Историја

Протокол за обединување на македонското револуционерно движење од 1924 година

protogerov-caulev-aleksandrov

protogerov-caulev-aleksandrov

Виена, 30 април 1924 г.

„

ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДВИЖЕЊЕ

Потпишаните, ја изјавуваме својата длабока убеденост дека успехот на ослободителната револуционерна борба во Македонија при денешната балканска и меѓународна политичка положба, е можен само кога таа борба ќе биде положена врз следните основи: 1. Ослободување и обединување на распарчените делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни етнографски и географски граници.

2. Кога политичкото постоење на независна Македонија ќе биде гарантирано од сојузот на самостојно определените балкански народи во една Балканска федерација, која единствено може да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и европските држави, да го осигура правилното разрешување на сите нацианални спорови и да го гарантира културниот развиток на сите етнографски малцинства.

3. Кога борбата за ослободувањето на Македонија и за образувањето на Балканската федерација ќе смета првенствено на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, и кога таа борба ќе биде поведена во тесна соработка со другите балкански народи, на прво место со балкакското комунистичко движење.

4. Кога таа борба, доколку нејзиниот успех зависи од меѓународната политичка положба, смета и се опира исклучително врз револуционерните и прогресивни движења во Европа, на чело со комунистичкото и врз сестраната поткрепа на СССР, кој единствен денеска се бори за ослободување на потиснатите народи, за нивното вистинско самоопределување и федерирање и кој мема никакви завојувачки цели на Балканот.

Со оглед на тоа, првата и најпрека задача на македонската ослободителна борба е обединувањето на сите револуционерни сили во Македонија во единствен македонски револуционерен фронт, како основа за образувањето на единствениот балкански револуционерен фронт, кој ќе поведе најрешителна борба против анексионистичките и империјалистичките политики на сите балкански и европски држави.

За остварувањето на единствениот македонски револуционерен фронт, страните заинтересирани во македонското револуционерно движење го сметаат за неопходно и наложително следното:

1. Обединувањето на целото македонско револуционерно движење во една организација и под едно идејно знаме, кое може да биде само гореизложената програма.

2. Тоа обединување треба да биде извршено од обединителниот конгрес, свикан врз основа уставот и правилникот на ВМРО.

3. Со оглед на тоа што условите за свикување на еден обединителен конгрес не се уште узреани и се налага извесна предходна работа за создавање на поволна атмосфера за свикувањето на тој конгрес, двете страни се согласуваат во следното:

а) Да ги прекратат сите непријателски дејства помеѓу себе, запазувајќи полна слобода само за организационата дејност на двете страни врз основа на гореизложената платформа.

б) Едновремено со тоа заемно се укинуваат сите смртни пресуди и прогони против одделни членови, организациони чети и др.

в) Да се востанови една општа согласителна комисија во состав по еден претставник од двете страни и еден член, назначен по желба на двете страни.

г) Задачите на согласителната комисија се следните: да работи за отстранувањето на сите конфликти што можат да поникнат меѓу двете страни; да подготвува услови при кои може да се постави прашањето за свикување на обединителниот конгрес; да работи за распространувањето во иностраниот печат на идејата за неопходноста од единствен македонски и балкански револуционерен фронт и Балканската федерација; да го уреди издавањето и редактирањето на општиот иностранен и периодичен орган под името „Балканска федерација”.

5. Овој протокол е составен во два примерка, потпишан од секоја страна пооделно.

Виена, 30 април 1924 г.

Централен комитет ва ВМРО А. Протогеров П. Чаулев Т. Александров

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top