Култура и туризам

МАКЕДОНИЈО, ТЕ САКАМЕ (во сите твои бои)

1emili22

1emili

1 emili2

Марија-Емилија КУКУБАЈСКА и Емилија Кукубајска

МАКЕДОНИЈО, ТЕ САКАМЕ (во сите твои бои) 

Љубовта кон македонската духовна и материјална култура 

Златна Македонијо:

Житото – лебот, или срцето – душата твоја? Што ли е послатко

Во тебе, и што поблагородно и позаслужно за милоста Божја!?

Те сакаме! Чувај се! Зашто не е злато се’ што свети, од надвор!

Македонијо, Црвена

Од исконска љубов кон вистината со божја сила запалена,

И по крвави милениуми неистината иако распарчена.

Од сите Светски сонца само твоето ли е за криење? Зошто? Во крвта ни е!

Македонијо Сина –

Небо наше, плашт душевен, од свето срце исткаен,

Во тебе да се обвиткам, да ме грееш со топлина

Родителска, кон чисти, нови дела да се возвишам.

Македонијо Зелена –

Твоите лиснати пердуви, пилиња меки, распослани

По рид, по дол, за плодност, за песна, за храна и сила:

Со розова дланка ги поминувам, галам, благословувам

Македонијо Бела –

Пожелувам снегот да е заштитен кајмак против болести

А почвата твоја под него – трпеза на здравјето, братски

Сите да ја делиме, да славиме радост – и да преостанува…

Македонијо Сребрена –

Водени бранови вековни рани ни миеле. Под површина – раните,

Ракли ни риеле – и за нив ни светски лек немало. Но сега надоаѓаат

Кошници со новородени водачи – за тебе да се борат, оти те љубат.

2.

Македонијо славна, невесто со шарени чеизи –

Плодовина Духот,

За нив да наздравиме, со љубов да ги сееме, со радосен мир, трпеливи,

Милозливи. Жетвите — желно, животворно да ги раснеме

За Доброто Утре.

Те сакаме, Македонијо! Со Бога напред, во тебе

Веруваме! На Здравје!

Те сакаме, рожбо наша поробувана, грабана, ипродавана,

И пак со чиста љубов, плачно но надежно и верно што ги дочекуваше

Сватовите, а по свадби, гозби и селидби, без најмили чеда свои пак што остануваше.

До кога ќе простуваме, премолчуваме, дозволуваме

Децата под лажно врвни вршници да ни ги загреваат

Против себе, против Родителското?

До кога вештачки вредности

Да ни ги хранат нив, да се откажат

Од природни права наши на пра-писма, пра-говор,

Пра-вери и пра-ери?!

Милинаши, мирнимајки, мудритатковци, претци

Прекрасни, дедовци дотепани, изработени, баби

Ограбени, а младина труена, ослепувана,

Заглушувана, втерувана и сега во канали на

Новодобска зависност од Невистината – само едно

Име имаме, а илјада и еден ненаш, неверен антоним.

Но, Македонцисме, Македонијо! Од Бога крстени,

А не од зли кумови пре-крстени.

Што ли ќее, мајко, зоштоли:

Таман помислуваме дека пролетни пролетувања

Отвораат збор и говор,

Прозор и врата кон светлината – а еве ти ги 

Злите, подлите духови –

За етики и анти-антики зборуваат,

А добриот самариќанец го каменуваат,

Озборуваат – по светот и дома, знаат

Она што го прават дека смислено против правдата и мирот е,

А наводно го бранат најдоброто наше, името на Народот свој.

Боже, чувај не од таквите, фарисеи

И во оваа, земја

На Александар, на Павле,Климент, Кирил, Марко, Самуил, На Охрид,Бистра и Шара,

Шарена убавице наша, Македонијо сакана,

Многу, премногу не пријатели имаш.

Што ли се не имаш сторено против непрадвата, та не се имаш одморено

Од проклетства историски – искривени, подивени

Грешници, и од помор-горештини без настрешници…

Само небата, само тие ти остануваа покривка, сестро,

Само тие, Божја заштита, над висови и падини верно

Те вардеа и штитеа за спас, за нас, за ретките слуги

На правдата кои не се откажуваа ни од чест ни од доблест 

Во маката Македонска.

Но од денес знај, од сега до невидлив крај

Се додека има и домашно и увезено

Труење за тебе, ние ќе сме лекот, ние

Што сме векот твој, оти најдобро ти ја знаеме

Историјата на болката, ние ненаспаните

Но неуморни, умни и остарени, но како деца

Чедни што ти се радуваме

На секој знак на будење од коми и мори, од комори

Древни и современи. Со тебе сме, за тебе сме,

МАКЕДОНИЈО, ТЕ САКАМЕ!!!

Песната е објавена во изданијата:

  1.      Томе Богдановски, МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, шесто одделение, Просветно Дело, АД, Скопје, 2003, ISBN 9989-0-0325-4
  2.      Марија-Емилија Кукубајска, ЈАЗИКОТ НА ЗЕМЈАНИТЕ, епска поема, електронско издание,
  3.      Македонија, стр. 31, изд. Матица на Иселениците, Скопје, 1999

ЕМАРИ Институт, Штип, 2008, ISBN -13 978-9989-2935-5-93.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top