Македонски легенди

Манчу Матак

1uk2

1uk2

Манчу Матак (1920  – 25. V 1944), е македонски комунистички деец од влашко потекло, учесник во Априлската војна (1941) и Народноослободителната војна (1941 – 1945). Загинал при напад на бункер на германските сили. Бил прогласен за народен херој на Југославија.

Манчу Матак е роден во 1920 година во Крушево, во занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште го научил кројачкиот занает. Покрај тоа што бил активен во фудбалскиот тим на неговиот град, тој бил и член на нелегална левичарска младинска организација. Во 1938 година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија.

Во 1940 година заминал на отслужување на воениот рок во југословенската кралска армија Белград и за време на Априлската војна во 1941 година паднал во германско заробеништво. Во Крушево се вратил на почетокот на јуни истата година. По враќањето станал член на Месниот комитет на КПЈ за Крушево, бил задолжен за партиска техника и почнал да работи на подготовките за вооружена борба против окупаторот.

Во почетокот на 1942 година, Манчу Матак бил уапсен под сомнение дека дистрибуирал нелегални летоци за време на штрајкот на тутунските работници. Прво бил затворен во Крушево, а потоа бил префрлен во Битола, каде што бил мачен и испрашуван. Откако полицијата не успеала да извлечи податоци за отпорот, тој бил префрлен во Скопје, каде исто така ништо не кажал, па во јуни бил пуштен од затвор. Набргу потоа заминал во партизанскиот одред „Пита Гули“, каде станал секретар на партиската ќелија и заменик политички комесар.

Во април 1943 година, Манчу Матак се вклучил во партизанскиот одред „Кораб“. Наскоро, заедно со дваесет борци од одредот, тој бил заробен од балистите. Првично бил држен во затвор во Тетово, а потоа префрлен во Тирана. По капитулацијата на Италија во септември 1943 година, Манчу бил ослободен и повторно се приклучил на ослободителното движење. Тој станал командант на прилепската чета на баталјонот „Мирче Ацев“ на Првата македонско-косовска бригада. Со овој баталјон учествувал во второто ослободување на Кичево, во одбраната на слободната територија во Дебарца и во борбите кај Караџово, Тушин и Фуштани.

Манчо со својот баталјон се приклучил на Втората македонска бригада, која била формирана на 20 декември 1943 година. Во 1944 година со бригадата учествува во битката кај Мрежичко и при преминувањето на Црна Река. На 25 мај 1944 година била донесена одлука да се уништат четири германски бункери кои го штителе рудникот во селото Витолиште. Манчу имал задача да го нападне најистакнатиот дел со својата чета и да ја премине чистината до рудникот. Бункерите на крајот биле уништени, а рудникот бил онеспособен за понатамошна експлоатација. Но, за време на вториот напад, Манчу бил смртно застрелан од митралез.

Со указ на Президиумот на Народното собрание на ФНРЈ, на 20 декември 1951 година Манчу Матак е прогласен за народен херој.

1Tihomir Т.К

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top