САВО КОСТАДИНОВСКИ
МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ
Во оваа древна библиска земја
со восхит и почит секој слуша
за светата мајка црква –
мевлем за сечија душа.
Поткрепа за благочестиот народ.
Црквата му е како десна рака,
и како свет патоказ кон Бога
е израз на љубов од срце што сака.
Да ги спомнеме: „Света Богородица“,
„Света Петка“ и црквата „Свети Спас“.
И „Свети Никола“ и „Света Софија“…
Црквите се вечен македонски глас.
А како верници, со благочестив дух,
вака секогаш ќе си велиме:
од нашите мајки – православни цркви,
никогаш не се делиме!