Историја

Јане Сандански : “Да живееш значи да се бориш – поробениот за слобода, а слободниот за совршенство”

“Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маси дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поробат”.

,,Вие (врховистите) ја сакате слободата на Македонија и Одринско како етапа на идните Ваши завојувања и анексии, додека кај нас слободата е легната во основата како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас – Внатрешните и Вас – Врховистите”!

“Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме”.

“Првпат агитирав во смисла да се постави Организацијата самостојно, да се почувствува населението слободно, на тој начин што ќе се отстранува од турските власти и што ќе се концентрира власта во рацете на Организацијата, така што населението на дело да види малку слобода, да ја осети таа слобода и да ја засака”.

,,Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарска тиранија и бугарскиот кнез. Ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците!”.

“Јас не очекувам брзо ослободување на Македонија. Тоа може дури и да не дојде додека сум жив, но јас сакам да го зачувам народот и да го организирам и ако тоа стане, тој сам ќе си ја извојува својата слобода”.

“Ние не ја мразиме Бугарија и нејзиниот народ, туку се спротиставуваме на нејзината политика, која е спротивна на нашите идеали и интереси”.

“Да пиеме за слободна и автономна Македонија за која се бореа и дадоа скапи жртви сојузените балкански народи” – на банкетот во Солун, по повлекувањето на Турците 1912 година.

“Ние водиме борба против вас, врховистите, затоа што сакате да ја потчините Организацијата и да ја направите орудие на бугарскиот дворец. Со вашата оружена интервенција во Џумајско, вие на ослободителната борба и придадовте карактер на вештачко движење кое се инспирира од вас од официјална Бугарија, а не од внатрешността и од самиот поробен народ. Со тоа вие и го убивате престижот и оставате впечаток дека ние сме орудие на бугарската држава, и со сето тоа мy пречите на ослободителното дело. Ние решително им се спротивставивме на вашите офицери зашто го знаеме нивното воспитување, нивните интимни замисли. Тие се луѓе што дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, и тие не можат да бидат ништо друго освен нивни слепи и послушни орудија. А пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други такви, па ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население, тие ќе му диктираа да го бара приклучувањето на Македонија кон Бугарија, како што стана со Источна Румелија во 1885 година. Ние ја месевме погачата, вие ќе ја јадевте.”

“Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население.”

“Ние имаме своја аграрна програма тесно поврзана со нашата општа политичка програма: првата се изразува низ барањето за доделување на земја на селаните, а втората, политичката, се содржи во барањео од Македонија да се создаде автономна област во рамките на отоманското царство. А најмногу од се друго се плашиме од тоа нашите “мили пријатели” Бугарите, Србите и Грците, да не дојдат да не “ослободуваат”, зошто тие, всушност, ќе дојдат да не поробат.”
“Од несреќата од Версајскиот договор нашиот народ ќе ја има, наспроти сите неволји, барем таа добра страна, што ќе се ослободи еднаш засекогаш од опекунството на една политика, која е секогаш готова да го жртвува секое парче од неговата земја и ќе раскине дефинитвно со одродени македонски синови, кои наоѓајќи се далеку од неговата несреќа, одамна заборавиле дека дошле од македонската земја, упорно ја потпомагаат таа политика на тргување со нашата татковина, меѓу другото, и во знак на благодарност за добриот живот и поминот на кој предавнички се радуваат поради нејзиното богато покровителство. Да извлечеме реална поука од сето тоа и да се подготвуваме уште од сега за блиското остварување на чистиот македонски народен идеал”.

Македониум

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top