Култура и туризам

ДВАЕСЕТ И ТРЕТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 1991 ГОДИНА (46)

1ata23129

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН1ata23129

И во 1991 година  денот 24 мај, македонскиот народ и Македонската православна црква го прослави во Рим во базиликата „Свети Климент” и им се оддаде почит со голема благодарност на светите Кирил и Методиј за нивното дело кое ги издигнаа на светители. Тоа уште еднаш ги потврди можностите за афирмирање на македонските културни и духовни дострели во средина како што е Италија, каде што на овој план се зацртани богати традиции. Ваквите релации добиваат посебно значење со фактот што поклонението во Рим се одржува во чест на рамноапостолите свети Кирил и Методиј Солунски.

Оваа година во Рим допатува државна делегација само од Република Македонија, во која беше приклучена и делегација на Македонската православна црква. Имено, со новонастанатите услови на поранешните југословенски простори се формираа нови држави, меѓу кои и Република Македонија, со што престана заедничкиот настап во Рим.

Во состав на државната делегација беа академик Блаже Ристовски, потпретседател на Владата на Република Македонија, како шеф на делегацијата, а членови беа: академик Властимир Николовски, д-р Борис Петковски, професор на Филозофскиот факултет, Александар Димитров, заменик во Министерството за односи со странство, како секретар на делегацијата и Аленка Лапе како преведувач. Црковната делегација, пак, ја предводеше повардарскиот митрополит Михаил, во придружба на протоѓаконот Александар Цандовски, личен секретар и шеф на кабинетот на поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство г. г. Гаврил.

Свеченото оддавање почит беше одржано на денот на свети Кирил и Методиј, на 24 мај, длабоко во катедралата „Св. Клемент”, токму каде што и сега постојат остатоци од ранохристијанска црква од четвртиот век.

Церемонијата започна со пеење на тропарот за светите Кирил и Методиј и за свети Климент Охридски уште во горниот дел на црквата. Во тие свечени мигови, заменик-премиерот академик Блаже Ристовски положи венец на гробот на св. Кирил, а митрополитот Михаил, во придружба на протоѓаконот Александар Цандовски и хорот на Ориенталниот институт „Русикум ” го отслужи молебенот. На отпустот митрополитот Михаил го одржа своето слово, при што го истакна големото и значајно дело на овој македонски сесловенски светител и просветител.

Во вториот работен дел од посетата на делегациите во Рим, треба да се истакнат средбите со повеќето претставници на разни институции на Италија и Ватикан. Државната делегација беше примена и имаше мошне плодотворни разговори во италијанското Министерство за трговија, потоа во Министерството за надворешни работи, во Комисијата за културни врски и во италијанскиот Парламент. Мошне успешна беше посетата на државната делегација што ја направи на Ватикан, каде беше примена во приватна аудиенција од папата Јован Павле II.

Притоа на папата му беше подарен македонско-полски и полско-македонски речник што неодамна беше објавен на што тој мошне срдечно се заблагодари. Исто така, државната делегација водеше мошне значајни разговори и со министерот за надворешни работи на Ватикан, при што беа разгледани односите меѓу Ватикан и Република Македонија кои добро се одвиваат во последните години.

Во текот на престојот од 21 до 24 мај, црковната делегација посети повеќе понтификални институции, меѓу кои Ориенталниот институт, Понтификалниот колеџ „Русикум”, Секретаријатот за единство на христијаните и југословенската амбасада во Светата столица. Меѓутоа, средбата со папата Јован Павле II ќе остане во трајно сеќавање. Тоа беше една јавна аудиенција пред многу народ, кој се радуваше што гледа еден православен владика заедно со поглаварот на Римокатоличката црва. Притоа беше констатирано дека врските што постојат во еден подолг период меѓу Ватикан и Македонската православна црква се мошне корисни и треба и во иднина да се негуваат. При таа пригода на папата Јован Павле II му беше врачена Библијата како целосно издание во превод на современ македонски литературен јазик.

1ata231290

Рим

На 24 мај 1991 година Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Гаврил му упати посебно писмо на Неговата Светост папата Јован Павле II во Рим, со кое го известува за современиот македонски превод на Библијата. Црковната делегација му ја предаде Библијата на папата Јован Павле II.

Славе Николовски – Катин „Македонските православни црковни општини во Австралија, САД и Канада”, „Нова Македонија”, Скопје 1991.

Во неа се вели дека во нашето духовно и културно живеење последните години сé поевидентен е недостигот од еден, макар и глобален, преглед: од појавата на македонските православни црковни општини до современиот црковен живот на македонските доселеници во прекуокеанските земји, САД, Канада и Австралија. Активното духовно и културно-просветно живеење на Македонците во дијаспората разгледува, навистина, во определен обем и време, низа суштински прашања што се однесуваат на вистината за Македонската православна црква и за македонскиот народ во минатото и за сегашните состојби во македонските православни општини надвор од Република Македонија.

Со овој труд се настојува да се осветли историскиот и развоен пат на македонските православни црковни општини и на македонските доселеници во прекуокеанските земји, поточно да се посочи она место во македонската црковно – национална историја за кое се избориле самите македонски иселеници.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top