Култура и туризам

Македонскиот рубин е национална скапоценост

nakit

nakitМакедонскиот рубин го носат голем број познати ѕвезди од светот на филмот и на музиката. Примерок од нашиот рубин имаат Дерил Хана и Катрин Денев, кои гостуваа на фестивалот „Браќа Манаки“. Македонски рубин има и папата во Ватикан, како и голем број државници кои биле во посета на Македонија.  Деан Шкартов – Деко открил дека го има кај нас. Развил технологија на негова обработка и го комбинира со филигран.

Шкартов во 2002 година ја отворил првата продавница за кристали и за скапоцени камења. Во почетокот промовирал кристали и камења од странство. Продавал кристали од некои светски наоѓалишта. Меѓу нив бил малахитот од Африка, жадот од Јужна Америка и други скапоцени и полускапоцени камења од странство.

– Во светот постојат одредени области специфични по некој минерал, кој може да стане имиџ за земјата во која има такви наоѓалишта. Таков е примерот со австралискиот опал, со чешкиот гранат, со тиркизот од Аризона, ахатите од јужна Америка – вели Шкартов.

По извесно време самите муштерии почнале да му бараат кристали и камења, кои ги има во нашата земја. Оттука и идејата да промовира некој наш минерал. Индикации за постоењето на македонскиот рубин имал уште во 90-тите години. кога живеел и работел во Италија. Тогаш и почнал да ја осознава структурата на кристалите и на благородните камења.

– Периодот кога ја отворив првата продавница за минерали беше во ек кампањата „Купувајте македонски производи“. Често се случуваше да ме прашаат дали има некој минерал од Македонија. Тогаш некако со потсмев гледав на тие прашања. Си мислев дека не е можно волку мала земја да има наоѓалишта какви што има во големите земји. Шкартов бил сомничав и поради неинформираноста на луѓето за минералите.

–  Таа муштериите ги става во некакви рамки, па за секое црвено камче мислат дека е рубин, за секое зелено – дека е жад, а  за секое сино дека е сафир. Затоа и бев скептичен дека македонскиот рубин, кој има светло розова боја, ќе биде прифатен кај муштериите – открива Шкартов.

– Потоа се прашував ако овој природен минерал што го има во Прилепско е навистина рубин, зошто досега не бил откриен и промовиран – вели Шкартов, кој направил неколку светски анализи на рубинот. Тие покажале дека македонскиот рубин не е со највисок квалитет, но сепак е рубин.

– Рубинот е еден од четирите најпознати скапоцени камења во светот. Кај нас досега немало традиција на обработка на овој минерал. Во минатото позастапено било кујунџиството и изработката на метал, но не и на изработката на скапоцени камења.
Откако Шкартов дознал дека имаме рубин, постојано се информирал и истражувал. Така стигнал до македонскиот рубин. Тој во 2008 година го заштитил името македонски рубин.

– Овој минерал Шкартов до перфекција го обработува во својата мини-лабораторија. При обработката, освен искуството стекнато во Италија внесува и многу љубов. Најчесто го комбинира со филигран – сребро, но и со бело злато и со злато.

Според него, Македонија е пребогата со ретки минерали, кои земјава може да ја направат уште поспецифична. Но за тоа е потребна и голема промоција кај нас и во странство. Амазонитот е следниот македонски камен, кој треба да стане препознатлив скапоцен камен од Македонија.

– Конечно можеме да си ги заштитиме овие богатства и по извесно време светот да нe препознава по нив – вели тој.

Шкартов открива дека од земјава со децении се изнесувале минерали, кои биле нудени на светските берзи. Тогаш не се обрнувало големо внимание на изнесувањето на минералите од кај нас зашто во сферата на рударството и минералогијата првенствено било задоволувањето на индустриските потреби. Тогаш не била развиена свеста за промовирање на земјата преку јувелирските минерали.

– За геолозите највоодушевувачки момент е кога ќе најдат скапоцен или полускапоцен камен. Македонскиот рубин е единствен во регионов – вели Шкартов. 

Тој потекнува од метаморфните доломити, создадени во периодот прекамбриум – од почетокот на создавањето на планетата до пред 600 милиони години. Тоа се едни од најстарите карпи. Шкартов неодамна отвори уште една продавница за кристали и полускапоцени камења во центарот на Скопје.

– Се надевам дека од ова култно место – „Рекорд“, кое беше собиралиште на голем број генерации, ќе успеам да ја ширам приказната за македонскиот рубин. Би сакал таа од срцето на градот да допре до целиот свет – вели Дејан Шкартов.

Светлана К. Симоновска

Превземено од Дневник

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top