Култура и туризам

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“ ВО НЕЈПЛС, ФЛОРИДА

1bliz5

1bliz5

Во организација на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, на 05 октомври, 2023 година, во Нејплс, Флорида,се одржа промоција на монографијата „Луј Влашо – Американски син на Македонија“. Делото е животна приказна за Лу (Илија) Влашо, роден Американец со македонско потекло од Егејскиот дел на Македонија, познат, признат и доблесен бизнисмен во Соединетите Американски Држави. Затоа, Владата на Република Македонија го назначи за почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави во 2007 година.

Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е издание на „Македонска искра“  од Скопје, отпечатено по повод Новогодишните и Божикните празници во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии главни и одговорни уредници се новинарката Херит Хеитаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија. Пред присутните, меѓу кои имаше познати личности од американското општество, во ресторанот „Космос“ во Нејплс, монографијата ја  промовираше познатата личност меѓу македонското иселеништво господинот, Мето (Методија) Колоски, претседател на „Обединетата македонска дијаспора“ (ОМД), од Вашингтон, САД.

Господинот Колоски, меѓу другото рече: Монографијата „Лу Влашо – американски син на Македонија“  е животната приказна на семејството Влашо, која е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во САД, но и во пошироките простори на северно-американскиот континент. Лу, чие македонско име е Илија, е познат активист за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката мапа на САД. Животната приказна на семејството Влашо, истовремено, е и скромен дел од историјата на Македонците од Егејска Македонија, на Македонците во иселеништвото и на дедовската татковина – Македонија.

Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Лу (Илија) Влашо. Тој се залага за афирмација на етничка Македонија. Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во американскиот и во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации“, рече Колоски.

Инаку, Лу Вчашо (Lou Vlasho)  е роден и пораснал во Кентон, во државата Охајо, каде основал семејство и поголемиот дел од својата работна кариера го поминал во Трој (Troy), Охајо. Сега живее во Нејплс (Naples), во Флорида. Иако поголемиот дел од животот го посветил на својата кариера и на општествено корисна работа, тој никогаш не ја заборавил татковината на своите родители и дал значителни придонеси за Македонија и македонскиот народ..

Лу Влашо како методист по религија беше близок пријател на починатиот македонски претседател Борис Трајковски исто така методист. Тие како религиски истомисленици помогна во ширењето на визијата на Претседателот за Светската конференција за градење дијалог меѓу религиите во Македонија и во светот, која трае до денес. Повеќе од една деценија, Влашо беше активно вклучен во Годишниот национален молитвен појадок (НПБ) во Вашингтон, Д.Ц. и беше инструмент во воспоставувањето на Појадокот за гостите од Балканот. Заедно со неговиот личен пријател и поранешен сенатор од Охајо, George Воинович, тој беше ко-претседател на годишниот ручек, на кој присуствуваат над 100 лица годишно од Балканот.

Во знак на благодарност на Лу Влашо за неговиот ангажман за работата и напредокот на македонската кауза, Владата на Република Македонија го назначи за почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави во 2007 година. Почесниот конзулат беше отворен во Нејпл, Флорида, во февруари 2008 година. Таа е годината во која Лу Влашо беше награден со специјалниот крст на „Свети Станислав“ за добротворни услуги.

Исто така, Лу Влашо е почесен член на Советот на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД) и еден од добитниците на „Наградата за животно дело“ од ОМД  за неговиот придонес, особено помагајќи во развојот на првиот пратеник на Конгресменската пратеничка група за Македонија и проширување на македонско-американците односи, како и добивање на потребната поддршка од Конгресот за членство на Македонија во НАТО.

Лу Влашо (Lou Vlasho) е роден Американец, но Македонец по потекло од селото Брезница, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е интелектуалец, бизнисмен, хуманист, познат и признат во американското општество.Лу Влашој е познатиот Американец кој даде значителен придонес за македонската каузи и го посвети својот живот во служба на човечкото општество. Тој е едноставен човек кој направил се’ што може за животот во сите места каде што живеел да биде малку подобро место за живеење, а особено да придонесе за Македонците и Македонија

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top