Историја

Грците предлагале Независна Македонија

Map-of-United-Macedonia

Map-of-United-Macedonia

Македонија – цела Румелија заедно со острови, т.е. територијата на цела етничка Македонија!

Јоанис Каподистрија барал и понудил Независна Македонска држава.

Интересно е да спомнеме дека и Руската империја, во октомври 1829 година, на состанокот на комитетот на царот Николај Први, донела одлука според која било истакнато дека во интерес на Русија е зачувувањето на Отоманската  империја.
(Зарем ова не е исто како своевремените изјави на амбасадорите на САД, СССР и на другите држави за зачувување на Југославија?)
Но, на оваа седница на руското раководство била разгледана и можноста за евентуално распаѓање на турската империја, при што бил разгледан предлогот доставен од тогашниот грчки национален деец Јоанис Каподистрија.
Овој предлог (во кој Македонија била замислена како самостојна држава), на состанокот го изнел рускиот министер за надворешни работи Дашков.
Во предлогот на Гркот Каподистрија било предвидено создавање на пет балкански држави доколку се случи пропаѓање на турската империја.
Овие држави биле дадени со своите имиња и граници.
Тоа биле:
1. Дакија (која требало да ги опфати кнежествата на Молдавија и на Влахија т.е. приближно териториите на денешна Романија и Молдавија);
2. Србија (која требало да ја опфати територијата на тогашната српска држава, со присоединување кон неа на дел од денешните територии на Бугарија и на Босна);
3. Македонија (која требало да ја опфати територијата на цела тогашна Румелија, заедно со околните острови, т.е. територијата на цела етничка Македонија и делови од денешна Бугарија, Тракија и Тесалија);
4. Епир (кој требало да ги опфати териториите на горна и долна Албанија);
5. Грција (наречена како “Област на Елините”, која требало да ја опфати територијата од реката Пена во Тесалија, сè до градот Арта, заедно со целиот архипелаг).
(Подетално за ова кај академик Блаже Ристовски:
“Историја на Македонската нација”, МАНУ, Скопје, 1999 год., стр. 10).

Од овој грчки предлог јасно се гледа дека тогашните национално свесни Грци, како најсеверна грчка област ја сметале Тесалија.
Освен тоа, Епир воопшто не бил сметан за грчка област, додека Бугарија никој ниту ја спомнувал.

Овој предлог има уште поголема тежина ако кажеме дека Јоанис Каподистрија не бил некој “обичен” грчки национален деец, туку тој бил првиот претседател на самостојната грчка држава!

Пред тоа, Каподистрија бил руски гроф и своевремено државен секретар за надворешни работи на Русија.
Подоцна, тој станал претседател на новооснованото грчко Народно собрание и на крај бил избран за прв претседател на самостојната грчка држава.

РУСКИ ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

На истиот овој состанок на руското раководство бил поднесен уште еден предлог, овој пат од рускиот гроф Булгари, кој предложил на Балканот да се создадат следниве држави:
1. Грција (со архипелагот, Самос и Крит);
2. Македонија (заедно со северниот дел од Албанија и дел од Тракија, сè до реката Марица);
3. Србија (заедно со Босна, за која држава побарал да биде протекторат на Големите сили); и
4. Териториите на Молдавија, Влахија и на Бугарија (како една држава), која требало да биде протекторат на Русија.
Академик Ристовски (од чија спомната книга ги презедовме овие податоци),
оправдано заклучува дека во тоа време во Европа, па и на Балканот,
немало јасна претстава за етничките граници на Балканот, а во овие
комбинации Бугарија била спомната само како дел од Србија, Романија или Русија.

А сега да се вратиме на историјатот на создавањето на современата грчка држава и нејзиниот развиток и територијално проширување.
Во периодот меѓу 1453 и 1460 година, територијата на денешна Грција била освоена од страна на султанот Мухамед Втори и таа била припоена кон Отоманската империја.
Во следните два века Отоманците војувале против Венецијанците и другите држави,
кои имале преостанати колонии на грчкиот брег.
Во 1669 година Османлиите го освоиле островот Крит, но таа година Венеција успеала да го завладее Пелопонез.
Во 1718 година Османлиите повторно го освоиле Пелопонез, по што грчката територија целосно останала под османлиска власт сè до XIX век.
Иако дел од Грците страдале под отоманскиот режим, сепак е факт дека многумина од нив имале разни привилегии во оваа држава.
Ова, пред сè, се однесува на Грчката црква, чиишто великодостојници (на чело со патријархот) имале големи привилегии и влијание во политиката на Отоманската империја.

Всушност, ова најболно го почувствувале токму Македонците, кога под влијание на грчкиот патријарх, султанот наредил укинување на Охридската архиепископија. Многумина Грци завзеле важни позиции во отоманската администрација, како службеници или политички советници (за ова подетално во светски познатата ЦД енциклопедија Mikrosoft Enkarta, 1988, наслов: Greece).

Првите посериозни знаци на грчкиот национализам се појавиле во средината на XVIII век и тие биле иницирани директно од Русија.
Како православна држава, Русија ги поттикнувала и ги охрабрувала православните Грци да се бунтуваат против отоманската власт.
Но, овие први обиди за будење на грчката свест останале без некој поголем успех.
Во 1770 година, рускиот гроф Орлов дошол со воени бродови на Пелопонез, со намера да предизвика востание на Грците, но без успех.

Извесен поттик во будењето на етничката свест на Грците и во желбата за свое ослободување дала и Француската револуција.
Тогаш, повторно под влијание на Русите, рускиот кнез од грчко потекло Александар Испиланти, во 1814 година создал тајна организација под името “Филики Хетерија” (Пријателска асоцијација) и во 1821 година кренал востание, кое брзо било задушено. Наредните три години Грците повторно дејствувале вооружено, но во својата борба биле речиси сосема сами, иако примале одредена материјална помош од неколку европски држави, кои веќе почнале да ги модулираат своите интереси на Балканот, заради евентуалното создавање на грчката држава.

Превземено од Лоза

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top