Култура и туризам

ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО РИМ ВО 1986 – ДЕЛ I (38)

1por4

1por4

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Од 20 до 25 мај 1986 година во Рим се одржа манифестацијата „Во чест на свети Кирил”, што традиционално се организира вознакот на основоположниците на современата писменост, солунските браќа светите Кирил и Методиј. По тој повод, во светиот град Рим пристигна културна делегација што ја предводеше членот на Претседателството на СРМ академикот Матеја Матевски, а ја сочинуваа:

Владислав Радаковиќ, претседател на Покраинскиот комитет за наука и култура на САП Војводина, Цветан Станоевски, заменик на претседателот на Републичката комисија за културни врски со странство, Драган Драгојловиќ, претседател на Републичката комисија за односи со верските заедници и секретар на Републичката заедница на културата на СР Србија и д-р Коста Балабанов, директор на Музејот на Македонија и комесар на изложбата на икони.

Делегацијата на Македонската православна црква, пак, ја предводеше митрополитот австралиски г. Тимотеј во придружба на свештениците Спасе Стефаноски и Љупчо Двојаковски. Делегациите во Рим имаа средба со амбасадорот на СФРЈ во Република Италија и амбасадорот на СФРЈ при Светата столица, со што во духот на традицијата започна официјалниот дел на манифестацијата.

Потоа во галеријата „Ла Пиња” во Ватикан, д-р Коста Балабанов го одржа првото од двете предавања на тема: „Средновековните икони од ХI до XVII век во СРМ”. Исто така, д-р Коста Балабанво на Универзитетот во Рим го одржа второто предавање на тема „Новооткриените глинени икони на археолошкиот локалитет Виничко Кале во СРМ”, што беа проследени со соодветно внимание. Притоа, глинените икони предизвикаа посебна љубопитност како реткост и новина, кои за првпат излегуваат пред светската јавност. 

Исто така, трите концерти: солистичкиот на Јадранка Јовановиќ, оперска солистка од Белград и на Дејан Богдановиќ, виолинист од Нови Сад, како и настапот на Хорот на просветните работници „Св. Кирил и Методиј”, под диригентство на Тоде Радевски, што се одржаа во концертната сала во тврдината „Сан Анџела”, и дадоа позитивен белег на манифестацијата.

Најзначајна средба на целата делегација беше приватната аудиенција кај папата Јован Павле II, која според ватиканскиот протокол е од највисок ранг, а се одржа во приемните простории на Ватикан, каде што по традиција во сите вакви досегашни средби нашите делегации биле примени од високодостојници на Светата столица.

1por44

Ватикан

Според сознанијата, тоа е првпат папата да ја прими во таква посебна аудиенција југословенската културна делегација и делегацијата на Македонската православна црква заедно со амбасадорот при Светата столица Ш. Цигој, а и првпат да се дозволи на една странска ТВ екипа да ја сними таа средба. Овој прием и неговото ниво покажа дека Ватикан им давапосебно значење и на манифестацијата и на изложбата на иконите.

Во таа свечена пригода, академик Матеја Матевски изрази благодарност за приемот, а посебно за укажаната можност Ватикан да ја прими изложбата на иконите и пресретливоста кон манифестацијата.Тоа е знак на добрите односи со Ватикан, како и знак на високата оценка за културната вредност на експонатите и културната комуникација меѓу народите, што придонесува во меѓународното заемно разбирање и зачувување на мирот во светот. Македонскиот народ, нагласи Матевски, живо ја негува кирилометодиевската традиција која е во корените на словенската и македонската култура.

Обраќајќи им се на двете делегации, папата Јован Павле II го подвлече значењето на кирилометодиевската традиција и во поздравите и говорот до делегацијата изрази благодарност поради чествувањето на свети Кирил и свети Методиј чија улога за христијанството кај Славените имаат голема заслуга, за што и се прогласени од папата за созаштитници на Европа, покрај Бенедикт. Притоа, папата изрази благодарност што се одбележува 1100-годишнината од доаѓањето на Климент Охридски во Охрид, додека за иконите папата изјави дека тие се голема вредност на традициите на словенската и грчката црква и се заблагодари што се донесени и презентирани во Ватикан.

Откако ја прими како подарок книгата „Уметничкото богатство на Македонија”, поглаварот на Римокатоличката црква му посака на македонскиот народ, врз своите сопствени корени, а тоа се корените на учителите свети Кирил и Методиј и нивнте ученици светите Климент и Наум Охридски, да ја гради и да ја унапредува својата сопствена македонска култура.

Третиот ден од манифестацијата, главно, помина во знакот на приеми и официјални разговори на двете делегации со нивните домаќини, а во Ватикан беше одржана и конференција за печат, на која за годинешните „Денови” зборуваа д-р Коста Балабанов и Цветан Станоевски.

Потоа високи личности од Ватикан приредија ручек во чест на двете делегации. Вратите на престолнината на Римокатоличката црква, тогаш, тие денови, се отворија и педесет и двата бисера на средновековната македонска уметност се најдоа во прекрасната сала на папата Пие V, сала која се наоѓа во непосредна близина на Сикстинската палата на чии сводови Микеланџело оставил дел од своето генијална уметничко дело и уште стотици такви дела што им припаѓаат на различни векови и разни уметници и каде што секојдневно минуваат десетини и стотици илјади намерници, од целиот свет. Ете тука, меѓу тоа огромно богатство кое по својата бескрајна вредност му припаѓа на сето

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top