(29 септември 1944 година)
Записник бр. 1 од Привременото претставништво на ДФ Македонија во Бугарија (претставник бил Кирил Миљовски, н.б.), со задача да го претставува Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија пред бугарската Влада, пред Националниот комитет на О.Ф. и пред македонската емиграција во Бугарија, бидејќи тоа полномошно е всушност и од Президиумот на АСНОМ… Комитетот реши да се именува Привремено Македонско претставништво во Бугарија. Како главна задача на претставништвото е како што следува:
1. Грижи за побрзо и поголемо набавување оружје, облека и сл., како за бригадата “Гоце Делчев”, така и за војските…
2. Раководство и контрола над бригадата Г. Делчев и врбување доброволци за македонската војска;
3. Организирање пропаганда општо и поспецијално среде емиграцијата;
4. Специјални грижи за бугарска Македонија – Г. Џумајска област;
5. Примање на Македонскиот научен институт – Народниот дом, на ул. Пирот бр.5. Уредување на прашањето на Македонскиот научен институт, Македонската Народна Банка и други прашања од таков карактер…
ДАРМ, Ф: Привремено македонско претставништво во Бугарија, Проколна книга, стр.1-3