
Р. Христовска
ВРЕМЕ БЕЗ ВРЕМЕ
Ја загледуваш одблизу
барајќи и’ во очите
траги од таги
што бележат години.
Ти се насмевнува
и веќе забораваш
колку беа твоите.
Во очите нејзини
по којзнае кој пат
повторно се раѓаш.
Тука времето запира
и ви се поклонува.
И времето нема време
да чека да го бројат
оние кои му пркосат.
Ве остава гушнати
и заминува без вас
некаде далеку
каде што го мерат
и бројат до крајот,
до пеколот или до рајот.