Историја

НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ЈУГОСЛАВИЈА ЧЕТИРИ РЕПУБЛИКИ СЕ СОГЛАСНИ: МОЖЕ СЕКОЈ ПО СВОЈОТ ПАТ, СОГЛАСНО НЕГОВАТА ВОЛЈА. СРБИЈА И ЦРНА ГОРА – НЕ

raspad-na-jugoslavija

raspad-na-jugoslavija

(Хаг, 5 декември 1991 год.)

”Најнапред, лордот (Царрингтон, н.б.) бара согласност  за Главата И. (“Општи одредби”) каде е внесена точка ц) , така што покрај “слободна асицијација на суверени  републики со меѓународен идентитет” е воведена и опцијата “заедничка држава на рамноправни републики од оние републики кои сакаат да останат во неа”. Четири републики се согласни: може секој  по својот пат, согласно неговата волја. Србија и Црна Гора – не! Пред секој од нас е хартија со потпис на Милошевиќ и Булатовиќ: тие Главата И . ќе ја прифатат ако во членот 1. Точката ц) се исмени така да гласи:

“Заедничка држава на рамноправни републики и нации кои сакаат да останат во Југославија како нивна заедничка држава”.

Освен тоа , бараат  да се внесе и точка г):“Во рамките на општото решение, континуитет и меѓународен субјективитет на Југославија како заедничка држава на републиките кои тоа го сакаат”.

Освен за нив, на сите им е неприфатливо. Со воведувањето на нациите се обидуваат постојните и  и новоизмислени “ краини” да се отцепат од матичните држави и да се приклучат кон “Југославија како нивна заедничка држава”. А кога инсистираат на “континуитетот”, искажуваат амбиција  да таквата  “Југославија,  како заедничка држава на републиките  и нациите” да остане единствен претендент не само на континуитетот и сукцесијата  на меѓународниот идентитет на досегашната Југославија, туку и нејзина наследничка.

Кога сите претседатели се изјаснија така како што се изјаснија, во сразмер 4:2, за збор се јави др, Костиќ:- не можете да зборувате , господине, бидејќи нелегитимно е телото со кое претседавате! ..Без право да говори, Костиќ   срдито излегува.

А лордот ја заклучува седницата. Нема потреба да се расправа за целината на документот би-дејќи нема согласност за Главата И. Лордот вели, после се ќе поднесе извештај до министрите за  надворешни работи на ЕЗ…”

С. Месиќ, Како је срушена Југославија…, стр.  306-307;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top