Култура и туризам

СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „23. ПЕЛАГОНИСКИ КУЛТУРНО – НАУЧНИ СРЕДБИ“ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

1god3

1god3

На 14. Ноември 2023 година во Општината Новаци се одржаа „23. Пелагониски културно-научни средби“, на кои беа доделени наградите “Повелба за животно дело“ на проф. д-р Осман Кадриу, наградата “Златен клас за македонски вознес“ на Снежана Алексиќ – Станојловиќ од Нови Сад , Република Србија, а признанието „Панде Манојлев“, кое годинава првпат беше воведено му се додели на Филип Димкоски од Прилеп. Исто така беше промовиран и Зборникот бр. 18 од Средбите во 2022 година. 

Овогодишната манифестија „Пелагониски културно-научни средби“, кои се формирани во 2000 година во Општина Новаци, се одржа по 23. пат пред голем број присутни во прекрасната сала на Општина Новаци. Меѓу нив имаше голем број носители на различни активности, познати писатели и културно – научни активисти, кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на истите.  

Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. „Пелагониските културно-научни средби“ се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври

Инаку, иницијативата за формирање на манифестацијата „Пелагонски културно-научни средби“ при Општина Новаци, Битолско, потекна од група ентузијасти: писатели, научни работници и културни творци, кои имаат желба да придонесат во афирмацијата на литературните, културните, образовните, историските, фолклорните, археолошките, етнолошките и сите други можни вредности, создавани на почвата на оваа општина или создадени и се создаваат од личности кои потекнуваат од неа.

Оваа иницијатива е озваничена на 20 септември 2000 година во Матичната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола, кога официјално се конституира нејзиниот Иницијативен одбор и кога е избрано раководното тело на Средбите, Извршниот одбор ја организираше „Првата пелагонска културно-научна средба“, која се одржа на 5 и 6 мај 2001 година во мнастирот „Свети Ѓорѓија“ над живописното село Паралово,

Општина Новаци ја продолжува традицијата долга 23 година како домаќин на „Пелагониските културно-научни средби“. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови од различни области и научни зборници

Градоначалникот  на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин и годинава свечено го отвори овој настан и на присутните им порача дека Општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува „Пелагониски културно-научни средби“,  и во иднина.

1god33

Дел од присутните на овогодишната Средба

„Бидејќи, овие средби имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 23 година и оваа традиција ќе ја продолжиме и понатаму. Особено се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, презентација на научни трудови и афирмација и поддржување на жените автори и младите дејци“, рече  градоначалникот на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски. 

Инаку, манифестацијата  „Пелагониските културно-научни средби“ ја раководи Совет од повеќе легално избрани личности. Членови на Советот се познати писатели, поети, универзитетски професори и бројни научни творци. Советот на своја седница го анализира творештвото на секој автор и донесува Одлука.

Овогодишните средби започнаа со комеморативни моменти за неодамна починатиот проф. Ѓорѓи Лазаревски, кој беше успешен претседател на Средбите долги години.. Текстот за проф. Лазаревски го подготви и го читаше Ристе Котевски, член на Советот на Средбите.

Манифестацијата „23. Пелагониските културно-научни средби“  традиционално ја отвори градоначалникот на општина Новаци, г-н Стевче Стевановски, а пригодна реч кон 23 средби имаше претседателот на средбите д-р Весна Калпаковска, која ги поздрави и им се заблагодари на присутните и на сите учесници кои учествуваат со свои трудови на Средбите.

Инаку, во свечениот дел од Средбите се доделија 3 признанија „Повелба за животно дело“ што му беше врачена на проф. д-р Осман Кадриу, актуелен судија во Уставен суд на Република Македонија, кој во својата кариера бил професор во неколку правни факултети во државата по предмети од правото. Тој објавил 9 книги, повеќе од 100 научни и стручни текстови, а е и повеќегодишен учесник на „Пелагониските културно-научни средби“ .

Признанието „Златен клас за македонски вознес“ оваа година и’ беше доделено на поетесата Снежана Алексиќ – Станојловиќ од Нови Сад, Република  Србија, која пишува поезија на македонски и на српски јазик и има голем број препреви од македонска поезија на српски јазик.

Признанието „Панде Манојлов“ , пак, кое годинава првпат беше воведено му се додели на младиот поет и публицист од Прилеп, Филип Димкоски.

Исто така, во свечениот дел од Средбите се промовираше Зборник бр. 18 од минатогодишните средби, чие печатењето го поддржа Општина Новаци. Промотор на Заборникот беше Заменик претседателот на „Пелагониските културно-научни средби“  младата истакната поетеса Биљана Димко.

Во работниот дел од Средбите присутните учесници накратко ги образложија своите печатени трудови секој во својата област. И оваа година, како во минатите години, имаше учесници од разни области: психологија, литература, ветерина, историја, географија, општествени науки. Присутните писатели и поети исто така ги претставија своите трудови подготвени за овогодишните „Пелагониските културно-научни средби“ , кои со своите прилози ја збогатуваат и осветлуваат содржината на Битолскиот крај како културно-историска ризница..

Со тоа мманифестацијата „Пелагониските културно-научни средби“ успешно ја продолжува својата работа благодарение на големиот ентузијазам на голем број творци и поддржувачи што се добива од Општина Новаци. Во овие 23 година опстојување на  „Пелагониските културно-научни средби“, меѓу другите, треба да се нагласи  безпрекорнара посветеност на претседателите:  д-р  Цане Здравковски, Благоја Таневски, Ѓорѓи Лазаревски и актуелниот претседател  д-р  Весна Калпаковска.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top