Историја

„Огледало“ за селаните и попот во тетовско

kiril-pejcinovic

КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ,  (1816 година)

kiril-pejcinovic„Гледам, во једни села, да чува Господ! Диб грубо! Ни христијани можам да ги наречем, ни пак неверници. Великиј петок и Велика субота јадат и пијат, у великиј пост хора играат… Давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден Велик-ден причесна чекаат. А попот узел – осом села попуат, каде понапред да стасат. Трчат од село на село со мензул (поштенски курир, н.б.) носит светии тајни.

А једни сиромаси христијани дури ги жалим, зошто само полдне стоат и чекаат попа да му донесе причесна. И викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било”! Другите пак велат: „Ајде да му се натепамо, ки (та, н.б.) уште еднаш да не се забават”! А једни чорбаџије што са, мало по зенгини (богати, н.б.) како кметинке, пак тија велат: „Не така, да го собрале вкуп – да идемо, да однесемо овен на агата или пашата, да му аливерисамо ќотек, јем да го напудимо, да земемо друго-того попа, ако е подалеку со куќата. Пак други кмет велит за друго того попа: „Каков флобар јест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават, ама помало земат, јем вересие пеет, чекат за паре со години. А другиот поп со Турци си земат хакот, ако му не платиш”.

Кој тако велит, кој другојаче аслиќелам (туку, н.б.) свите хулат на попот што им јест законик, што крстил во името Свети Троици и ги венчал, и ќе ги закопат и што им је татко и поголем од родител негов. Не постат како што се постит и на попа хулат, и причесна чекаат до полдне. И ја гешниј и недостојниј  во иеромонасе Кирил што сом погрешен от сите них много и много и прекомного, и уште грех сторих што ги осудих – создание и раби божји и браќа наши осудих – јер не се поносујем со них, да не даде бог, токо ги жалим јер ги учим, јер се молим Богу Христу спаситељу нашему, и молим да ги поставит на пуст истиниј и да ги извадит от темнину у виделина и вси христијани да спасит и нас помилует, амин; – и ја грешниј… И видох така каде зборат, видох, не берендисах и им рекох:

„Зошто христијани чекаме до полдне? Не ли, надробите леб и сипајте вино на лебец, да ни попа чекајте, ни пцујте го, ни тепајте го, ни глоба дадите стоката, јадите си ја сами, зашто на забит да ја дадете глоба? Тија ми велаат: „Попот што носит велиј ден, што ни дава нам тоа не јет леб и вино, токо јест крв Христова. Затоа и чекаме до полдне, зере сме чуле од стари – без неа не може човек да биде жив”?

Ја им велим: „Кој ви кажуе така, дали попот”? Тој ми велит: „Бре, попот досега никаква реч не ни казал, от негова уста това не излага никогаш. Њему кажи му со нас барабар да идет на свадби, на теферич, на хора, на лов, на сехер (забава, н.б.), на потера, на алиш-вериш (земање-давање, н.б.), да прекупи да препродаде, а за поучение ни мије го прашаме ни он сам ни кажует”.

И ја грешен гледам од обете страни кабает: и од христијаните, зошто не прашаат попа, и од попот зошто сам не ги поучует помало, колку јест кадир, колку знает, толку нека каже: гледам, касавет не му је за нуаријата (грижата, н.б.) што ја зел, на шија му виси”.

Кирил Тетоец Пејчиновиќ, Книга сија зовамаја Огледало…, Будим, 1816, стр.100-104; Кирил Пејчиновиќ, Собрани текстови, прир. Б.Конески, Скопје 1974; Крчовски-Пејчиновиќ, Избрани текстови, Скопје 1963, стр.74-75

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top