловата филозофија за држава, што под демократија ја практикуваше Атина. Тоа Платон го пишува во „Држава“. Таквата туѓа идеологија, покрај Филип и Аристотел, не можеше да се проври во Македонија што имаше своја витална филозофска мисла, моќна монархија, оратори, уметници на многу широки простори, околу сите мориња. Аристотел мораше да го побие Платон и да го отфрли со многу разложната критика на идеализмот. Младиот Аристотел, како да му бил учител на стариот Платон, му ја одржал најлогичката лекција и го наговестил најголемиот настап на Македонија на светската сцена, со една космоплитска, а тоталитарна визија на науки и филозофија, лекари, оратори и врсни династи. Како што се разликува Атина од македонската држава така се разликува Платон од филозофијата на Аристотел. Аристотел му укажа на слабостите на Платон, го искриткува, го поби и го отфрли. Затоа Платон, современик на Архелај и Филип во најголемиот успон на Македонија, никаде не ја спомнува Македоднија и ако лично го познавале македонските филозофи и оратори, софистите, чии дела присвојувал. Тој се притајувал покрај нивните мисли и ги прикажувал како свои. Затоа три пати патувал во Сицилија и лично не можел да го види Аристотел во Атина, дури и да бил таму.

Аристотел темелно го искритикувал Платон, велејќи дека Платон врши двостручување на светот на идеи и на природата како сенки, на несовршени копии.

– Платон не го разбрал движењето и го исклучил во корист на умртвената идеја, за да не се накрни ако се движи. Не сфатил дека идејата е одраз на природата, а не обратно, па така создал обратна слика за светот.

– Спознавањето не може да биде сеќавање на душата на царството на идеи каде што се враќа по смртта. Со тоа најавува гносеолошки нихилизам, наспроти Аристотеловиот рационализам.

– Ако основа на с# постоечко е совршената идеја, тогаш каде се идеите за лошо, грдо, зло. Зарем постојат лоши и грди идеи? Ако е така, укажува Аристотел, мора нешто да недостасува кај идеалноста на идеите или кај идејата за сенките.

– Ако надвор од човекот и неговата свест, постои убаво и добро, само во идеја, како тоа може да биде убаво и добро за сите луѓе и сите времиња, без реален допир за самите луѓе.

Со идејата за држава Платон го оправда протерувањето на уметниците од Атина за да ги прибере Архелај и Аминта. Аристотел во „Поетика“ го истакна значењето на сите уметности применети во Македонија, со што покажа колку е Македонија несигурниот извор на творештвото на сите подрачја. Прилог – богатство на артефакти.

Под точката разно ќе напоменеме дека оваа критика што ја направил Аристотел е наговестување на неговиот систем и класификација на науките што &  овозможи на Македонија, со новата визија за држава, наука и филозофија да просперира во светски размери. Познавањето на Аристотел претставува познавање на Македонците, што остварувале политика, во склад со филозофијата. Одвоеното разгледување на Филип и Аристотел и нивното взаемно надополнување има за цел да се нанесува штета на успехот на Македонците и штета на научната вистина. Поврзувањето на Платон со Аристотел е невозможно, неодржливо во спротивставеноста. Прогресот и иднината остана на македонска страна. Атина имаше таква држава каква што имаше филозофија. И двете заедно пропаднаа. За тоа е многу заслужен и Демостен.

Ораторството во Македонија е продолжена традиција од Илијада. Тоа е подготовка на владетелот преку говор да го убеди народот и фалангата во своите намери. Затоа Аристотел го учел Александар и царските другари, млади принцеви и кнезови и сите свои ученици, прво на говорништво, потоа на с# друго. Александар пред секоја битка ја храбрел фалангата со убедување во победа. На тоа го учел Аристотел, убави говори се слушале на прослави и на обраќањето на македонскиот цар кон народот.

Македонски изум се дијалозите, разговорниот метод, прашања и одговори во Дионизиските походи, во драмите, во образложувањето на темите кај Аристотел и Софистите, кои ја имале моќта да ја докажуваат вистината низ ораторство. Семето на реторика во монолог, дијалог, драма и дијалектика било расеано од Сицилија до јонските крајбрежја и најмногу во центарот на Македонија, во Пела и Пелагонија, каде што постојат светилиштата, ротондите, театрите, каде што учеле, работеле и проповедале подеднакво царот, ораторот и научникот филозофот. И апостолите подоцна ја вршеле истата работа како што тоа го правеле Аристотеловите ученици и на истите места низ Македонија.

Ѓорѓија со своите свечени говори вршел големо влијание врз драмите на Еврипид, Агатон, говорите на ораторите, пишувањето на Тукедит и целата елита од Македонија. Тоа е јазикот на Аристотел и Александар како коине на којшто зборувала фалангата и ја разбирале сите народи по светот. Атина се окомила на ораторите и филозофите, и еден дијалект се наметнува и пустоши со “грчки” насилства и со јазикот. Ѓорѓија имал голем број школи и ученици насекаде низ Македонија, како и Аристотел подоцна, што го усовршил тој систем на образование со сите македонски карактеристики. Голем е списокот на видните луѓе и ученици со кој се гледал Ѓорѓија во времето на Архелеј и Аминта. Истите Ѓорѓиини ученици се Аристотеловите учители и многу поголем е бројот на учениците на Аристотел низ Македонија меѓу кралевите од Египет до Ерменија и Сицилија. Меѓу нив нема ниеден ученик од Платон, ни од Атина. Самата Сицилија била дел од македонското царство и традиција со Дион и Дионис, наречен тиранин од Атина заради што, Платон не можел да врши пропаганда на дворот и Ѓорѓиините ученици и Елејците таму. Сицилија и Пела била собиралиште на прогонетите филозофи од Атина.

Никој не се прашува зошто Атина го протера Алкибијад и зошто неговиот поход пропадна во Сицилија и исто како Тукидид, дојде во Македонија и го продолжи дружењето со македонските филозофи и политичари, тој тука припаѓаше и во времето на Сократовата смрт кога Атина посегаше по сите интелигентни метоци. Алкибијад продолжи да се дружи и со Тукидид и со Еврипид. За тоа можеме да најдеме потврда во животописите кај Плутарх. Раскажувајќи за животот на политичарите тој не може да ги заобиколи животите на филозофите и говорниците. Целата таа граѓа во Рим произлегува од архивите во Македонија и Александрија, затоа меѓу редовите белеснува по некој факт со целата вистинитост како што е тоа и кај Полибие, Лиерцие, Руф, Цицерон и другите. Таквите одблесоци ги користам овде.

Времето во Антиката го одбележува Македонското царство, ораторите, филозофите и најславните луѓе со енциклопедиско знаење како Ѓорѓија, Демокрит, Аристотел во соработка со Архелај, Филип и Александар. Сите други филозофски школи само ја продолжуваат истата традиција во проширеното владеење на Македонците во Александрија, Пергам, Антиохија и низ Европа. Целиот среден век во схоластичката, теорија или теологија во црковните школи, го третира Аристотел како авторитет зошто нема поприкладна аргументација да ја образложи религијата. Ги презема говорите, проповедите на Ѓорѓија, како пеење на свештенството во црквите, нови мегарони од македонските царски градови.

Ренесансата била возобновување. На што? На македонското просветителство, Софистите оратори, Аристотеловите науки за физика или природа, потсетување на категориите, посебно супстанцијата од Аристотел, разработување и кај емпиристите и кај рационалистите. Како учењето за супстанција е разработено од Декарт, Спиноза Лајбниц ни ја дава потребата за развој на науките и технологијата во развојот на капитализмот. Буржоазијата се надоврза на Аристотеловите методи за да го разбере стоковото производство. На логиката и методите се најдоа нови толкувачи на тоа што Аристотел во своите списи го воспостави. Се ископаа оригинали од загубената библиотека на Аристотел. Кој знае по кој пат делата беа горени. Се врати и инквизацијата од Атина за тие што ги бараа доказите, вистините, анализите, синтезите, индукцијата и дедукцијата, дури и аналогијата и интуицијата од Аристотел. Тие во чиста форма им ги остави Аристотел за да се послужат сите општества, во сите времиња кога бараат пат кон прогресот во политиката и економијата.

Аристотел ни го претстави македонското оригнално учење во сите области и тоа не застарува. Ренесанса е секое навраќање кон изворното толкување за светот во целина што низ науките го претстави Аристотел, тој „Александар Македонски во науките“, како што го нарекол Маркс.

Аристотеловата логика, до Лајбниц и Кант, стигнала непроменета и Кант рекол: Од Аристотел не смее да се направи ни чекор назад, ни чекор напред. Сепак чекор напред е направен во информатиката денеска, кога се искористени законите на мислење од Аристотел во формалната логика како идентитет, непротивречност и исклучување на третото. Овие Аристотелови закони се користат за да се покаже дека во движењето на мислењето постои релативна константност на поимите за да можат да се изразат низ компјутерското програмирање.

Хегел рекол: Најдборото с# до најново време – тоа е она што го имаме од Аристотел. Методата на тријади Хегел ја презел од Македонците и ја внел како теза, антитеза и синтеза. Тоа е дијалектика на дијалозите.

Енгелс во Анти-Диринг рекол: Аристотел е најуниверзалната глава, ги проучил најбитните форми на дијалектичкото мислење. Формата на дијалози постоеше кај Сократ, Софистите, драмите на Еврипид и се здоби со совршенство во тезите и говорите на Аристотел пред филозофите, кралевите, генералите и сите ученици. Голем е бројот и на учителите и на учениците на Аристотел. Тие го покриваат многу поголемото подрачје и временски и територијално од етничките граници на Македонија. Затоа не треба да се разгледува одвоено тоа што го постигнаа заедно македонските кралеви, оратори, филозофи, туку заедно со Филип и Аристотел.

Ангелина Маркус

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top